Дуќан
Term | Main definition |
---|---|
Дуќан | На сон предупредува на неуспеси во тргување, трошоци. Што значи да сонувате дуќан (маркет, продавница)?Ако отворате дуќан на сонАко на сон отворате дуќан (маркет, продавница), тоа означува дека паметно ќе ги вложите парите. Можеби планирате да започнете сопствен бизнис со кој неодамна сте сакале да се занимавате. Од самиот почеток на кариерата сте се труделе да бидете опкружени со луѓе од кои сте можеле да учите и да крадете занает. Зад вас е многу труд и непрoспиени ноќи кои ќе гарантираат успех во работата со која сакате да се занимавате. Ако сонувате дека затворате дуќанАко сонувате дека затворате дуќан имплицира дека некому ќе му водите инает. Кога ќе одлучите плановите да ги спроведете на дело, никогаш не се oсврнувајте на советите на околината кои се чиста спротивност на вашите мислења. Знаете дека другите не ви посакуваат лошо, но се водите според своите инстинкти за да докажете дека се држите до принципите, иако понекогаш можеби ќе имате повеќе штета отколку корист од нив. Ако сонувате дуќанДоколку на сон видите дуќан тоа означува дека хобито ќе го претворите во работа. Кога некој би ви кажал дека главниот извор на заработка ќе ви биде нешто со кое сте се занимавале во слободното време, би помислиле дека се шегува. Првенствено, ќе ви претставува бегство од секојдневната рутина, но како ќе расте бројот на обожавателите на вашите дела, така ќе мора да побарате помош за да можете на сите да им излезете во пресрет. Ако сонувате полн дуќанКога сонувате полн дуќан со различни артикли тоа значи дека наскоро ќе мора да донесете важни одлуки. Веројaтно се двоумите поради нешто што би можело да го промени текот на вашиот живот. Можеби имате можност да го продолжите школувањето во некој друг град или држава или понуда која вклучува преселба во странство. Од една страна би сакале да прифатите, а од друга се плашите дали ќе успеете. Едно е сигурно, ако не пробате никогаш нема да ги дознаете одговорите на вашите прашања. Ако сонувате празен дуќанСон во кој гледате дуќан без никакви производи укажува на тежок период во текот на кој се добро ќе се заврши. Вашата психичка состојба е стабилна и поради тоа многу луѓе ви се воодушевуваат. Не сте паничар, ниту пак личност со ограничен светоглед. Напротив, благодарение на ведриот дух и позитивното размислување ќе ги пребродите сите можни пречки на кои ќе наидете во животот. Ако сонувате дека купувате во дуќанАко сонувате дека купувате во дуќан тоа значи дека сте ги потцениле своите способности. Веројатно работите нешто што не го сакате бидејќи се плашите дека нема да можете да пронајдете подобро работно место. Повеќе би сакале да се мачите отколку да конкурирате на друго работно место. Убедени сте дека ниту една друга фирма нема да ве прими, а при тоа не сте се ни обиделе. Ако конечно се решите да ја напишете вашата работна биографија ќе согледате дека поседувате многу квалитети кои работодавачите ги сметаат за многу пожелни. Ако сте продавач во дуќанОвој сон е порака на време да им покажете на другите што знаете и умеете да направите. Предолго време се криете зад другите луѓе и не ги покажувате вистинските вредности. На работа или во друштво пуштате колеги и пријатели да го имаат главниот збор, а сосем солидно извршувате функции кои другите ќе ви ги доделат. Меѓутоа, имате толку многу квалитети да бидете лидер, само многу добро ги сокривате бидејќи се плашите дека на другите тоа нема да им се допадне. Со малку поголема самодоверба можете да постигнете што ќе си замислите. Ако сонувате дека крадете во дуќанОвој сон може да има повеќе различни значења во зависност од тоа кој предмет сте го украле во продавница. Ако се работи за нешто специфично, тоа е поврзано со вашите желби на јаве. Можеби сте заборавиле да купите млеко, шеќер, кафе или цигари на јаве, па сте ги украле на сон. Доколку не запомните што сте украле во дуќанот или ако сонувате дека крадете различни артикли тоа укажува на неспособност да ги артикулирате вашите чувства. Дури и кога сакате некому да признаете дека ви се допаѓа или не. Исто важи и за некои желби и потреби. Веројатно ви е полесно да го задржите за себе отколку да им го кажете на другите. Ако сонувате дека други крадат во дуќанКога ќе видите во вашиот сон дека други крадат тоа значи дека ве боли неправдата која некој ја доживува. Веројатно во своето опкружување имате личност за која сте сигурни дека заслужува многу повеќе од животот, но не го добива. Сигурно ви е жал поради тоа што нема среќа во љубовта или не работи работа за која се школувал/ла, не знаете како да му/и помогнете. Ако сонувате дека ограбувате дуќанАко сонувате дека сте напаѓач тоа претставува предупредување да престанете да присилувате некого да работи нешто против своја волја или да престанете да наметнувате свое мислење и ставови на други луѓе. Ако сонувате дека сведочите грабеж на дуќанАко на сон видите грабеж на дуќан тоа обично не е добар знак. Би можело да укажува на финансиски проблеми. Веројатно во последно време трошите многу повеќе отколку што заработувате, па пред плата мора добро да се „стиснете“. Ова ви е порака да почнете подетално да планирате трошење на буџет со кој располагате за да не западнете во голема криза. Ако сонувате дека уривате дуќанСон во кој вие уништувате дуќан симболизира бес и лошо расположение. Сигурно поради нешто сте лути или загрижени, а не можете тоа да го контролирате. Сте се обиделе да го задржите за себе, па затоа ви се јавуваат вакви агресивни мотиви на сон. Мора да научите да ја канализирате лошата енергија, инаку често ќе сонувате вакви агресивни мотиви на сон. Мора да научите да ја канализирате лошата енергија, инаку почесто ќе сонувате вакви сонови. Ако сонувате дека други уриваат дуќанАко сведочите дека други луѓе насилно уништуваат дуќан тоа имплицира дека на сон преживувате непријатно доживување на јаве. Можеби неодамна сте учествувале или сведочеле за мачниот разговор помеѓу две лица. Сте се нашле во погрешно место и во погрешно време. Не сте можеле на ништо да влијаете, освен да се тргнете настрана. Ако сонувате дека палите дуќанКога на сон палите дуќан тоа може да значи дека се наоѓате под голем стрес поради проблемите со кои се соочувате во моментот. Друго значење е тоа дека ќе слушнете вести кои ќе ве изненадат и ќе ве шокираат, а се поврзани со некој пријател или познаник. Ако сонувате дека други палат дуќанДоколку на сон видите дека некој пали дуќан додека вие се наоѓате во него тоа значи дека би требале да бидете повнимателни при изнесување критики на сметка на драги луѓе, бидејќи често вашите зборови ги навредуваат. Ако не ја промените оваа грда навика пријателите ќе почнат да ве одбегнуваат бидејќи не се чувствуваат добро во ваше друштво и не сакаат да слушаат како ги критикувате. Доколку сте, успеале да побегнете од пожар тоа значи дека неволјата од која се плашите сепак ќе ве заобиколи. Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте виделе дуќан тоа сигурно ви оставило впечаток. Дефиниција за дуќанДуќан е трговска работилница која се занимава со продажба на мало. |