Светски чуда
Term | Main definition |
---|---|
Светски чуда | Кога на сон ќе ја видите Кеопсовата пирамида тоа значи дека трудот, работата и упорноста ќе ви се исплатат. Што значи да сонувате некое од светските чуда?Кога на сон ќе ја видите Кеопсовата пирамида тоа значи дека трудот, работата и упорноста ќе ви се исплатат. Ако ги сонувате висечките градини во Вавилон тоа укажува дека ќе запознаете личност која ќе ве воодушеви со своите ставови и начин на размислување. Ќе сакате што повеќе време да поминувате заедно. Статуата на богот Зевс на Олимп симболизира желба да се збогатите. Мечтаете да имате доволно пари за да не работите до крајот на животот. Иако овие желби се многу примамливи, ќе мора да ги засукате ракавите ако сакате да ви се оствари во некоја прилика. Ако на сонот го видите храмот на Артемида во Ефес тоа значи дека ви треба рамо за плачење. Веројатно се чувствувате осамено и имате чувство дека никој не ве разбира. Пријателите со кои порано сте разговарале за многу нешта сега се зафатени со сопствените грижи и проблеми, а членовите на семејството сметаат дека сте желни за внимание. Тоа имплицира дека од оваа криза ќе мора сами да се извлечете. Мавзолеумот во Халикарнас укажува на тоа дека не можете да ја прежалите загубата. Може да се однесува на емоционална или материјална загуба, која многу ве погодила. Ќе размислувате за тоа што сте можеле да направите за да го спречите тоа. Често се обвинувате себеси и свесни сте тоа е погрешно. Бидејќи сте во процес на жалење, ќе мора да бидете трпеливи за да ги поминете сите фази на процесот. Обидете се да разговарате со некого во кого имате доверба. Кога ја сонувате статуата на Колос од Родос потсвеста ве предупредува дека премногу и се восхитувате на личноста која не е заслужна за тоа. Веројатно тој/таа ве усвоил/а со некоја своја карактеристика или дело, па сте почнале да го/ја идеализирате. Немојте да идеализирате бидејќи би се разочарале кога ќе ви го покаже своето вистинско лице. Ако на сон го видите Александрискиот светилник тоа укажува на некоја опасност. Можеби некој ќе се обиде да ве измами или ограби. Обрнете внимание како се однесуваат луѓето во ваше опкружување. Не обвинувајте без докази, но немојте на сите да им ги кажувате вашите планови, идеи и тајни. |