Срам
Term | Main definition |
---|---|
Срам | Да доживеете срам во сон предупредува на непромислена постапка. Што значи да сонувате срам?Ако доживеете срам во сонАко во сон доживеете срам, тоа предупредува на непромислена постапка. Можно е дека ќе направите нешто што ќе ви се удри од глава и ќе предизвика последици какви што не сте очекувале. Луѓето кои ви се блиски бурно и негативно ќе реагираат и ќе ве обвинат дека само мислите на себе. Ќе сфатите дека сте погрешиле, но ќе биде доцна да се повлечете и побарате прошка. Ако други доживуваат срамКога сонувате дека други доживуваат срам, тоа подразбира дека ќе морате да направите тежок избор. Веројатно вашите родители или пријатели ќе се скараат и ќе ве стават во незгодна ситуација да морате да се одлучите чија страна ќе ја заземете. Ќе се најдете во незгодна ситуација затоа што двете страни ќе ве убедуваат дека се во право и ќе се лутат доколку им го кажете вашето искрено мислење кое се коси со нивното. Исто така, срам може да означува дека се плашите од туѓото мислење и често избегнувате големи друштва за да не морате со некого да влезете во конфликт. Не сакате да ја напуштите вашата комфор зона, па поради тоа пропуштате многу убави случувања. Другите сметаат дека сте незаинтересирани и не насетуваат во што е проблемот. Толкувањето на ваквите соништа зависи од контекстот во кој се одвивале, деталите и чувствата кои ги следат. Во текот на сонот можете да се чувствувате непријатно, загрижено, посрамено и разочарано, но тоа не значи дека ваквите соништа нужно имаат негативно значење. Ако сонувате дека партнерот ве посрамотилВаквиот сон укажува на тоа дека ја губите вербата во саканата личност. Веројатно сте дошле до заклучок дека околу многу работи воопшто не се согласувате и ви се чини погрешно да останете заедно. Меѓутоа, морате да му/ѝ дадете шанса да ви докаже дека не сте во право. Ако се испостави дека тој/таа нема волја или желба да ви покаже дека ве сака и почитува, „пресечете“ и прекинете го таквиот однос. Ако сонувате дека вие сте го посрамотиле партнеротАко сонувате дека вие сте го посрамотиле партнерот/ката, тоа значи дека се плашите дека не сте доволно добри за него/неа. Овој страв произлегува од вашата несигурност во сопствените квалитети и не е втемелен во реалноста. За да го решите, поработете на самодовербата, размислете за своите позитивни особини и едноставно - потрудете се да се засакате себеси. Во спротивно навистина би можеле да ја загрозите вашата врска или брак. Ако сонувате дека родителите ве посрамотилеКога сонувате дека родителите ве посрамотиле, тоа подразбира дека не им посветувате доволно внимание. Моментално сте во фаза кога имате многу обврски во училиште или на работа, па повеќе сакате слободното време да го поминувате со партнерот или пријателите, а тоа сосема сигурно тешко им паѓа на вашите родители. Променете ја оваа грда навика затоа што во иднина би можеле да се каете поради своите постапки. Доколку сонувате дека сте ги посрамотиле своите родители, тоа симболизира мрзеливост. Веќе некое време обврските, задачите и проблемите ги ставате под тепих надевајќи се дека тие чудесно ќе исчезнат. Од мрзеливост сте станале многу неодговорни и немарни спрема другите и себеси. На вашиот партнер/ка тоа почнува да ѝ пречи, а кога ќе ви се пожали вие дигате голема бука за да го/ја разуверите. Таквото однесување е незрело и што побрзо тоа го сфатите помалку проблеми ќе си предизвикате. Ако сонувате дека децата ве посрамотилеВакви соништа се прилично чести кај лица кои се загрижени за своите деца. Произлегуваат токму од стравот за нивната иднина, и стравот дали како родители сте направиле добра работа. Морате малку да се опуштите и некои работи да ги пуштите да одат по својот тек. Ако погрешат, немојте да носите радикални одлуки, сослушајте ги, посоветувајте се и пружете поддршка. Тоа е она што тие од вас го очекуваат. Ако сонувате дека сте ги посрамотиле своите децаСон во кој сте ги посрамотиле сопствените деца симболизира страв од старост. Можно е неодамна да сте прославиле роденден или сте биле на прослава на роденден па „откритието“ колку имате години едноставно ве „запрепастило“. Тоа е сосема нормална реакција и за мажи и за жени и, што е најдобро, тој страв е најчесто минлива фаза. Уживајте во искуството и убавите моменти кои вашите години ви ги донеле. Ако сонувате дека сте се посрамотиле на работаИ ова е чест сон кај лица кои многу работат или се загрижени за своето работно место. Директна се последица на тие грижи кои од јаве сте ги пренеле на сон. Можно е да се сомневате дека не сте доволно компетентни за работата со која се занимавате или ви недостасува самодоверба. Тоа е нешто на што човек треба да работи цел живот, а најлесно се стекнува со искуство и постојано усовршување. Ако сонувате дека колегата ве посрамотилДоколку сонувате дека колегата од работа или факултет ве посрамотил, тоа значи дека не умеете да се носите со конкуренцијата. Секоја личност за која ќе се покаже дека е добра во својата работа вие ја гледате како закана. Таквото размислување е последица од огромни амбиции и натпреварувачкиот дух кој го поседувате. Меѓутоа, ваквиот начин на размислување во вашата, но и во секоја друга работа е погрешен. Држете се до зацртаните цели и времето ќе покаже кој е повреден, подобар или поинтелигентен работник. Ако сонувате дека вие сте го посрамотиле колегатаАко сонувате дека сте го посрамотиле колегата од факултет или од работа, тоа значи дека ќе се најдете во многу незгодна ситуација. Ќе морате да „арбитрирате во спорот“ помеѓу две личности кои ви се подеднакво драги. За исправно да ги „измерите фактите“ и ја отстраните секоја можност некого да оштетите, ќе се потрудите што повеќе да се информирате за тој „случај“. Ќе употребите разни тактики и дипломатски трикови за да донесете одлука, без поради тоа да ја изгубите наклоноста на „поразената страна“. Ако сонувате дека сте се посрамотиле во сопствениот домКога сонувате дека сте се посрамотиле во сопствениот дом, потсвеста ве предупредува да поработите на своето однесување. Со некои зборови или дела сте ги повредиле личностите кои ве сакаат и почитуваат. Колку и да се трудите тоа да го исправите и да покажете дека ви е жал, таквите работи оставаат „лузни“ кои тешко зараснуваат. Следниот пат бидете повнимателни, па нема да се каете подоцна. Ако сонувате дека сте се посрамотиле на јавно местоВакви соништа симболизираат страв и трема од јавен настап. Веројатно ќе се најдете во ситуација да морате да зборувате пред поголем број луѓе. Без разлика што темата ја „имате во малиот прст“ нема да ви биде едноставно за неа опуштено да зборувате додека ве гледа и слуша маса луѓе. Сепак, верувајте во себе и не размислувајте за тоа што би можело да тргне на лошо. Тоа е единствен рецепт да ја совладате тремата. Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте доживеале срам, тоа сигурно ви оставило впечаток. Дефиниција за срамСрам е непријатна ситуација која се одликува со кавга или други проблеми. |