Праска

Term Main definition
Праска

Ако јадете: Повторен состанок со саканата личност, долг живот; ако берете: зголемување на имотот, пријателство; ако гледате: ќе дојдете во некое искушение; ако купувате: имате добри пријатели; ако продавате: материјални тешкотии, разни искушенија.

Што значи да сонувате праски?

Ако сонувате дека јадете праска

Кога во сон јадете праска, тоа укажува дека повторно ќе имате состанок со личноста која ви се допаѓа. Веројатно краток временски период сте заедно, но имате чувство како да се познавате многу години. Можете за сè искрено да зборувате и да го изнесете своето мислење.

Ви се допаѓа затоа што секогаш ве слуша и ви обрнува внимание. Нестрпливо ја чекате секоја ваша средба и со часови пред огледало бирате облека и теми за разговор.  

Ако берете праски во сон

Ако сонувате дека берете праски, тоа симболизира зголемување на имотот. Плодовите од вашата работа ќе бидат посебно видливи во наредниот период. Ќе ви се подобри ситуацијата на работа, а со неа ќе растат и финансиите. Доколку очекувате унапредување, наскоро ќе биде идеален момент да го добиете. Колегите уште повеќе ќе ве ценат и ќе им биде драго поради вашиот успех.

Ако гледате праски во сон

Сонувањето дека сте виделе праска значи дека ќе бидете во искушение. Можно е да ви се допадне личност која не е слободна. Во наредниот период ќе се водите од  изреката дека најслатко е забранетото овошје. Ќе сакате авантура која би можела да ги загрози вашата врска, брак или репутација.

Ќе имате среќа и ќе се опаметите на време. Пријателите ќе ве предупредат за последиците кои би можеле да ги имате, и после долго размислување, ќе се откажете од таа лудост.

Ако купувате праски во сон

Ако во сон купувате праски, тоа укажува дека имате добри пријатели. Тие ќе го облагородат вашиот живот и ќе ве направат уште подобра личност. Во секој момент ќе можете со нив да поделите среќа и радост, успеси и промашувања. Секогаш ќе бидат ваше рамо за плачење и ќе бидете благодарни што познавате толку добри луѓе.

Ако продавате праски

Сонувањето дека продавате праски симболизира материјални трошоци. Во најлош момент ќе имате големи трошоци, додека вашето работно место ќе биде доведено во прашање. Можно е да преминете на позиција која е полоша од онаа на која сте работеле, или платата ќе ви биде намалена. Ќе морате да се снаоѓате на разни начини, а еден од нив е и дополнителна работа.

Ако подарувате праски

Кога во сон некому му подарувате праски, тоа значи дека ќе дојдете до заклучок дека едноставно сте родени во погрешно време, затоа што некои работи не можете никако да ги прифатите. Се згрозувате од системот на вредности во кој е поважно да се снајдете од тоа колку знаење и таленти имате, а за тоа придонеле сите ситуации низ кои сте минале. Ќе морате да ги прифатите работите такви какви што сте затоа што сте премногу млади за да се предадете.

Потрудете се во сè што ви се случува да пронајдете нешто позитивно и сè ќе биде полесно. Ако западнете уште подлабоко во очај, би можеле да пропуштите и убави работи што се случуваат околу вас.

Ако добиете праски на подарок

Ако некој во сон ви подарува праски, тоа укажува на проблеми во емотивниот живот. Можно е да сте сфатиле дека со партнерот немате исти цели. Додека вие сте амбициозна личност која се труди што повеќе да работи на остварување на своите цели, тој/таа има малку пократкорочни планови.

Често ви се чини дека недоволно го цени вашиот труд, што предизвикува големо незадоволство кај вас. Размислете што сакате од животот и наместо што се обидувате да го промените него/нејзе, научете да го/ја сакате. Ако тоа не ви е доволно, својата среќа побарајте ја на друго место.

Доколку сте моментално сами веројатно сте изгубиле надеж дека ќе најдете сродна душа.

Ако садите дрво од праска

Сон во кој садите дрво од праска значи дека во блиска иднина ве очекуваат позитивни промени. Можеби ќе одлучите да ја промените работата или местото на живеење. Во секој случај, ќе сфатите дека е време за такво нешто. Одлуките кои ќе ги донесете ќе се испостават за сосема исправни.

Кога сонувате како други садат дрво од праска тоа значи дека ќе се придружите на група храбри луѓе кои сакаат да променат нешто во своето опкружување. Иако таа борба на моменти ќе изгледа безнадежно, силата ќе ја црпите едни од други. Ќе сфатите дека од личната среќа побитно ви е градењето подобра иднина за сите.

Ако гледате праски на дрво или под него

Ако во сон видите крошна преполна со праски или праски кои паднале под стеблото,  тоа укажува на благосостојба. Во блиска иднина ќе влезете во многу поволен период од животот во текот на кој ќе обезбедите материјална сигурност, што ќе резултира со подобри односи со членовите од семејството, партнерот и пријателите. Ќе бидете поопуштени, што ќе се одрази на секој сегмент од вашиот живот.

Незрели (зелени) праски

Доколку во сон видите или јадете незрели праски, тоа значи дека некој или нешто нема да ги исполни вашите очекувања. Можеби ќе сфатите дека врската во која сте влегле не е така идеална како што на почетокот ви се причинило и дека вашето работно место бара многу повеќе одрекувања отколку што сте мислеле.

Скапани праски

Сонувањето дека гледате или јадете скапани праски, укажува на тоа дека еден стресен настан ќе ја наруши вашата самодоверба. Ќе се посомневате во своето знаење, талент и вештини и ќе се запрашате како до тоа дошло. Сепак, не би требало да дозволите една ситуација да одлучува за вашите подалечни животни планови. Подигнете ја главата и енергијата насочете ја на тоа што го сакате.

Сушени праски

Кога во сон ќе видите или ќе јадете сушени праски, тоа значи дека ве очекуваат многу убави моменти со лицата кои ги сакате. Можеби ќе отидете на пократко патување со партнерот или ќе организирате дружење со членовите од семејството кое не сте го виделе подолго. Тоа ќе делува благотворно на вашето тело и дух и поспремно ќе влезете во секој нов предизвик.

Ако правите колач од праски

Сон во кој вие подготвувате колач од праски подразбира дека ќе запознаете личност која ќе ве импресионира со своите ставови и начинот на размислување. Разговорот со неа ќе ви помогне од друга „свежа“ перспектива да гледате на многу работи. Ова пријателство би можело да прерасне и во нешто повеќе од тоа.

Ако гледате други како прават колач од праски, тоа значи дека ќе добиете убави вести од пријателите кои долго не сте ги виделе. Можеби ќе ве повикаат на венчавка или прослава за раѓање на дете. Тоа ќе биде повод да го обновите старото другарство и во иднина почесто да се дружите.

Ако правите компот од праски

Сонувањето дека правите компот од праски симболизира големи планови. Ако не сте во брак можно е заедно со партнерот да одлучите да го направите и тој чекор. На лицата кои планираат принова би можело да им се исполни желбата.

Доколку во вашиот сон некој друг прави компот од праски тоа значи дека партнерот или пријател ќе ве израдува со убав подарок.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте јаделе или сте береле праски, можно е тоа да влијаело на вашиот сон.                                                                                                      

Дефиниција за праски

Праската е растение од фамилијата ружи Rosaceae, од редот на сливи Prunus.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg