Симпатија

Term Main definition
Симпатија

Значи дека ќе имаш среќа во љубовта.

Што значи да се допаднете некому?

Ако сонувате дека некој ви се допаѓа

Ако на сон некој ви се допаѓа, тоа симболизира среќа во љубовта. Партнерот и вие негувате исти чувства еден за друг како на почетокот на вашата врска. Уживате во секој момент кој заедно го поминувате и секој ден се повеќе сте посигурни дека сте ја пронашле сродната душа со која сакате да го поминете остатокот од животот.

Имате слични размислувања и заеднички теми на разговор, но во негово друштво и тишината ви звучи убаво.

Ако сонувате дека вие некому се допаѓате

Кога сонувате дека вие некому се допаѓате, укажува дека бегате од обврските. Веројатно сте имале совршен однос со партнерот или партнерката додека не сте сфатиле дека сака повеќе од вашата врска. Од тој момент вашето расположение се променило и сте се повлекле во себе.

Партнерот ќе забележи дека нешто се случува, но ќе ви треба многу време да му признаете дека имате страв од врзување и мислите дека набргу ќе си здодеете еден на друг.

Ако сонувате дека никој не ви се допаѓа

Ако сонувате дека никој не ви се допаѓа имплицира дека имате преголеми очекувања. Можеби однапред сте зацртале какви карактеристики мора да има личноста која сакате да ви биде сопруг/сопруга. Ќе бидете разочарани бидејќи ќе сфатите дека никој не е совршен и дека ќе морате многу нешта да пружите за да го добиете најдоброто.

Ако сонувате некого кој ви се допаѓал

Доколку ја сонувате поранешната симпатија тоа значи дека убави чувства ве поврзуваат со тој период од вашиот живот. Веројатно личноста ви се допаѓала кога сте биле дете или тинејџер, па ве потсетува на времето кога сте биле безгрижни.

Сигурно радо се сеќавате на оние денови кога обврските и проблемите не ве гушеле како денес. Со насмевка на лице евоцирате убави спомени кои исто така се пренеле во вашиот сон.

Ако сонувате некого кој не ви се допаѓал

Ако на сон го видите човекот кој во минатото не ви се допаднал потсвеста ви порачува дека не треба да формирате негативно мислење за луѓето пред да ги запознаете. Вие сте личност која верува на прв впечаток, но не сте свесни колку пати ве измамил. Можеби би требале поотворено да разговарате кога се луѓето во прашање, а не да дозволувате предрасудите да ви стојат на патот.

Ако сонувате некого кому сте му се допаѓале

Кога сонувате некого кој во минатото ви изјавил љубов, но сте го одбиле можеби на јаве се прашувате каде се наоѓа сега таа личност. Не сте баш горди на тоа што сте го одбиле, но верувате дека одлуката ви била правилна со оглед на тоа дека не сте чувствувале ништо кон него/неа.

Можеби сте сакале неколку пати да се јавите, но сте се плашеле дека тоа би можело да биде протолкувано погрешно. Не очекувајте дека ќе ви биде пријател оној на кому сте му го скршиле срцето.

Ако сонувате некому кому не сте му се допаѓале

Сон во кој ја гледале личноста која ве одбила сугерира дека е крајно време да поработите на вашата самодоверба. Доколку имате комплекси поради физичкиот изглед поработите на него. Потрудете се да се поправите, да ослабнете или, пак, да тренирате за да бидете позадоволни со своето тело.

Тргнете од малите нешта – промените фризура или стил на облекување. Ако имате комплекси поврзани со вашите чувства или интелигенција и на тоа можете да поработите, под услов да имате доволно волја и храброст да се менувате.

Ако сонувате дека ви се допаѓа зафатена личност

Ако на сон ви се допаѓа зафатена личност која има партнер тоа значи дека во реалноста ви недостасуваат страсти. Можеби со партнерот сте западнале во рутина па активностите во спалната соба не ви се возбудливи како порано. Веројатно се плашите од партнеровата реакција ако му/и признаете дека сакате да пробате нешто ново.

Мора да му/и верувате и да бидете поискрени. Ако ве сака сигурно нема да ве осуди. Доколку сте сами овој сон има потполно исто значење, симболизира потреба да најдете сексуален партнер.

Ако сонувате дека и се допаѓате на зафатена личност

Доколку сонувате дека зафатена личност ви признала дека и се допаѓате тоа имплицира дека би требале да бидете помалку самокритични. Имајте повеќе верба во она што го работите и ќе бидете поуспешни. Не дозволувајте другите да се претставуваат како покомптентни од вас. Така им давате повеќе простор да напредуваат и да созреваат во очите на претпоставениот и соработниците.

Ако сонувате дека и се допаѓате на помлада личност

Кога сонувате дека многу помлада личност ги признала симпатиите веројатно сте неизживеани. Рано сте се врзале за една личност или една работа и не сте си дозволиле да проживеете онака како што сте сакале. Ви недостасуваат неформални излегувања, дружења, и флерт. Поради тоа младите ги советувате да испробаат се во животот пред да основаат семејство или да пронајдат одговорна и захтевна работа.

Ако сонувате дека ви се допаѓа помлада личност

Ако сонувате дека ви се допаѓа многу помлада личност тоа значи дека од искуство сте научиле дека не треба да се отворате пред секому кој ќе покаже интерес кон вас. Не дозволувајте секој да може да влезе во вашиот живот. Пред да влезат мора да поминат низ силен филтер за да заклучите дали се искрени и добронамерни.

Ако сонувате дека и се допаѓате на постара личност

Сон во кој многу постара личност ви искажува симпатии е показател на вашата пожртвуваност во се она што го правите. Секогаш го давате својот максимум, било да се емоции или работа во прашање. Претпоставените ве сметаат за доверлив, вреден и чесен работник, додека луѓето од вашето опкружување ја ценат вашата искреност и љубов со која зрачите.

Меѓутоа, ова може да има и многу тешки последици во случај кога некој ќе ве измами или разочара. Тогаш сте во состојба да го замразите за цел живот.

Ако сонувате дека ви се допаѓа постара личност

Овој сон симболизира желба за стекнување нови знаења и вештини. По природа сте многу љубопитна личност. Не ви е тешко да се прилагодите и дополнително да се едуцирате. Семинари, предавања и курсеви, колку и да им се чинат на некои луѓе здодевни и заморни, вам ви претставуваат извор на инспирација.

На секој од нив се трудите да дознаете нешто ново што би можело да ви помогне во иднина. Поради сето тоа сте стекнале вeштини на добар предавач, па не би било лошо кога тоа би го искористиле во наредниот период. Значењето може да биде поедноставно. Доколку некој ви се допаѓа или некому се допаѓате, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg