Сметки
Term | Main definition |
---|---|
Сметки | Ако сонувате дека плаќате данок или сметки, тоа е предупредување дека ќе имате големи трошоци. Што значи да сонувате сметки?Ако сонувате како плаќате данок или сметкиАко сонувате дека плаќате данок или сметки, тоа е предупредување дека ќе имате големи трошоци. Во наредниот период ќе се опуштите и ќе си го дозволите она кое, ако бидете реални не ви е неопходно. Ќе си дозволите луксуз кој не е во склад со вашата заработка што ќе резултира со бројни долгови кои наскоро „ќе ви излезат на нос“. Ако сонувате дека некој ви плаќа данок или сметкиКога сонувате дека некој ви плаќа данок, тоа означува дека паметно ќе ги вложите парите. Многу сте внимателни околу управувањето со финансиите што резултира со успешно работење. Пред да донесете одлука секогаш се консултирате со луѓе кои се стручни и се придржувате до нивните предлози. Ако одбиете да платите сметкиАко сонувате дека одбивате да платите сметки тоа имплицира дека сте неблагодарни. Можеби не го цените доволно вложениот труд на лице кое се обидува да ви обезбеди се што барате. Тоа може да се однесува на член на семејството или на партнерот. Постојано ќе се споредувате со останатите мислејќи дека тие поседуваат повеќе нешта од вас. Тогаш кога оваа личност ќе престане да се труди околу вас, ќе сфатите дека сте погрешиле и колку сте биле неправедни. Ако завршите на суд поради неплатени сметкиАко сонувате дека поради неплатени сметки сте завршиле на суд тоа укажува на загуба. Постои можност некој да се обиде да ви го одземе наследството или имотот кој долго време сте го стекнувале. Веројатно ќе морате да се борите за да го одбраните она што е ваше, а притоа многу ќе се разочарате од луѓето кои ви поставиле замка. Ако видите дека некој завршил на суд поради неплатени сметкиДоколку некој во вашиот сон заврши на суд поради неплатени сметки тоа значи дека треба да внимавате кому се доверувате. Во блиско опкружување има луѓе кои се обидуваат да ја злоупотребат вашата доверба. За своите планови, желби и тајни разговарајте само со оние луѓе кои ви докажале дека ви се вистински пријатели. Ако завршите во затвор поради неплатени долговиКога сонувате дека од некоја причина сте завршиле во затвор тоа претставува предупредување да водите сметка за финансиите и да внимавате кога потпишувате договори за позајмување или за кредит. Ако немате друг избор освен да позајмите, така се изложувате на уште поголем ризик. Можеби лицето кое во моментот ви дало пари ќе ви бара да го вратите долгот за екпресно време и со огромна камата. Ако некој друг заврши во затвор поради неплатени долговиСон во кој некој е во затвор поради неплатени долгови значи дека сте загрижени за него/неа. Можеби сте забележале дека се однесува чудно и се сомневате дека западнал во лошо друштво. Дополнителен проблем ви создава тоа што тој/таа не сака да разговара со вас и што постојано се расправате поради тоа. Време ви е да ја промените тактиката, бидејќи сегашната не ви е делотворна. Ако сонувате дека плаќате сметки за струја, вода, комуналииОвој сон е почест од останатите бидејќи повеќето луѓе секој месец плаќаат сметки. Ако сте сонувале дека неодамна сте плаќале сметки потсвеста ве предупредува да ги исконтролирате сите досегашни платени сметки. Значењето може да биде поедноставно. Доколку скоро време сте плаќале сметки или некој друг ги плаќал, тоа сигурно ви оставило впечаток. Дефиниција за сметкиСметки се материјална обврска коа мора да се подмири во одреден рок. |