Дуња
Term | Main definition |
---|---|
Дуња | Ако берете дуњи на сон тоа симболизира богатство; ако јадете значи дека многу луѓе ви завидуваат. Ако видите дуња на сон тоа значи дека ви претстои жалост на јаве. Што значи да сонувате дуњи?Ако сонувате дуњиАко видите дуњи во сон тоа е предупредување дека ќе бидете во жалост на јаве. Можеби ќе мора да се разделите од личноста која многу ја сакате. Тоа може да биде пријател, член на семејството или партнер. Ќе ви биде тешко да го поднесете овој период и ќе се обидете да пронајдете начин да си го исполните времето до следната средба. Ако сонувате дека берете дуњиКога сонувате дека берете дуњи тоа симболизира богатство. Од мали нозе сте сакале да бидете најдобри и најуспешни во се она што го работите. Многу сте снаодливи и како поминуваат годините така сте станувале се понезависни. Во наредниот период ќе уживате во плодовите на вашиот труд и ќе се почувствувате горди поради се што сте постигнале во животот. Ако сонувате дека други берат дуњиСон во кој другите берат дуњи укажува дека имате соперник на работа или во приватниот живот. Некој ќе се потруди преку вас да дојде до целта – подобро работно место или човек-жена на својот живот. Можеби ќе ви се претставува како пријател/пријателка, па нема да го или ја доживувате како закана, но секако дека би требале да бидете повнимателни за да не успее да го спроведе планот на дело. Ако сонувате дека јадете дуњиАко сонувате дека јадете дуњи имплицира дека многу луѓе ви завидуваат. Каде и да се појавите, плените со убавина и интелигенција. За многу кратко време станувате главна тема на разговор и злонамерни трачеви на припадници или припаднички на истиот пол. Често се трудат да ви ископаат нешто од минатото за да го извалкаат вашиот углед и да докажат дека не сте совршени како што мислат другите. Ако сонувате дека други јадат дуњиАко сонувате дека други јадат дуњи тоа значи дека без причина се сомневате во партнерот или блиската личност. Сте забележале некои знаци и сега се плашите дека би можел/а да ве изневери во емотивна или која било друга смисла. Премногу сте параноични, што произлегува од лоши искуства од минатото. Ако имате некои сомнежи разговарајте со него/неа, но немојте да го обвинувате без докази. Ако купувате дуњиДоколку на сон купувате дуњи тоа значи дека ви претстои убава средба со личност која долго време не сте ја виделе. Можно е да станува збор за некој пријател или роднина кој не живее во вашиот град. Ќе се израдувате кога ќе го/ја видите, па ќе се договорите да се дружите и да евоцирате заеднички спомени од минатото. Ќе станува збор за мала ретроспектива од вашето детство или младост кои ќе ви измамат насмевка на лицето. Ако продавате дуњиСон во кој продавате дуњи значи финансиска криза. Можно е да заработувате многу помалку отколку што би требале. Тоа ќе се одрази на вашиот буџет до таа мера што никогаш нема да можете да издржите до крајот на месецот без стрес. Обидете се да направите анализа каде ги трошите парите и да ги ревидирате трошоците. Сигурно има нешта кои не ви се потребни. Ако подарите дуњаАко на сон некому подарите дуња тоа може да значи дека некој ќе ја побара вашата помош, но вие ќе мора да го одбиете поради свои лични обврски. Од друга страна, можеби пријателот ќе ве замоли да му позајмите пари, но нема да бидете во можност бидејќи и самите се наоѓате во голема криза. Долго време ќе ве измачува фактот дека не сте му помогнале кога му било најпотребно, затоа што знаете дека тој секогаш радо ви помагал. Помирете се дека ситуацијата е таква и обидете се да му објасните за што се работи. Сигурно следниот пат ќе му излезете во пресрет. Ако некој ви подари дуњаОвој сон укажува на тоа дека имате таен обожавател. Во блиско опкружување постои личност на која многу ќе и се допаднете, но ќе се плаши да ви пријде. Причините можат да бидат различни, од тоа дека се плаши дека ќе го/ја одбиете, до фактот дека имате партнер/партнерка. Можеби сте забележале некои знаци, но сте одлучиле да ги игнорирате. Ако сте слободни и ако ви се допаѓа нема причина да не направите прв чекор. Ако украдете дуњаАко украдете дуња во сон тоа значи дека во блиска иднина ќе успеете да ги вратите долговите. Тоа ќе ви донесе големо олеснување бидејќи сигурно веќе некое време се мачите бидејќи не сте можеле да најдете решение. Ова исто така е важна лекција – не се задолжувајте ако немате навистина добра причина. И самите сте свесни дека кога-тогаш ќе мора да го платите долгот, па она што ќе го заработите ќе морате да го дадете на некој друг. Ако сонувате дека некој ги краде вашите дуњиДоколку некој ги краде вашите дуњи тоа симболизира расправа со блиска личност или колега од работа. Причината поради тоа ќе биде недоразбирање или лоша комуникација. Никако нема да можете еден на друг да си ги објасните причините бидејќи не сте сработиле нешто што го сметате за правилно. Другата страна ќе ве обвини дека сте тврдоглави и суетни, но и вие за неа ќе го делите истото мислење. Не смеете овие кавги да ви го нарушат односот, бидејќи наголемо зависите еден од друг. Ако на сон лупите дуњаАко на сон лупите дуња тоа укажува на подготвеност некому да се доверите. По природа сте затворена личност и не сакате да делите приватни нешта со другите. Меѓутоа, сте запознале некого кому му верувате, па сепак ќе му ја откриете својата тајна. Иако се плашите дека тоа би можело да ве чини, верувајте дека немате никаква причина за страв. Ако сонувате дека лупите дуњи која е под коренот е трула тоа значи дека ќе се разочарате во блиска личност или ќе ве навреди некој негов збор или постапка. Ако фрлите дуња на сонКога сонувате дека фрлате дуњи на сон во корпа за отпадоци тоа може да има повеќе значења, а сите се однесуваат на трошоци поради вложувања. Можеби ќе одлучите да реновирате куќа или стан или ќе купите автомобил или некоја недвижнина. Ќе станува збор за некоја инвестиција од која со текот на времето ќе профитирате многу. Ако сонувате чај од дуњаДоколку сонувате дека пиете или варите чај од дуња тоа значи дека конечно ќе се одлучите да посветите повеќе внимание на физичкиот изглед. Можеби е време да почнете да држите диета, да одите на трчање или во теретана. Покрај сите надворешни промени, ова благотворно ќе ви делува и на вашиот дух. Ако пиете сок од дуњиАко вие или некој друг во вашиот сон пиете сок од дуњи, тоа имплицира дека во друштвото ќе се ослободите од стресот и од нервозите. Ќе сфатите дека дружењето со најмладите најмногу ви одговара бидејќи се искрени и забавни за разлика од некои возрасни луѓе. Ако сонувате компот од дуњиСон во кој правите компот од дуњи тоа укажува дека пред вас е еден убав период во кој ќе се почувствувате сјајно и со позитивна енергија ќе го плените вниманието на другите. Ако во моментот сте сами, ќе прифатите флерт со личност која подолго време ве привлекува. Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку пред скоро време сте береле или јаделе дуњи, тоа сигурно ви оставило впечаток. Дефиниција за дуњаДуњата е единствениот претставник на родот Cydonia и има тврд плод во жолта боја, благ мирис и кисело-сладок вкус. |