Срна

Term Main definition
Срна

Во зависност од контекстот на сонот, може да означува немир, зацврстување или подобра иднина.

Што значи да сонувате срничка?

Срна е чест термин во соништата кај децата, а редок кај возрасните. Сонувањето срна може да има цела низа значења, па така можно е  да симболизира мир, да означува несигурност, но и симболика на зацврстување и растење.

Ако сонувате срна во природа

Ако во сон гледате срна во природа, тоа симболизира мир. Веројатно во последно време се чувствувате подобро од кога било и многу сте задоволни со својот живот. Научивте да уживате во малите нешта што го разубавуваат вашето секојдневие.

Се трудите да си угодувате и не дозволувате неважни луѓе и работи да ви го расипат расположението. Размислувате посериозно да се посветите на своето хоби и да стекнете нови знаења од области што ве интересираат.

Ако сонувате срна на мраз

Доколку во сон гледате срна на мраз, тоа укажува дека сте несигурни. Можно е да  имате впечаток дека многу работи во вашиот живот излегуваат од контрола. Очекувате другите да ги решат вашите проблеми без да сфатите дека, пред сè, мора да се потпрете на себе и јасно да ги дефинирате резултатите што сакате да ги постигнете.

Често размислувате за неуспеси и тоа дополнително ве обесхрабрува и ве спречува да донесувате одлуки кои се важни за вашата иднина.

Ако сонувате дека сте исплашиле срна

Кога во сон ќе исплашите срна, тоа подразбира дека ненамерно ќе повредите некого. Веројатно ќе ја излажете саканата личност со цел да ја поштедите од непријатности и нервирања. Иако така ќе постапите со најдобри намери, односната личност ќе се налути и ќе ѝ треба време да ви прости и да ви верува како некогаш.

Од ова искуство ќе научите дека е најдобро да се каже вистината, затоа што таа секогаш излегува на виделина.

Ако сонувате дека вие сте се исплашиле од срна

Доколку во сон вие сте се исплашиле од срна, тоа укажува дека ќе пропуштите добра шанса. Може да се случи да бидете во прилика да остварите долгогодишен  сон, но недостигот на храброст ќе ве спречи во тоа. Често ќе размислувате што би се случило кога би оделе до крај и ќе бидете убедени дека вашиот живот ќе беше многу подобар ако не се откажевте.

Ако сонувате дека бркате срна

Ако во сон бркате срна, тоа значи дека ќе се обидете да направите нешто со сила. Можно е вие и партнерот/ката да немате исти планови за иднината, па ќе се трудите  да го/ја убедите дека сте во право и да постапува онака како што му/ѝ предлагате.

Ќе сметате дека тоа е најдобро за вашиот однос, но единственото нешто што ќе го постигнете е тој/таа да се повлече уште повеќе во себе.

Ако сонувате дека ловџија брка срна

Доколку во сон ловџија брка срна, тоа подразбира дека ќе бидете мета на злобници. Може да се случи некој да сака да ви наштети иако не сте му/ѝ направиле ништо за да го повредите. Ќе се обидете да ја дознаете причината за таа нетрпеливост, но ќе дојдете до заклучок дека проблемот не е во вас, туку во односната личност.

Ќе создадете одбранбен механизам и нема да дозволите неговите/нејзините постапки да ве погодат.

Ако сонувате дека вие сте убиле срна

Ако во сон вие убиете срна, тоа укажува дека ќе зацврснете. Веројатно ќе ве повреди личност за која се грижите, по што ќе промените многу ставови. Нема веќе  лесно да им верувате на луѓето, туку внимателно ќе ги проценувате врз основа на нивните постапки.

Може да се случи да поставите високи критериуми, така што ќе можете да ги изброите на прстите на едната рака оние на кои секогаш можете да се потпрете.

Ако сонувате дека ловџија убил срна

Кога во сон ловец убива срна, тоа означува траума. Можно е да ви се случило нешто во минатото од кое сè уште не успевате да заздравите. И покрај тоа што се трудите да не размислувате за тоа, вие сте потсвесно оптоварени и сфаќате дека нема да можете да продолжите понатаму сè додека не се соочите со стравовите и не ги победите. 

Ако сонувате дека милувате срна

Доколку во сон вие милувате срна, тоа укажува дека ви е потребна нежност. Можно е да оставате впечаток на студена личност, но всушност сте многу ранливи и желни за љубов. Вие сте неповерливи, па затоа претпочитате да се претставувате како „челична дама“ и со тоа да се заштитите од потенцијалните разочарувања.

Ако сонувате срна во зоолошка градина

Ако во сон гледате срна во зоолошка градина, тоа подразбира дека некој од вашето опкружување страда. Веројатно се работи за личност која ви е многу драга, но ништо не можете да направите за да ѝ помогнете. Поради тоа се чувствувате многу лошо, но во нејзино друштво секогаш се трудите да бидете позитивни и добро расположени.

Ако сонувате дека сте пуштиле срна на слобода

Кога пуштате срна на слобода тоа значи дека не се мешате во туѓите одлуки. Вие сте ненаметлива личност која смета дека секој има право на свој избор. Никого не  принудувате да го прави она што не сака да го прави, па затоа не се согласувате ниту другите да ви наметнат свое мислење.

Срна е животно кое главно живее во шумите на Централна Европа.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg