Ножици

Term Main definition
Ножици

Гледање: добивка, среќа; употребување: не примај сечии совети.

Што значи да сонувате ножици?

Ако во сон гледате ножици, тоа означува добивка. Можно е конечно да престанете да се сожалувате и да се потрудите со она што го имате да обезбедите приход од кој ќе можете да живеете. Нема да ви биде лесно на почеток и ќе работите за многу помалку пари отколку што сметате дека заслужувате, но штом ќе се дознае за вас, ќе имате работа преку глава.

Сонување дека употребувате ножици предупредува да не прифаќате сечии совети. Вие сте личност која претпочита да учи од туѓите грешки за да се поштеди од непријатностите. Меѓутоа, лошата страна на таквиот став е тоа што луѓето ви кажуваат што да направите врз основа на своите искуства, и ова често се покажува како погрешно решение за вас.

Кога во сон острите ножици, тоа укажува дека ќе претрпите навреда. Веројатно сте опкружени со луѓе кои се нервозни и кои не се грижат за своето однесување, но вие не смеете да им одговoрите со иста мера. Ќе бидете принудени да се однесувате  како ништо да не се случило, а бесот што го чувствувате неправедно ќе го истурите врз оние кои немаат никаква врска со односната ситуација.

Ако сонувавте мали ножици за уредување влакна на лицето, значењето може да биде дека треба да бидете попедантно подготвени за некој состанок.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, сте употребиле или сте изостриле ножици, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за ножици

Ножиците се алатка што се користи за сечење хартија, ткаенина, храна, коса итн.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg