Гушење

Term Main definition
Гушење

Ако видите други како се дават: победа над противниците, совладување на пречки; во кал предупредува на несреќа, неочекувана болест.

Ако се гушите на сон – што значи гушење?

Ако сонувате дека самите се давите

Ако на сон имате гушење, тоа имплицира дека без причина се грижите. По природа сте чувствителни и премногу размислувате за тоа што мислат другите. Во состојба сте после некој важен состанок да си го враќате филмот и да го анализирате секој можен гест и збор кои сте ги размениле.

Се трудите на сите да им угодите што ќе бара од вас прилагодување на ставовите и размислувањата кои често не се во склад со вашиот сензибилитет.

Друго значење е дека би требале да одите на лекар. Веројатно ниту самите не знаете кога последен пат сте давале крв или биле на контрола која, по правило, се прави еднаш во годината. Ќе сметате дека сте неуништливи и нема да обрнете внимание на сигналите кои ви ги праќа телото. Исто така, не водите сметка за исхраната и не се придржувате до советите кои стручните лица ги сметаат за основен дел од здравиот живот.

Ако сонувате дека некој ве дави

Ако сонувате дека некој ве дави тоа симболизира кавга. Можеби ќе се расправате со член на семејството кои има преголеми очекувања од вас. Имате чувство дека сака да го постигнете она што нему/нејзе не му оди од рака и на тој начин да си ги излечи фрустрациите од минатото.

Колку и да се трудите да останете доследни на себе, ќе ви биде тешко да се изборите со притисоците на кои секојдневно сте изложени. Овие сонови воглавно се сметаат за кошмари, а толкувањето може да зависи од тоа кој ве давел на сон, контекстот во кој се одвивал сонот како и од деталите кои го следеле.

Во текот на овие сонови можете да чувствувате страв, паника и немоќ.

Ако сонувате дека ве дави татко ви

Кога сонувате дека ве дави татко ви тоа значи дека често кревате паника без причина. Во состојба сте од мува да направите слон, без никаков повод или причина. Со вашето однесување ги фрустрирате луѓето околу вас, особено во такви моменти не сакате да слушате никого, ниту, пак сфаќате дека не сте во право.

Тоа е вашата природа и не можете да се борите против себе, но поради своето здравје би требале да се соочите со фактот дека имате проблем за да можете постепено да го решавате.

Ако сонувате дека мајка ви ве гуши

Овој сон укажува дека се плашите од одговорност. Не сакате да си создавате обврски ниту некому нешто да ветувате, бидејќи сте се сомневале дека ќе го исполнат ветувањето.

Помладите лица поради овие карактеристики долго време ќе бидат во некаква неформална врска и тешко ќе се одлучат на брак или потомство, додека повозрасните очекуваат од партнерот да донесува важни одлуки за да се намали ризикот да бидат виновни за евентуални неуспеси.

Ако сонувате дека вашето дете ве гуши

Доколку сонувате дека вашето дете ве гуши тоа значи дека сте загрижени за неговата иднина. Ова е сосема нормален страв кој го чувствуваат сите родители. Сепак, немате причина за загриженост, ако на своето дете му пружате внимание, љубов и поддршка, сигурно ќе порасне во човек со кого ќе се гордеете.

Ако, пак, сонувате дека туѓо дете ве гуши, а на јаве немате дете, тоа значи дека се грижите за својата егзистенција. Можеби сте западнале во некоја финансиска криза и немате толку пари како што сте имале некогаш. Ќе морате да ги скратите трошоците, што воопшто не ве радува.

На среќа, оваа фаза нема да трае долго и нема да ви остави големи последици, а во меѓувреме ќе научите како да рационализирате со парите кои ги имате на располагање.

Ако сонувате дека ве гуши партнерот/партнерката

Кога сонувате дека ве гуши партнерот или партнерката тоа имплицира дека не сте задоволни од вашиот однос. Можеби во последно време и двајцата сте напнати и нервозни, па комуникацијата ви е влошена. Имате чувство дека партнерот многу подобро функционира со другите луѓе, отколку со вас, а не забележувате дека и кај вас тоа е случај.

Дајте си време и простор, па потоа започнете искрен разговор за она што ве мачи. Ако сакате да ви опстои врската/бракот ќе мора повеќе да се потрудите.

Ако сонувате дека братот или сестрата ве дават

 Сон во кој ве гушат братот или сестрата значи дека таа личност има проблем, но го крие од вас. Во последно време сте забележале дека чудно се однесува и избегнува да ви се довери.

Со оглед на тоа дека отсекогаш сте имале добар однос, ваквото однесување ќе в изненади. Сепак, немојте да инсистирате на разговор, туку почекајте да биде подготвен да ви се довери.

Ако сонувате дека ве гуши работодавецот

Ако сонувате дека вашиот шеф или работодавец ве гуши тоа е јасен показател дека не сте задоволни од фирмата во која работите. Сметате дека вашиот труд би требал повеќе да се вреднува, па наместо да се обидете да се изборите за повисока плата, вие работите помалку за да наштетите.

Тактиката ви е сосема погрешна, бидејќи ако продолжите така ќе добиете отказ а не покачување.

Ако сонувате дека лекарот ве гуши

Ова е многу необичен сон со оглед на тоа дека работата на лекарот е да им помага на луѓето, но сепак нема негативно значење. Се толкува како оздравување, подобрување на физичката и менталната состојба. Во наредниот период ќе се чувствувате добро.

Ќе имате повеќе енергија и волја за работа, дружба и уживање во животот. Не е исклучено да заминете некаде на патување на кое одлично ќе си поминете. Искористете го овој период од животот најдобро што можете.

Ако сонувате дека ве гуши поштарот

Овој сон симболизира лоши вести. Ако чекате резултати од испит или исход од разговор за работа или виза за преселба во странство, големи се шансите да се разочарате.

Сепак, не би смееле да дозволите тоа да ве деморализира, туку да продолжите да работите на себе и да се трудите да го остварите она што сте го зацртале.

Ако сонувате дека ве дави поп (свештеник)

Доколку сонувате дека ве дави свештеник тоа имплицира дека ќе тагувате по некого. Можеби ќе ја изгубите личноста која многу ви значела во животот. Оваа загуба ќе остави трага на вашата душа, па ќе ви треба прилично долго време да се опоравите.

Не е исклучено дека ќе се чувствувате лошо бидејќи драгата личност ќе реши да се пресели во друг град или држава. Разделбата значи дека сте изгубиле некого на кого секогаш сте можеле да му се ослоните.

Ако сонувате дека други луѓе спасуваат давеници

Овој сон укажува дека не би требале да бидете толку себични. Често своите интереси, желби, потреби и чувства ги ставате пред туѓите.

Семејството и пријателите веќе се навикнати на оваа ваша особина, па ви замеруваат потајно, но понатаму во животот ќе запознаете луѓе кои ќе ви укажат дека не сакаат егоисти.  

Ако сонувате дека се давите во крв

Кога сонувате дека се давите во сопствената крв тоа е предупредување да биде поумерени во се она што го работите. Потрудете се да не претерувате во ниеден сегмент од вашиот живот. Ако работите премногу или не си ги контролирате емоциите тоа може да остави негативни последици врз вашето здравје.

Доколку на сон се давите во туѓа крв тоа значи дека ќе откриете нечија тајна.

Со оглед на тоа дека тоа може да влијае врз животите на луѓето кои ви се драги, ќе се двоумите дали да го споделите тоа со нив. Најдобро би било кога би се ставиле во нивна кожа и запрашале дали би сакала да ја знаете вистината.

Ако сонувате дека други се дават во крв

Ако на сон видите дека други се дават во крв тоа значи дека ќе го победите непријателот со неговото оружје. Ќе успеете на време да ги воочите неговите/нејзините намери и со помош на нивната тактика да извојувате победа.

Уште подетално толкување на овие соништа прочитајте во продолжение на текстот.

Ако се давите во море

Сон во кој се давите во море симболизира страв од напуштање. Можеби се плашите дека ќе го изгубите партнерот или некоја друга драга личност во вашиот живот. 

Со оглед на тоа дека тешко создавате нови пријателства, најлошото сценарио би било да останете без неколку луѓе кои ви се најблиски во животот. Овој сон е порака конечно да се отворите кон светот и да почнете за запознавате други луѓе.

Ако се давите во река

Ако во сонот се давите во река тоа укажува на некоја дилема. Можеби се двоумите дали да го промените работното место, местото на живеење или да раскинете со партнерот.

Сигурно сте незадоволни од ситуацијата во која се наоѓате во моментот, но ви е страв да промените било што бидејќи би можеле да го изгубите она што е вредно во вашиот живот.

Ако се давите во езеро

Сон во кој се давите во езеро симболизира скриени чувства кон некого. Можно е да ви се допаѓа личност која не би смеело или се трудите да не кажете пред другите што мислите за нив.

Без разлика дали се работи за позитивни или негативни емоции тешко е да се сокријат. Затоа би ви било најдобро да си признаете себеси и другите како се чувствувате и да ги сносите евентуалните последици од тоа.

Ако се давите во поток

Доколку на сон се давите во поток тоа претставува страв случајно да не откриете нечија тајна. Пријателот или познаникот нешто ви се доверил, бидејќи знае дека тајната ќе остане помеѓу вас.

Меѓутоа, често ви се случува да бидете на работ да се издадете и така да си го расипете односот.

Ако се давите во базен

Кога сонувате дека се давите во базен тоа значи дека имате проблеми со партнерот. Доколку долго време сте во врска или во брак постои можност да сте почнале да ги забележувате неговите/нејзините недостатоци. Неретко започнувате расправа поради ситници и немате потреба да поминувате време заедно.

Ако ваквата ситуација продолжи да трае долго време запрашајте се за што станува збор. Разговарајте со партнерот и обидете се да го решите тоа или да се разделите.

Ако се давите во поплава

Ако сонувате дека се давите во поплава тоа укажува дека конечно ќе согледате каде сте згрешиле и ќе почнете да работите на подобрување на нештата. Најпосле ќе се откажете од некои идеи или проекти кои не ви носат ништо добро и ќе се посветите на она во што сте најдобри.

Веројатно ќе се фокусирате да научите што повеќе за таа работа за да бидете што поефикасни и поконкурентни на пазарот.

Значењето може да биде едноставно. Доколку сте виделе некого како се гуши, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за гушење

Гушење е нарушување кое настанува поради непроточност на дишните органи.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg