Оџак
Term | Main definition |
---|---|
Оџак | Ако сонувате оџак без чад тоа предупредува дека ве очекува сиромаштија; оџак со чад симболизира добра служба, успех; оџак со пламен значи дека ве чека добивка, благосостојба. Што значи да сонувате оџак?Ако сонувате оџак без чадАко на сон видите оџак без чад тоа е предупредување дека ве чека сиромаштија. Можеби вашите обиди да пронајдете работа нема да вродат плод, па ќе се најдете во непријатна ситуација. Освен тоа, прилично ќе се обесхрабрите и ќе се повлечете во себе што дополнително ќе ви ја отежни положбата во општеството. Ако сонувате оџак со чадДоколку на сон видите оџак со чад, тоа означува успех. Што се однесува до вашиот деловен живот, во следниот период ќе бидете во подобра положба од порано. Вашите идеи ќе бидат конструктивни, па шефот радо ќе ве слуша и ќе ве прашува за мислење. Ќе ве смета за доверлива личност на која може да и ги довери сите свои недоумици и предлози. Ако сонувате оџак со пламенДоколку на сон видите оџак, тоа симболизира благосостојба. Веројатно во вашата куќа ќе завладее мир и членовите на семејството ќе имаат поголемо разбирање. Нема да има потреба да ги опоменувате и да им говорите што да прават или како да се однесуваат бидејќи ќе дадат се од себе да ви помогнат и да ви ја олеснат работата. Ако сонувате дека уривате оџакАко на сон уривате оџак, тоа имплицира дека ќе се осамите. Може да ви се случи да се разочарате од луѓето од кои многу сте очекувале поради што ќе мора да го прекинете контактот со нив. Одлуката ќе ја донесете во афект, меѓутоа, ниту по долго време нема да се предомислите. Ако гледате дека некој урива оџак на сонСон во кој гледате дека некој урива оџак значи дека нема да можете да успеете да спречите некоја неправда. Ќе застанете на страната на некој пријател или колега на работа, но тоа, за жал, нема да го има посакуваниот ефект. Ќе бидете тажни поради тоа, но на драгата личност ќе и пружите максимална доверба за да го надмине овој тежок период. Ако сонувате дека градите оџакКога сонувате дека градите оџак, тоа укажува дека ќе се прилагодите на новите околности. Вие сте личност која верува дека човекот учи додека е жив, па не ви е тешко да коригирате ставови за кои ќе произлезе дека се погрешни. Се водите според најновите случувања и радо разменувате мислење со другите и усвојувате корисни сугестии. Ако некој друг гради оџак на сонСон во кој некој друг гради оџак симболизира летаргија. Се наоѓате во фаза кога ништо не ви се прави. Упорно одложувате обврски, проблемите ги „метете под тепих“. Се што можете да го сработите денес, го префрлате за утре, со надеж дека некој ќе ја заврши работата место вас. Долгорочно гледано, ако така продолжите, би можеле да наидете на проблем бидејќи ќе ве притиснат рокови и ќе мора да работите деноноќно за да ги испочитувате. Ако сонувате дека се искачувате на оџакДоколку на сон се искачувате за да влезете во оџак тоа значи дека сте поставиле високи цели и сега морате напорно да работите за да ги остварите. Ако имате доволно мотивација и енергија успехот нема да ве изостави. Потрудете се да го вложите својот максимум и успехот нема да ве изостави. Ако некој друг се искачува низ оџак тоа имплицира дека некој ќе ви се замеша во животот. Личноста со која сте блиски ќе се обиде да ви наметне свои ставови и мислења. Под мотото „со добри намери“, но брзо ќе ја откриете и спречите во тоа. По природа сте личност која се држи до својот став и не допушта некој да ја наговори да го промени. Ако сонувате дека се спуштате од оџакКога сонувате дека се спуштате од оџак тоа значи ви недостасуваат возбуди во животот. Ве уништува монотонијата и само чекате нешто да се промени само од себе. Наместо да чекате, би требале да поработите ако сакате да ви се случи промена. Воведете повеќе физички активности во секојдневието или посветете се на некое хоби. Така ќе си го „зачините“ животот, ако не сте фан на излегувања и дискотеки, кафани и ресторани или некои други активности во кои уживаат вашите пријатели и познаници. Сон во кој некој се спушта од оџак е предупредување да се чувате од лицемерни луѓе. Во опкружувањето имате некој кој се претставува како искрен и верен пријател, но воопшто нема добри намери. Можеби ќе се обиде да ве измами за да оствари некои свои интереси. Ако сонувате дека сте паднале од оџакСон во кој сте паднале од оџак значи дека ќе усреќите потполно непозната личност. За вас тоа ќе биде потполна ситница, но некому тоа многу ќе му значи. Ќе сфатите дека се уште постои внимание и благодарност и дека не е се толку црно како што ви изгледа. Доколку во ваш сон некој друг падне од оџак тоа значи дека ќе ве израдува вест од странство. Веројатно член на семејството или пријател подготвува свадба, чека принова или ќе ве покани на некоја прослава. Многу ќе ве усреќи поканата да присуствувате на веселбата. Ако сонувате дека чистите оџакКога на сон чистите оџак тоа симболизира фрустрација. Во моментот имате многу обврски, па со тоа и многу стрес. Не наоѓате правилен начин да го канализирате, ниту најдобра метода да ги решавате проблемите побрзо и поефикасно. Можеби немате доволно волја да се дружите со луѓето бидејќи нивните приказни ви се чинат незначајни и здодевни. За жал, оваа фаза нема долго време да трае, ако не се потрудите да ја прекинете. Некој друг ако чисти оџакСон во кој некој друг чисти оџак значи дека поради работата или факултетот ќе морате да пропуштите важен настан во семејството или во фамилијата. Ќе морате да работите во смени или прекувремено или поради работата да отпатувате баш кога фамилијата се собира на едно место. Многу тешко ќе ви падне бидејќи ќе сакате да поминете време со нив. Ќе се запрашате дали тоа ви се исплати, но ќе дојдете до заклучок дека немате друг избор и ќе мора да се помирите со ситуацијата. Ако сонувате дека оџак паднал врз васОвој сон е хроничен недостаток на секс. Ако подолго време сте без партнер, соновите со ова значење се потполно нормални. Сепак, ако имате партнер/партнерка, време е да поработите на вашите односи. Можеби тој/таа не ги задоволува вашите потреби колку што би сакале, а можеби се плашите дека не ги исполнувате неговите/нејзините очекувања. Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку сте виделе, граделе или уривале оџак тоа сигурно ви оставило впечаток. Дефиниција за оџакОџак е дел од куќата кој служи за спроведување на чадот или гасовите настанати од согорување на материите. |