Дух
Term | Main definition |
---|---|
Дух | Неочекувана измама или скриена страст. Што значи да сонувате дух?Ако видите дух на сонАко видите дух на сон тоа значи дека некој ќе ве измами. Можеби на работа ќе доживеете непријатна ситуација бидејќи ќе ве обвинат за нешто што не сте го направиле. Сте се замериле со колега или шеф кој најмногу од се би сакал да ви го види грбот. Ќе го чека моментот да направите грешка и да ве казни најстрого. Ќе мора да бидете внимателни ако работите со пари за да не ви се појави недостаток. Ќе бидете под стрес поради проблемите со кои се соочувате, па веројатно ќе одлучите да го прекинете измачувањето и да побарате друга работа. Ако во сонот вие сте духКонечно ќе ја добиете долгоочекуваната поддршка. Ако разговарате со духКога сонувате дека разговарате со дух, тоа означува дека ги криете чувствата. Се плашите да признаете дека ве привлекува личност со која не сте во врска. Можеби и двајцата сте во врска, што дополнително ја отежнува вашата ситуација. Ќе се трудите да не размислувате за него/неа, но страста ќе ве надвладее. Веројатно имате проблем во врската или во бракот со партнерот, па оваа личност ќе ви биде голема поддршка и рамо за плачење. Кога ќе станете свесни за неприликите кои би можеле да ги создадете ќе биде предоцна бидејќи сте станале блиски и не можете да се разделите. Ако сонувате дека се расправате со духАко на сон се расправате со дух тоа имплицира дека не се борите доволно за своите цели. Сте станале мрзливи и неуспехот потполно ве поколебал. Тешко ви е да го направите првиот чекор и секоја идеја уште на самиот почеток ја осудувате на пропаст. Често одите по линија на помал отпор. Полесно ви е да се жалите отколку да сторите нешто за вашата судбина. Ако сонувате дека некој друг се расправа со духДоколку во ваш сон некој друг се расправа со дух тоа значи залуден труд. Ќе се обидете да промените мислење на некоја личност за ва, но тоа никако не ви оди од рака. Понекогаш ќе размислувате за тоа дека можеби тој/таа се во право, дека вие навистина сте таква личност. Сепак, тоа нема долго да трае бидејќи вие најдобро се познавате себеси. Ако сонувате дека се борите со духКога сонувате дека се борите со дух тоа значи дека себеси сте си најголем непријател. Иако честопати ги обвинувате другите за сопствените грешки и неуспеси, свесни сте дека за многу нешта самите сте си виновни. Можеби ќе ве навреди некој збор, но ќе знаете дека лицето е во право и дека тоа ви го говори со најдобри намери. Ќе се запрашате како сте се довеле до таа ситуација и ќе заклучите дека сте „невидливиот непријател“ на самите себе. Тоа ќе биде првиот чекор кон промена. Најдобро би било да тргнете од ситници, па после да се занимавате со посериозни нешта. Секој мал успех ќе ви причинува задоволство и ќе ви дава сила да одите напред. Ако сонувате дека некој друг се бори со духАко во вашиот сон некој друг се бори со дух тоа симболизира страв за блиска личност. Можеби некој од вашите блиски пријатели се нашол во непријатна ситуација. Не знаете како да му/ ѝ помогнете иако имате силна желба. Меѓутоа, рацете ќе ви бидат врзани и единственото што ќе можете да го направите за него/неа е да бидете покрај него/неа. Ако сонувате дека убивате духДоколку сонувате дека убивате дух тоа значи дека ќе се ослободите од голем проблем. Некоја мака ве загрижува веќе подолг временски период. Сте се труделе на секој можен начин да го решите, но резултатот никако да излезе на површина. Откако ќе размислите со ладна глава за сè и ќе ги согледате нештата од друг агол, решението само ќе се укаже. Морате да имате трпение за да се предадете на секој предизвик, но тоа повеќекратко ќе ви се исплати. Ако сонувате дека некој друг убива духСон во кој некој друг убива дух значи дека ќе добиете понуда за работа која подразбира заминување во странство. Промената ве плаши, но ќе сфатите дека тоа е најдоброто што ви се нуди во моментот. Чувствата ве врзуваат за ова место, но разумот говори дека не е време само да свртите нов лист, туку и да земете нова книга. Ако сонувате дека се криете од духовиАко на сон се криете од дух веројатно ве гризе совеста. Сте му погрешиле на пријателот или на партнерот. Сте го излажале нешто за да не го/ја разочарате. Иако сметате дека тоа е најдобро и верувате дека вашата тајна може да остане скриена, потсвеста нема да ви дозволи да се смирите. Ако на јаве заборавите на тоа, соновите со вакво значење може да ве мачат секојдневно. Размислете дали е вредно за вашиот мирен сон. Ако сонувате дека некој друг се крие од духКога на сон ќе видите дека некој друг се крие од дух тоа значи дека ќе и помогнете на драга личност во неволја. Вашите совети ќе му помогнат да најде решение. Ќе бидете горди на себе, но и на него/неа бидејќи ќе знаете дека сте постапиле добро. Ако сонувате дека се обидувате некого да скриете од духДоколку на сон се обидувате да скриете некого од дух можеби имате страв од загуба на сакана личност. Комуникацијата со партнерот не ви е на завидно ниво. Тоа се одразува на секој сегмент од вашиот живот. Прилично сте незадоволни од неговите/нејзините постапки, па често сте се обидувало тоа да го укажете. Сепак, не сте го добиле очекуваниот одговор, туку кавгата преминувала во друга насока. Тој/таа почнале да ви префрлаат за грешките што ги правите. Можете да се надевате дека нештата ќе се променат и дека ќе се потрудите да поработите на вашиот однос или да одлучите да се разделите. Изборот е ваш. Ако сонувате дека бегате од духАко сонувате дека бегате од дух тоа симболизира скриени чувства. Можеби ви се допаѓа личност од вашето блиско опкружување, но сте се одлучиле да го криете тоа бидејќи се плашите да не си го расипете односот. Понекогаш имате чувство дека и тој/таа негуваат чувства кон вас, но никако не можете да бидете сигурни дека не сте си го умислиле тоа. Се надевате дека се работи само за фаза и дека ќе помине, но потајно се надевате дека сепак ќе се случи нешто помеѓу вас. Ако сонувате дека некој друг бега од духСон во кој некој друг бега од дух означува добри вести. Можеби ќе ви се укаже прилика да отпатувате или да го промените местото на живеење. Оваа промена позитивно ќе влијае врз вашето тело и духот. Ќе се одморите и ќе ги наполните батериите за нови предизвици. Ако сонувате дека водите љубов со духКога на сон водите љубов со дух тоа имплицира дека имате ниско мислење за себе. Не се сметате за привлечна личност, па секој кој ви се доближи го гледате со сомнеж. Потешко склопувате пријателства и се движите во круг на луѓе кои ги познавате и кои ве познаваат. Би сакале да најдете партнер, но убедени сте дека тоа никогаш нема да се случи. Дозволите им на пријателите да ви помогнат, а советувањето со стручно лице воопшто не би била лоша одлука. Ако неодамна сте гледале некој хорор филм толкувањето на сонот е поедноставно – тоа што сте го гледале ви оставило впечаток кој од јаве се пренел на сон. |