Нокшир

Term Main definition
Нокшир

Нокшир во сон значи дека ви претстои несреќа во семејството.

Што значи да сонувате нокшир?

Нокшир во сон значи дека ќе зависите од други или дека некој ќе зависи од вас.

Ако во сон гледате нокшир

Ако во сон гледате нокшир, тоа е предупредување дека ќе ви се случи несреќа во семејството. Може да се случи некој од роднините да се разболи, што вие ќе го поднесете многу тешко. Сè ќе подредите на таа личност и на обидите да заздрави.

Често ќе размислувате за причините за неговата/нејзината состојба и ќе се прашувате дали би можеле да направите нешто за да ја спречите.

Ако сонувате дека користите нокшир

Доколку во сон користите нокшир, тоа подразбира дека не сте независни. Можно е, и покрај вашата возраст, и понатаму да зависите од родителите и да очекувате тие да ги завршуваат вашите обврски.

Во своја одбрана секогаш велите дека тие така ве воспитале, давајќи ви сè што сте сакале, но не правите ништо за да ги промените тие лоши навики.

Ако сонувате дека некому носите нокшир

Кога во сон некому носите нокшир, тоа укажува дека сте премногу зафатени. Веројатно сите очекуваат премногу од вас, заборавајќи на фактот дека и вам ви и потребен одмор и време што ќе ги посветите само на себе.

На работа вие сте десна рака на шефот, а дома, алфа и омега, така што сите ви се обраќаат и за најмала ситница.

Ако сонувате дека сте скршиле нокшир

Ако во сон сте скршиле нокшир, тоа означува промена. Можно е да донесете одлука да исполните стара желба од која скоро и сте се откажале. Иако ќе се плашите дека е доцна за такви подвизи, ќе сфатите дека нема што да изгубите, додека многу нешта ќе добиете.

Ако сонувате дека чистите нокшир

Кога во сон чистите нокшир, тоа значи дека ќе се жртвувате. Може да се случи да направите добро дело за кое ќе бидат потребни многу жртви. Сепак, достоинствено ќе го носите вашиот крст и ќе го правите она што ви го кажува совеста.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, користеле, искршиле или сте чистеле нокшир, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за нокшир

Нокшир е сад што се користи за нужда.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg