Копнеж
Term | Main definition |
---|---|
Копнеж | Да копнееш за некој или нешто значи дека желбата ќе ти се исполни во краток временски период. Што значи да сонувате дека чувствувате копнеж?Ако копнеете за некого или нешто во сонАко на сон копнеете за некого или нешто, тоа имплицира дека не сте сигурни што всушност сакате. Иако сте во врска со личноста што ја сакате, сфаќате дека нешто ви недостасува и дека тоа не е она што го барате. Можно е да се плашите да си признаете дека залудно сте потрошиле време и сте ја продолжиле фарсата само за да не останете сами. Сè почесто ќе чувствувате сомнеж, што значи дека ќе мора да бидете искрени кон себе и кон партнерот. Ако сонувате дека некој копнее за васКога сонувате дека некој копнее за вас, тоа укажува дека би сакале да доживеете вистинска љубов. Вашите досегашни врски не биле особено интересни, не ве инспирирале да правите глупости за саканата личност. Ќе посакувате партнер кон кого ќе почувствувате страст и фатална љубов која ќе ви го промени животот за сто и осумдесет степени. Ако вашиот партнер копнее за некогоАко сонувате дека вашиот партнер/ка копнее за друг/а означува дека ќе, и покрај проблемите, се изборите за вашата врска или брак. Свесни сте за своите квалитети и ќе сторите сè да му докажете на партнерот дека сте најдобри за него. Нема да дозволите да ве поколебаат ситници и да уништите нешто, што сте граделе со љубов, долги години. Толкувањето зависи од контекстот и деталите во кој се одвива, како и чувствата кои го следат. Во текот на овие соништа може да чувствувате страв, возбуда, радост или потиштеност. Ако сонувате дека копнеете за хранаАко сонувате дека копнеете за храна тоа може да значи дека сте легнале гладни во кревет или тешко ви е да се придржувате до диета за да ослабнете. Од друга страна, копнежот за храна може да ја симболизира вашата потреба за нешто друго – љубов, внмание, подобра работа, или поголема заработка. Веројатно постои нешто што би сакале да го имате или да го постигнете, но не ви оди од рака. Ако сонувате дека копнеете за пијалакДоколку сонувате дека копнеете за пијалок има повеќе значења. Можеби жедни сте си легнале или, пак, апстиненцијата од алкохол не ви оди баш најдобро. Друго значење на овие соништа е дека треба да се опуштите од секојдневните грижи и проблеми. Сигурно сте преморени и под стрес. Потсвеста ви препорачува да посветите внимание на себе. Ако сонувате дека копнеете за цигариТолкувањето на овие соништа зависи од тоа дали сте пушач или не. Ако личност која пуши сонува дека копнее за цигари тоа имплицира дека сте свесни дека колкаво зло си нанесувате, но немате доволно сила и волја да престанете. Доколку личност која не пуши сонува за цигари тој сон симболизира незадоволство со себе или светот во кој живеете. Можеби за тоа сте размислувале пред заминување во кревет, па сте потонале во сон со негативни чувства. Ако сонувате дека копнеете за личност што не ја познаватеКога сонувате дека копнеете за личност што не ја познавате значи дека ни самите не знаете што сакате од животот. Вашата неодлучност и несигурност влијае врз планирањето на иднината. Размислете како би сакале животот да ви изгледа и почнете да работите на остварување на вашите соништа. Никој не може да ве натера или наговори на нешто што не го сакате и затоа не е во ред да обвинувате други луѓе за ваши неуспеси. Ако сонувате дека копнеете за позната личностАко сонувате дека копнеете за некого кого во стварниот живот во познавате тоа имплицира дека ја/го идеализирате. Сигурно ви се чини дека ги поседува сите квалитети кои ги цените. Радо би се менувале со неговата/нејзината партнерка/партнер. Сепак, мора да бидете свесни дека секоја личност има свои маани кои не можете да ги видите во текот на спорадични дружења. Ако копнеете за мајка или таткоОвие соништа не се толкуваат алп вашите родители не се повеќе меѓу живите. Во тој случај е природно да ви недостасуваат. Меѓутоа, ако сонувате дека копнеете за мајка или татко кои се живи и здрави, тоа имплицира дека треба конечно да преземете одговорност за грешките кои постојано ги правите. Во состојба сте постојано да обвинувате други поради свои неуспеси, а притоа не правите ништо да го спречите тоа. Време е да се тргнете и почнете да работите на подобро утре. Ако копнеете за децаАко лица кои немаат деца чезнеат за деца ваквите соништа имплицираат дека би сакале да добијат потомство. Доколку, пак, родители чезнеат за своите деца значи дека се загрижени за нив од некоја причина. Можеби се плашите како ќе им изгледа иднината, дали ќе успеете да ги изведете на прав пат и сл. Овој страв е оправдан, но немате причина за црни мисли ако се потрудите да ги воспитате онака како што сметате дека е исправно. Ако копнеете за домотОвие соништа ги сонуваат лица кои го напуштиле домот. Доколку тоа не е случај, истото укажува на проблеми во комуникација со партнерот или домашните. Веројатно често се расправате поради секакви ситници, па не ви се оди дома. Обидете се да го решите тоа бидејќи лошите соништа би можеле и понатаму да ве прогонуваат. Ако копнеете за патувањеДоколку сонувате дека копнеете за заминување на некоја далечна дестинација тоа значи дека секојдневните проблеми и грижи ве гушат до таа мера што сакате да побегнете. Количината на стрес која ја чувствувате би можела сериозно да ви го наруши здравјето. Никој не може да се грижи за вашето здравје освен вас. Ако копнеете за париАко на сон копнеете за пари потсвеста ве предупредува да почнете да ги цените нематеријалните вредности. Во трката за пари сте изгубиле осет за она што е најважно. Факт е дека без пари не може да се живее, но смеете да ги занемарите љубовта, вниманието, добрината и останатите позитивни нешта во кои би требало да уживате. Ако копнеете за љубовКога сонувате дека копнеете за љубов можеби немате доволно во стварниот живот. Доколку тоа не е случај и потполно сте сигурни дека имате луѓе околу вас кои ве сакаат и почитуваат овој сон се однесува на некое друго незадоволство во вашиот живот. Ако копнеете за сексАко сонувате дека копнеете за секс тоа значи дека ви недостасува самодоверба. Можно е да чувствувате дека сте недоволно компетентни да ја работите својата работа или не сте дораснати за некои задачи. Од друга страна, сонот може да се однесува дека не сте сигурни во кој правец ви се движи врската или бракот. Значењето може да биде поедноставно. Ако копнеете за некого или нешто, тоа ви се одразило на потсвеста. Дефиниција за копнеењеКопнеење има повеќе значења: тежнеење за постигнување, потреба за нешто, посакување, страст, и друго. |