Гулаби
Term | Main definition |
---|---|
Гулаби | Бели: среќа, задоволство, радост; ако ги видите на кров: пријатни гласови; ако летаат: ќе доживееш радост; ако убиете гулаб: загуба на верен пријател; ако јадете: лутина во семејството, жалост; ако се бакнуваат: љубовна идила; ако ги пуштите да одлетаат од рацете: привремена разделба со саканата личност; ако ги фатите: ќе претрпите штета, се срамите без причина. Што значи да сонувате гулаби?Ако сонувате бели гулабиАко во сонот видите бели гулаби тоа симболизира љубов. Веројатно вие и вашата партнерка наликувате на гулапчиња, кои и покрај времето, се сакаат исто како на почетокот на врската. Времето само ви го подобрило квалитетот на вашиот однос и направило да станете уште поблиски. Времето само ви го подобрило квалитетот на вашиот однос и направило да станете што поблиски. Многу луѓе ве нарекуваат совршен пар и ве прашуваат кој ви е рецептот за среќа. Ако видите гулаби на кров во сонотКога сонувате дека гледате гулаби на кровот, тоа укажува на тоа дека ќе слушнете пријатни гласови. Можеби ви се допаѓа личност која сè уште не се изјаснила за своите чувства кон вас. Обидете се да и дадете до знаење што сакате на што неговата/нејзината реакција ќе биде онаква каква што сте посакувале да ја доживеете. Ако сонувате дека летаат гулабиАко сонувате гулаби коишто летаат имплицира дека ќе доживеете радост. Ова особено се однесува на вас доколку имате деца. Ќе направите сè за да станат независни и свои луѓе кои од мали нозе се навикнати да работат и да се борат за себе. Нема да им забранувате да живеат со цимерите и да патуваат низ светот сè додека тоа не им влијае лошо врз образованието. Ќе бидете едни од ретките родители кои своите деца ги оспособиле за живот, па тие еден ден ќе ви бидат благодарни. Ако сонувате дека сте убиле гулабДоколку во сонот убивате гулаб, тоа означува расправа со некој пријател. Може да се случи поради некој кој не заслужил, да ја повредите личноста која секогаш била покрај вас. Кога ќе сфатите што сте направиле, ќе биде доцна да се покаете. На потежок начин ќе научите дека не смеете никого да го земате здраво за готово бидејќи тоа може да биде сигурен рецепт за загуба на оние кои навистина ви значат. Ако сонувате дека јадете гулабиАко сонувате дека јадете гулаби тоа симболизира лутина во семејството. Можеби често се расправате со родителите замерувајќи им за нешта кои не ви ги обезбедиле или кои погрешно ги направиле. Сметате дека се виновни поради вашите неуспеси и велите дека вашите деца никогаш нема да ги воспитате на таков начин. Секогаш заборавате дека ви го пружиле својот максимум, колку и да ви се чини безначаен. Ако сонувате дека гледате како гулаби се бакнуваатАко во сонот гледате како се бакнуваат гулаби, тоа имплицира дека вашите љубовни врски се кратки. Вие го живеете животот со полни гради и го правите она што ве прави среќен/среќна. Според овој принцип се раководите и во врските кои траат сè додека во нив се чувствувате пријатно. Жал ви е кога некого ќе го повредите, но повеќе си ја сакате слободата и се трудите да ја задржите. Ако сонувате дека пуштате гулабиКога во сонот пуштате гулаби да одлетаат, тоа укажува дека привремено ќе се разделите од саканата личност. Веројатно ќе решите да ја жртвувате врската за да може партнерот или партнерката да ги реализира своите соништа. Иако ќе ви биде тешко, нема да сакате во иднина да ви префрла дека поради вас не постигнал/ла успех кој му/ѝ бил на дофат на рака. Ако сонувате дека фаќате гулабиАко сонувате дека фаќате гулаби тоа значи дека без причина сте срамежливи. И покрај сето ваше знаење и способности, повеќе сакате да останете во сенка не трудејќи се да се наметнете на луѓето кои би умееле да ве наградат онака како што заслужувате. Се чудите кога ќе видите кој се напредува, но ниту тоа не ве поттикнува да се покажете во вистинско светло. Исто така, слично се однесувате и во љубовта, па интерес покажувате само кон оние кои јавно ви даваат до знаење дека сакаат да бидат во врска со вас. Може да се случи да ризикувате и повеќе да сакате да играте на сигурно. Ако сонувате дека други луѓе фаќаат гулабиСонот во којшто гледате како некој друг човек фаќа гулаби имплицира дека имате таен обожавател. Постои личност во вашето опкружување на која многу ѝ се допаѓате, но се плаши да ви го признае тоа. Ситуацијата дополнително ја комплицира фактот дека тој или таа има партнер/партнерка. На тој начин секој нареден чекор претставува опасен ризик. Доколку обрнете внимание сигурно ќе забележите за кого се работи. Вам ви останува да одлучите што ќе преземете по тоа прашање. Ако сонувате дека други луѓе убиваат гулабиДоколку во сонот видите дека некој друг човек убива гулаби тоа значи дека можеби ќе бидете присилени да ја играте улогата на арбитер во спорот помеѓу две лица кои подеднакво ви се драги. Ќе започнат сериозна расправа и ќе побараат од вас да го искажете сопствениот став и да заземете една страна. Ќе ви биде мачно бидејќи ве довеле во прилично непријатна ситуација, но ќе ги употребите своите дипломатски вештини да си го искажете сопственото мислење, а притоа никого да не повредите. Ако сонувате дека држите гулаб во ракаАко сонувате дека држите гулаб во раката тоа укажува на вашата желба да се занимавате со креативна работа која усреќува други луѓе. Имате многу таленти, но немате многу можности да им го покажете тоа на другите луѓе. Веројатно се занимавате со нешто што не ја бара вашата креативност и фантазија, па тоа го компензирате занимавајќи се со хоби во коешто уживате. Ако имате повеќе слободно време посветете се на хоби, можеби во иднина ќе ви стане редовен извор на приходи. Ако сонувате дека други луѓе држат гулаб во рацетеКога сонувате дека некој друг држи гулаб во рака тоа имлицира дека ќе доживеете убави моменти со саканата личност. Можеби ќе заминете на романтична вечера или патување за коешто долго време мечтаете. Тоа дополнително ќе ве зближи, па ќе бидете сосема сигурни дека тоа е личноста со која ќе сакате да го поминете остатокот од својот живот. Ако сте сами во овој момент, големи се шансите дека набргу ќе се заљубите. Ако сонувате дека храните гулабиХранењето гулаби во сонот тоа е предупредување да внимавате кому се доверувате. Покрај себе имате некого кој би можел да ви ги изврти зборовите и да ги преувеличи и на тој начин да ви нанесе штетата. Ако сонувате дека некои други луѓе хранат гулабиКога сонувате дека некои други луѓе хранат гулаби тоа може да укажува на деловен успех. Вашиот труд и работа конечно ќе почнат да ви се исплаќаат. Ако сонувате како паѓаат гулабиДоколку во сонот видите гулаби како паѓаат тоа симболизира лоши вести. Можеби поради извесни објективни причини ќе морате да го одложите патувањето или прославата. Ќе ви се случат некои нешта поради кои тоа нема повеќе да ви биде приоритет. Важно е да останете позитивни и да не дозволувате стресот негативно да се одрази на вашето здравје. Ако сонувате јато гулабиЈато гулаби во сонот симболизираат слобода. Веројатно сте во однос кој ве спречува или сте дозволиле деловните обврски да ви го управуваат животот. Копнеете за моментот кога конечно ќе почнете да дишете со полни гради, но првин мора да се изборите за такво нешто. Ако сте во врска или во брак со многу љубоморна личност, мали ви се шансите дека ќе го доживеете она за коешто мечтаете. Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте виделе гулаби, тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз потсвеста. Дефиниција за гулабиГулаб е род на птица од истоименото семејство распространето низ целиот свет. |