Оџачар

Term Main definition
Оџачар

Да бидете оџачар на сон симболизира пожар во куќата, важни вести; ако го видите значи дека ќе се ослободите од неправедното осомничување.

Што значи да сонувате оџачар (чистач на оџаци)?

Ако сонувате оџачар (чистач на оџаци)

Ако на сон видите оџачар, тоа имплицира дека ќе се ослободите од неправедното осомничување. Можеби ќе бидете обвинети за нешто што не сте го направиле поради што угледот и репутацијата ќе ви бидат доведени во прашање.

Ќе сторите се за да ја докажете својата невиност, но сепак многу ќе ве поврзуваат со тој немил настан.

Ако сонувате дека сте оџачар

Доколку вие сте оџачар, тоа означува пожар во куќата. Може да се случи вие или некој од домашните да заборави да исклучи некој апарат за домаќинство што ќе предизвика голема материјална штета.

Ќе сфатите дека нема поента да го барате виновникот, туку со сите ќе позборувате за да не се повтори грешката.

Ако сонувате дека се расправате со оџачарот

Ако сонувате дека се расправате со оџачарот тоа значи дека ќе имате проблеми на работа. Веројатно нема да успеете да наговорите колега да го заврши својот дел од работата за да го започнете она што ви е доверено.

Ќе се најдете во непријатна ситуација бидејќи нема да сакате да испаднете тужибаба, па ќе мора да најдете друг начин да го добиете она што го сакате.

Ако сонувате дека сте сретнале оџачар

Ако на сон сретнете оџачар тоа симболизира среќа. Можеби во скоро време ќе слушнете убава вест која ќе се однесува на личноста со која некогаш сте биле блиски. Тоа ќе го протолкува како знак повторно да и се јавите и да го продолжите дружењето во кое и двајцата сте уживале.

Ако сонувате дека разговарате со оџачарот тоа значи дека во тежок момент ќе ви помогне личност од која најмалку сте очекувале. Веројатно ќе се најдете во некоја безизлезна состојба и нема да знаете што да правите. Еден познаник ќе ви се обрати и ќе ви понуди помош.

Ќе ве изненади неговиот гест, но ќе бидете благодарни што ви се нашол при рака кога ви било најпотребно. Ќе се потрудите во иднина да му ја вратите услугата.

Ако во вас сон некој друг разговара со оџачарот тоа имплицира дека конците на вашиот живот ги држи друга личност. Можеби станува збор за повозрасна личност од вашето семејство или за партнерот кој на себе ги презел сите обврски и одговорност.

Ваша задача е само да следите упатства. Колку и да убаво да немате никакви одговорности во животот, почнува да ви пречи што скоро и да немате право на глас. Потрудете се да се слушне вашиот збор, кога веќе сте допуштиле други да управуваат со вашиот живот.

Ако се тепате со оџачар

Сон во кој се тепате со оџачарот укажува дека самите себе, се спречувате да бидете среќни. Дури и во моментите на најголемо задоволство, проектирате негативни исходи. Поради тоа ви е тешко да се опуштите и да уживате во она што го имате. Тоа што пријателите ви говорат дека сте „Неверниот Тома“, веројатно е вистина бидејќи вашата среќа кратко трае.

Кога сонувате дека некој друг се тепа со оџачар тоа значи дека ќе мора повеќе да се борите за своите ставови. Веројатно имате добра идеја која би можела да биде корисна, во работењето на вашата фирма, но се плашите да ја споделите на претпоставените.

Најдобро би било кога би составиле детален документ во кој би ги навеле сите позитивни и негативни страни на вашиот проект и да го доставите до оние кои донесуваат одлуки. Побарајте состанок на кој ќе изложите за што се работи. Ако ве одбијат тоа ќе биде нивна грешка, а ако не, ќе добиете прилика да напредувате.

Ако сонувате дека бегате од оџачар

Ако на сон бегате од оџачар тоа имплицира дека имате проблем да признаете како се чувствувате. Можеби ви се допаѓа некоја личност, а не сакате било кој да дознае. Без оглед на тоа што сакате да ја сокриете тајната, вашите гестови, манири и погледи ќе ве издадат. Ако станува збор за слободна личност и ако вие во моментот сте сами немојте да се двоумите и да чекате друга прилика.

Зграпчете ја шансата кога ви е „пред носот“, бидејќи само така ќе знаете дали сте го направиле вистинскиот чекор.

Ако некој друг бега од оџачар во ваш сон тоа значи дека пријателот ќе ве праша за совет. Бидејќи станува збор за сензитивна тема и проблем со кој до сега не сте се сретнале, ќе ви треба некое време да размислите пред да кажете било што.

Едноставно, бидете искрени бидејќи таа личност ќе умее да ја цени секоја ваша карактеристика.

Ако сонувате дека се криете од оџачар

Сон во кој се криете од оџачар ја симболизира вашата особина да претерувате во се – во работата, во пиењето, во пороците, во јадењето, па дури и во грижата за саканата личност. Веројатно немате многу пријатели бидејќи луѓето не можат да разберат како можете да одите од екстрем во екстрем.

Често менувате расположени и од еуфорија доаѓате до длабока депресија. Обидете се да ја „спуштите топката“ и да размислите пред да кажете или направите нешто. Така ќе го намалите ризикот да погрешите или некој да ве повреди.

Кога сонувате дека некого криете од оџачар тоа значи дека ќе бидете збунети од постапките на партнерот. Ќе почне да донесува одлуки кои се чудни, и од ваш агол, потполно нелогични, а секој обид да разговарате за тоа завршува неславно. Нема да знаете како да му/и се приближите и на кој начин да го решите проблемот.

Бидете трпеливи и покажете разбирање. Немојте да дозволите уште една лоша фаза да го загрози вашиот однос.

Ако сонувате дека сте убиле оџачар

Ако на сон убиете оџачар тоа укажува на загуба или на штета. Бидете внимателни во јавниот превоз или додека чекате ред во банка, пошта или некоја друга институција бидејќи некој би можел да ви го украде паричникот. Освен тоа, внимателно читајте ги договорите пред да ги потпишете за да не наидете на сериозни проблеми.

Сон во кој гледате мртов оџачар симболизира тага. Можеби неодамна сте преживеале некој тежок момент и не можете тоа да го прежалите.

Ако сонувате дека се бакнувате со оџачар

Овој сон значи дека ќе доживеете убави моменти со лице од спротивен пол. Можеби ќе ја обновите страста со сегашниот партнер или ќе запознаете личност која ќе произлезе дека потполно ви одговара во сексуална смисла.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку на сон сте виделе оџачар, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за оџачар (чистач на оџаци)

Оџачар е занаетчија кој ги одржува оџаците.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg