Протеза за заби
Term | Main definition |
---|---|
Протеза за заби | Ако видите: ви се зголемува самодовербата. Ако носите: некој ќе ве исмејува и посрами. Што значи ако сонувате протеза?Апарат за заби спаѓа во многу ретки соништа. Овој сон не е предмет на толкување ако носите протеза или доколку сте носеле до скоро време. Исто така ако сте биле на стоматолог и виделе лице со протеза, не се толкува ниту во тој случај. Ако сонувате како гледате протезаАко на сон видите протеза, тоа имплицира дека ќе подлегнете на некој естетски зафат. Тоа може да биде операција на нос, уши, усни, гради и тн. После тоа ќе имате поголема самодоверба и ќе бидете задоволни со сопствениот изглед. Ќе размислувате дали да поправите уште нешто, но не би сакале да претерате. Ако сонувате како гледате протезаДоколку на сон видите мобилна протеза, тоа значи дека ќе ги послушате советите од лекарите. Веројатно ќе ви речат како да се храните, колку често да тренирате, и сл. за да се ослободите од здравствениот проблем кој ве мачи. Ќе се трудите да ги почитувате советите, и покрај тоа што во многу моменти ќе бидете во искушение да нарачате пица и да останете дома да гледате филмови. Ако сонувате дека носите протезаКога на сон носите протеза, тоа укажува дека некој ќе ве исмее. Можеби личноста од вашето опкружување е незрела и често кажува недолични шеги. Нема да се чувствувате природно поради тоа, но ќе се потрудите да ја игнорирате и да не и обрнувате внимание. Ако сонувате дека некој друг носи протезаАко на сон некој друг носи протеза, тоа укажува дека ќе советувате блиска личност. Веројатно ќе имате приватни или деловни проблеми па ќе се обидете заедно да ги решите. Нема да ја критикувате личноста, туку само ќе и дадете до знаење дека секогаш може да смета на вас и дека ќе продолжите да ја поддржувате во секоја нејзина одлука. Ако сонувате дека сакате да носите протезаАко сонувате дека имате желба да носите протеза тоа значи дека би сакале да промените некои животни навики или да се ослободите од порок кој негативно влијае врз вашето тело и дух. Бидете истрајни ако сакате да бидете посреќни и позадоволни со себе. Ако сонувате дека не сакате да носите протезаДоколку на сон не сакате да носите протеза тоа имплицира дека ќе се инатите поради нешто. Можеби ќе сакате да си докажете нешто себеси и на другите, па ќе направите нешто што не е во ваша корист. Многу сте тврдоглави и не сакате да слушате совети на добронамерни луѓе кои сакаат да ве спречат кога одите со глава во ѕид. Ако сонувате дека дете не сака да носи протезаСон во кој детето не сака да носи протеза значи дека ве мачи траума од детството. Веројатно сте доживеале непријатност која на некој начин го обележала вашиот живот и ве натерала порано да созреете. Иако ви е тешко кога ќе се сетите на тоа и воопшто не сакате да зборувате на таа тема, длабоко во душата страдате и се обвинувате за случувања на кои не сте можеле да влијаете. Ако сонувате дека миете протезаАко на сон миете протеза, тоа симболизира одговорност. Однапред си го планирате времето за да ги завршите сите обврски. Добро сте организирани, па во текот на денот успевате да учите/работите, да се гледате со пријателите, да бидете физички активни и сл. Најубаво се чувствувате кога имате исполнет ден и тоа ве прави уште попродуктивни. Ако сонувате дека правите протезаДоколку на сон правите протеза, тоа укажува дека ќе добиете работа која се разликува од вашата струка. Можеби ќе работите нешто што е потполно ново за вас, па ќе ви треба извесен период да ги совлададе саканите вештини. Ќе учите по истекот на работното време и ќе барате помош од лица кои имаат искуство во оваа област. Ако сонувате дека ви се скршила протезатаКога на сон ќе ви се скрши протеза, тоа предупредува дека ќе ви се случи незгода. После ќе бидете повнимателни и секогаш ќе поаѓате на време за да не мора да брзате. Ако на сон ја изгубите протезатаАко на сонот ја изгубите протезата тоа имплицира дека нема сериозно да ги сфаќате критиките на претпоставените. Тие веројатно нема да бидат задоволни од вашите залагања, па ќе ве опоменат повеќе да се трудите. Вие ќе си продолжите да си терате по старо, па ќе ги приморате да преземат подрастични мерки за да ве вразумат. Ако сонувате дека сте пронашле протезаАко сонувате дека сте пронашле изгубена протеза, тоа симболизира олеснување. Ќе се ослободите од некои грижи кои веќе долго време ве мачат и конечно ќе запловите во мирен период во вашиот живот. Ако сонувате дека купувате нова протезаДоколку на сон купувате нова протеза, тоа значи дека здравјето ви е на прво место. Најмногу пари трошите на исхрана, бидејќи сакате да конзумирате само квалитетни намирници. Верувате дека човекот е она што го јаде па значително време поминувате во подготовка на оброците. Исто така одите на масажи и на други за да се чувствувате убаво во своето тело. Ако сонувате дека стоматологот ви говори дека повеќе не мора да носите протезаКога на сон стоматологот ви говори дека повеќе нема потреба да носите протеза, тоа укажува дека ќе се ослободите од проблем кој ви задавал главоболка. Можеби ќе го вратите долгот кој долго време ве оптоварувал и конечно ќе можете да се справите со вашите финансии. Ќе имате многу планови кои постепено ќе ги спроведувате за да не се доведете во состојба повторно да се задолжувате. Ако некому подарувате протезаАко сонувате дека некому подарувате протеза веројатно некој ќе ви даде комплимент. Тоа ќе ве изненади бидејќи ниту вие не сте биле свесни дека токму таа ваша особина предизвикува воодушевување кај другите. Добро е што тоа дополнително ќе ви ја зголеми самодовербата. Ако сонувате дека добивате протеза на подарокАко сонувате дека некој ви подарува протеза тоа значи дека здравјето ви е сосема солидно и немате потреба да се грижите. Сепак, редовните контроли се нешто што самите по себе се подразбираат. Дефиниција за протезаПротеза се користи за исправање на неправилен распоред или положба на заби. |