Тест за бременост
Term | Main definition |
---|---|
Тест за бременост | Соновите со тест за бременост најчесто се јавуваат кај идните мајки или жените кои сакаат да имаат деца, но и кај идни татковци и мажи кои сакаат да создадат семејство (иако кај мажи е поретко). Што значи ако сонувате тест за бременост?Понекогаш овој сон може да биде женска интуиција која кажува дека личноста забременила. Тестот за бременост на сон сугерира на големи промени кои не е нужно да бидат врзани со бременост или раѓање. Ако сте сонувале дека добивате тест за бременостАко сонувате дека ви даваат тест за бременост, го купувате во аптека и го правите, тоа е врзано со работите за кои се сомневате дали ќе се случат во реалноста. Ако сте жена која планира бременост, сонот е јасен, сакате да знаете дали и кога ќе се случи истото. За ова може да сонува и идниот татко. Ако правите тест за бременост на сон, а не се чувствувате добро во сонотОчекувате дека ќе се случат некои работи, но не сте многу сигурни за истите. Можеби со партнерот размислувате да имате деца, но се уште не сте сигурни во одлуката. Може и да се сомневате дали вашиот партнер е вистинскиот. Ако сонувате дека не сте го дознале резултатот од тестот за бременостОва значи дека не сте спремни да се соочите со некоја вистина во реалноста. Можеби не сте подготвени да се соочите со последиците за нешто што сте го направиле во реалниот живот. Ако сонувате позитивни резултати од тест за бременостАко планирате семејство, ова може да ве охрабри и да се чувствувате подобро. Сонот може да е добар знак за бременост. Ако моментално пак немате никаква врска со бременост во реалноста, позитивен тест за бременост е добар знак за вашата работа. Вашите напори се исплатат и ќе бидете наградени. Ако сонувате негативни резултати од тест за бременостСонот означува страв од загуба или дека нешто лошо ќе се случи. Доколку негативниот резултат ви донел олеснување, тогаш не сте подготвени за големи промени во животот. |