Нокти

Term Main definition
Нокти

Сонување дека ги средувате ноктите во сон предупредува дека ве чека штета на јаве.

Што значи да сонувате нокти?

Ноктите во сон имаат значење за штета, а ако гребете некого, со тоа недвосмислено порачувате дека нема да дозволите други да ве напаѓаат. Исклучок е ако сонувате нокти во врска со еротски сон, тогаш тоа означува исклучително љубовно доживување.

Ако гледате убави и уредни нокти во сон

Ако во сон сонувате убави и уредни нокти, тоа означува дека се обидувате некому да му се допаднете со сила. Треба да попуштите за да не предизвикате спротивен ефект.

Ако сонувате дека ги средувате ноктите

Ако во сон ги средувате ноктите, тоа означува штета. Можно е да бидете преокупирани со неважни работи, додека проблемите ќе се натрупаат. Вие нема да ги слушате советите на луѓето кои се запознаени со вашата ситуација, туку ќе брзате во пропаст, а со себе ќе ги повлечете и оние што не го заслужиле тоа.

Ако сонувате дека ги сечете ноктите на рацете

Доколку во сон ги сечете ноктите на рацете, тоа укажува дека ќе признаете грешка. Вие сте личност која се труди да постапува што е можно поправилно, па затоа не ви е тешко да ја спуштите топката и да се извините.

Би се сметале себеси за неуспешни доколку дозволите вашата гордост и его да ви го нарушат чувството за правда.

Ако сонувате дека ги сечете ноктите на нозете

Ако сте сонувале дека ги сечете ноктите на нозете, тоа укажува дека не треба да признаете грешка затоа што всушност не сте направиле ништо лошо. Некој друг треба да ја спушти топката и да ви се извини, а не вие.

Ако сечете нокти на дете или на бебе

Во сон кога ги сечете или ги средувате ноктите на бебе или дете, тоа означува дека сте многу грижлива личност. Пријателите го забележуваат тоа и го препознаваат па од таа причина и ве ценат.

Ако сонувате дека сечете нокти на некој друг

Понекогаш во реалноста мора и да се понижите за да си обезбедите подобра и поубава иднина за вас или за вашето семејство.

Ако сонувате дека ги лакирате ноктите

Пред вас е финансиски напредок и добивка. Алтернативно значење за мажите може да биде дека некој во јавноста ќе се обиде да ве исмејува за нешто безопасно.

Ако сонувате дека ставате гел на ноктите

Ако во сон ставате гел на ноктите, тоа означува дека на јаве ќе се обидете да поправите некоја штета, но безуспешно.

Ако сонувате дека ги грицкате ноктите

Привремена загуба, беда, сиромаштија, мрзеливост. Ви следува едно од нив или комбинација од тие елементи.

Ако сонувате дека сте скршиле нокт

Кога во сон ќе скршите нокт, тоа подразбира дека некој работи на ваша штета. Во околината веројатно постои личност која ја доведува во прашање секоја ваша одлука и прави работи што можат да ве изнервираат.

Се трудите со сите сили да не дозволите да ве испровоцира, но тоа е честопати невозможна мисија.

Ако сонувате дека гребете некого со ноктите

Ако во сон гребете некого со ноктите, тоа значи дека сте тврдоглави. По природа сте бунтовник и не поднесувате авторитети. Честопати правите сè што е во ваша моќ да им пркосите, дури и ако тоа е на ваша штета.

Може да се случи во иднина таквото однесување да ве „удри во главата“.

Ако сонувате валкани нокти, црно под ноктите

Работите и се трудите повеќе отколку што треба. Вашиот труд обично не е забележан, а го забележуваат оние на кои не треба тоа да им биде битно.

Ако ве болат ноктите во сон

Ако во сон ве болат ноктите, ви претстои караница со семејството или роднините. Можно е и вие да ја започнете. Можете да ја избегнете со трпеливост.

Ако сонувате долги или многу долги нокти

Ви претстои долг период на тешка и напорна работа или работа што нема да биде соодветно платена за трудот. Ќе бидете многу незадоволни поради тоа, но ќе го пребродите тој период без некои поголеми проблеми, освен незадоволството што ќе се разгори во вас.

Сонување дека некој ве гребе или дека вие сте гребеле некого со ноктите поради еротска страст или додека водите љубов

Ви претстои интензивно љубовно доживување. Постои и алтернативно значење во кое ќе бидете исклучително загреани, но ќе мора да се задоволите сами за да ја олесните напнатоста.

Ако сонувате дека сте изеле нокт

Ако во сон јадете нокт, тој сон означува дека непотребно се грижите и премногу комплицирате некои работи. Опуштете се.

Ако сонувате вештачки или пластични нокти

Ако во сон гледате лажни нокти, тоа значи дека некој ќе ви наштети со некои лаги за вас. За жал, нема да го забележите тоа сè додека не ја слушнете таа приказна од некое трето лице.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте средувале,  сечеле, кршете или сте изгребале некого со нокт, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за нокт

Ноктот е рожен израсток кој ги штити врвовите на прстите на рацете и нозете.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg