Лумпување

Term Main definition
Лумпување

Сонување дека лумпуваш предупредува да внимаваш да не станеш скржав.

Што значи да сонувате лумпување?

Сонување дека вие лумпувате е предупредување дека би требало да внимавате да не станете скржави. Можно е сè повеќе да прифаќате покани за излегување со друштво, но нема да се сетите сами да иницирате нешто и да платите за тоа. Ќе ви годи други да се грижат за организацијата и финансиите, поради што ќе бидете на лош глас и  ќе ве сметаат за скржавец.

Друго значење е дека ќе ги запоставите обврските. Може да се случи буквално да ја сфатите поговорката дека животот е само еден и дека треба да го искористите максимално. Ќе сметате дека сте биле премногу сериозни и дека е во ред да си дозволите да се опуштите и, за промена, да станете безгрижни и неоптоварени со  иднината.

Ако во вашиот сон други лумпуваат, тоа укажува дека се чувствувате како да не припаѓате никаде. Веројатно сметате дека никој не ве разбира, поради што избегнувате поинтимни дружења и одржувате само површен контакт со луѓе од околината. Сè повеќе се повлекувате во себе и многумина кои се обидоа да допрат  до вас, губат сè повеќе сила и се откажуваат од таа намера.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте лумпувале, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за лумпување

Лумпување е забава со гласна музика. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg