Слеп човек (слепило)

Term Main definition
Слеп човек (слепило)

Ако сте слеп на сон тоа означува загуба на саканата личност на јаве. Ако сонувате слеп маж, ви претстои среќа на коцка. Ако видите слепа жена, следи големо озборување и трач.

Ако сонувате слепило – ако сте слепи на сон?

Ако ослепите на сон

Ако на сон сте слепи, тоа ве предупредува за разделба со саканата личност. Ќе бидете слепи при очи и ќе направите нешто поради кое ќе се каете. Можеби партнерот/партнерката на почетокот на покажувале чувства што ве навело на погрешен заклучок. Бидејќи сте сметале дека не му значите, сте направиле глупост чија последица ќе излезе на виделина.

На партнерот ќе му биде тешко да помине преку тоа, па можете да се надевате дека времето ќе си го направи своето и ќе му ги излечи раните.

Ако сонувате дека некој друг ослепел

Ако некој друг oслепел во вашиот сон, значи претпазливост. Веројатно имате примери во околината на луѓе кои имале лош живот, па затоа ќе одлучите да научите од нивните грешки. Се држите до докажани методи и совети затоа што не сакате да создадете непотребни проблеми за себе и за вашите најблиски.

Ако сте слеп на едно око

Доколку сонувате дека сте слепи на едно око тоа значи дека ќе престанете да верувате на одредени луѓе во вашиот живот. Можеби ќе се посомневате во нивните добри намери или ќе в разочара со своите постапки. Во секој случај, конечно со резерва ќе ги слушате луѓето и сами ќе донесувате заклучоци.

Ако сонувате слеп маж

Кога сонувате слеп маж тоа значи дека ќе имате среќа на коцка. Веројатно ќе посакате да си ја испробате среќата во игри кои досега никогаш не ве привлекувале. Почетокот ќе ви биде многу успешен, па која комбинација да одберете, ќе добивате пари. Најдобро би било сето ова да го сметате за забава, со која, во секој момент можете да престанете.

Ако сонувате едноок маж

Ако на сон видите едноок маж тоа имплицира дека се обидувате да сокриете грешка од другите која ја имате направено. Наместо да си признаете како вистински професионалец, вие се криете како дете. Тоа нема да ви трае долго, бидејќи вистината кога-тогаш излегува на виделина. Затоа најдобро ви е да соберете храброст и да ја признаете грешката.

Ако сонувате слепа жена

Ако сонувате слепа жена имплицира дека некој ве озборува. Може да се работи за личност која сте и помогнале во тешки моменти. Не сте можеле ниту да претпоставите дека ќе ви врати на таков начин што едвај ќе чека да ви подметне сопка. Обидете се да останете достоинствени како и досега, со тоа што повеќе нема да верувате во зборови, туку во дела.

Ако сонувате едноока жена

Кога сонувате жена која не гледа на едно око тоа значи дека се оптоварувате со непотребни нешта. Веројатно ви е важно како изгледате во очите на другите луѓе. Секогаш купувате поскапа облека, за гостите ја подготвувате најскапата храна и не криете дека за некои услуги би платиле многу пари доколку навистина се квалитетни.

Тоа е само маска со која криете дека сте незадоволни од некои нешта во својот живот. Наместо да го промените она што не ви се допаѓа, вие се „китите“ за да го скриете незадоволството. Многу луѓе се дојдени до овој заклучок, но не сакаат да ви го признаат.

Ако сонувате слепо дете

Доколку на сон видите слепо дете тоа укажува на потреба да се дистанцирате од луѓето чиј карактер или однесување не ви одговараат. Веројатно се наоѓате во фаза кога не можете да трпите кога некој се жали на својата судбина. Потребни ви се позитивни луѓе, за да и вие бидете такви. Не сакате некој да ви ја расипува среќата и да влијае на вашата мотивација, па со таквите луѓе ќе прекинете контакт.

Ако видите слепо дете

Сон во кој гледате слепо дете значи дека поради комплекси пропуштате убави моменти во животот. Не сакате да излегувате во кафулиња, клубови и ресторани и ретко посетувате пријатели, но сакате кога тие ќе дојдат кај вас. Така уште повеќе го затворате кругот на луѓето кои ги сакате и не дозволувате никој да ви се приближи и да стане дел од вашиот живот.

Не сте свесни колку грешите и колку би можеле во иднина да се каете поради тоа.

Ако сонувате дека сте изгубиле вид (ослепеле)

Доколку сонувате дека сте ослепеле тоа имплицира дека лош настан од минатото не ви дозволува да продолжите напред. Постојано се навраќате на тоа и си ги уништувате самодовербата и мотивацијата. Кога и да одлучите да тргнете напред, вие се присетувате на она што сте го преживеале и не можете да продолжите со животот.

Време е искрено да разговарате со личност во која имате потполна доверба. Ако ништо друго, обратете се на стручно лице за помош. 

Ако сонувате дека некој намерно ве ослепел тоа значи дека би требале да обрнете внимание на своето однесување. Вашите бурни и помалку агресивни реакции не им се допаѓаат на повеќето луѓе. Се браните дека тоа е ваш начин на изразување, но на луѓето не им годи.

Ако се преправате во сон дека сте слепи

Кога глумите дека сте слепи во сон, тоа подразбира дека ќе лажете. По природа, вие сте перфекционист кој нема да се појави на факултет или работа ако не стори сè што се очекува од него. Подобро да излезете со изговор и да останете дома отколку да бидете засрамени и да изгледате недоволно подготвени и сигурни во вашето знаење.

Ако сонувате дека некој друг глуми слепило

 Ако во сон некој се преправа дека е ослепен, тоа покажува дека ќе бидете злоупотребени. Може да се случи некое лице од околината да ве изманипулира и да се обиде да добие пари или нешто што му е потребно. Ќе се чувствувате виновни и ќе ви биде многу тешко да не се предадете на уцените што ве погодуваат.

Ако сонувате дека некоја ваша блиска личност ослепела

Кога некој близок е ослепен во сон, тоа означува расправија. Можно е пријател или партнер да биде под влијание на другите и да им верува повеќе на злонамерни луѓе кои ќе сакаат да ве скараат. Ќе направите се за го/ја вразумите, но разговорот ќе оди во погрешна насока и ќе започнете сериозна дискусија.

Дефиниција за слеп човек

Слеп човек е оној кој не гледа.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg