Другар

Term Main definition
Другар

Ако го сретнете: неочекуван настан; ако јадете заедно: непријатности на повидок; ако го сонувате дека починал: ќе слушнете некоја важна новост.

Што значи да сонувате другар?

Ако го сретнеш другарот во сон

Ако на сон го сонувате вашиот другар, тоа симболизира неочекуван настан. Веројатно после долго време ќе видите личност со која сте биле многу блиски, но околностите влијаеле да се оддалечите. И покрај тоа ќе ви биде исклучиво драго што сте си направиле муабет и што сте дознале што се случува во вашите животи и какви планови за иднина имате.

Во некои моменти ќе почувствувате носталгија за времето во кое сте биле безгрижни и ќе посакате да го продолжите вашето пријателство онаму каде што застанало.

Ако сонувате дека јадете со другарот

Кога сонувате дека јадете со другарот, тоа е предупредување дека ќе доживеете непријатности. Можеби сте се обиделе да го споите убавото со корисното, па сте започнале деловна соработка со пријателот. Ќе произлезе дека тоа било лоша одлука која би можела да го загрози вашиот однос.

И двајцата ќе имате коментари кои ќе ја повредат другата страна, па ќе посакате никогаш  да не сте ја започнале оваа неизвесна авантура.

Ако го сонувате починатиот другар

Ако го сонувате починатиот другар тоа укажува дека ќе слушнете значајна вест. Доколку се работи за стипендија или понуда за работа која би барала од вас да се преселите во друга држава, ќе бидете изложени на големи маки бидејќи нема да бидете сигурно што сакате.

Од една страна имате премногу луѓе и спомени што ве спречуваат да одите, додека другите од вас очекуваат посигурна и поубава иднина.

Ако сонувате дека разговарате со другарот

Овој сон предвидува состанок со таа личност во блиска иднина. Веројатно ќе ве замоли за помош или совет во врска со некоја важна одлука.

Потрудете се да одговорите на неговиот повик или барем да му дадете поддршка во овие тешки моменти. Можеби нема да можете да направите ништо по тој повод, но тоа не е причина да го избегнувате. 

Ако сонувате дека го лажете другарот

Доколку во сон го лажете другарот тоа имплицира дека неговите особини никако не можете да ги поднесете.  Меѓутоа, ако тоа не ве загрижува вас, ниту пак вашето пријателство немате причина да се грижите. Прифатете го таков каков што е или немојте повеќе да се дружите.

Ако сонувате дека се расправате со другарот

Ако сонувате дека се расправате со другарот тоа значи дека сте среќна личност бидејќи околу себе имате искрени пријатели кои во секој момент ќе ви ја кажат вистината без страв од вашата реакција. Веројатно поради тоа постојано сте лути, но свесни сте дека мора да бидете благодарни што покрај себе имате луѓе кои ви посакуваат добро.

Ако сонувате дека се тепате со пријателот

Доколку на сон се тепате со другарот тоа имплицира дека сакате да му помогнете. Можеби ќе почне да се дружи или да соработува со луѓе кои не ви влеваат доверба. Прво ќе откриете дали сте во право, а потоа ќе го наговорите да се тргне од нив ако не сака да западне во сериозни проблеми.

Можеби вашите методи ќе бидат помалку груби, но ќе знаете дека тоа е единствен начин да го спречите да направи грешка за цел живот.

Ако сонувате дека сте убиле другар

Кога сонувате дека сте го убиле својот другар тоа може да биде сериозно вознемирувачко искуство. Запрашајте се дали некогаш сте сонувале такво нешто. Можеби во вашиот однос постои нешто што долго време ве мачи, а не сакате да го признаете ниту нему ниту себе.

Од друга страна, можно е тој да го променил односот кон вас или пак му љубоморите од некоја причина. Конкретното значење лежи токму во вас.

Ако сонувате дека сте го предале другарот

Кога сонувате дека сте го предале пријателот тоа укажува на расправија со блиска личност на која можеби ќе и кажете многу нешта што не ги мислите. Ќе изговорите зборови кои ќе го повредат вашиот соговорник, а поради тоа и самите би можеле да зажалите. После ова вашиот однос никогаш нема да биде ист. Помирете се со фактот дека сте главниот виновник поради тоа.

Ако сонувате дека ве предал другарот

Ако ве предаде пријателот на сон тоа всушност е многу добар знак. Сонот укажува дека вашиот однос ќе стане посилен од порано. Можеби ќе ве замоли да му бидете кум на венчавка или крштевка на неговото дете или внуче.

Ако сонувате дека сте го изгубиле другарот

Овој сон нема добро значење и обично претставува предупредување на несреќа. Можеби ќе се соочите со тешка и неочекувана загуба. Тоа многу силно ќе ве погоди и ќе ви треба долго време да си дојдете на себе. Сепак, верувајте дека само со силата на волјата човекот може да го преживее секој предизвик во животот.

Ако сонувате дека вашиот другар е болен

Доколку на сон видите болен другар тоа симболизира лошо расположение поради кое често ќе се расправате без никаква причина. Лошата комуникација ќе биде предизвикана од некои внатрешни стравови и дилеми со кои се соочувате, а не знаете како да ги решите. Можеби за тоа треба да разговарате со личноста на која и верувате. Сигурно ќе ви даде совет како да ја совладате кризата.

Ако сонувате дека сте горди на вашиот другар

Ако во сонот сте горди на вашиот пријател можно е дека ќе ве разочара наградата на која долго време сте и се радувале. Веројатно покачувањето на кое сте се надевале нема да биде во точниот износ кој сте го очекувале или нешто кое долго време сте го штеделе нема да ги исполни вашите очекувања. Од друга страна, можеби личноста која сте сакале да ја запознаете ќе покаже некои особини кои воопшто нема да ви се допаднат.

Ако сонувате дека се бакнувате со другарот или другарката

Кога на сон се бакнувате со другарот или со другарката тоа значи дека ќе се согласите да флертувате со личност која воопшто не ви се допаѓа. Ќе ви годи неговото/нејзиното внимание, но набргу ќе сфатите дека сте претерале и ќе се повлечете пред да го повредите.

Ако сонувате дека патувате со другарот

Иако овој сон звучи многу убаво, истиот нема позитивно значење. Можеби во блиска иднина ќе се скарате со оваа личност што ќе доведе до прекинување на контактот.

Ако сонувате дека ве посетил другар во домот

Доколку сонувате дека другарот ве посетил во вашиот дом, тоа укажува на добри односи со луѓето. Во текот на наредниот период ќе оставите добра комуникација со колегите, пријателите и деловните соработници. Не е исклучено ниту познанство со некого кој би можел да ви помогне во работа.

Ако посетите другар на сон

Кога на сон ќе го посетите другарот во неговиот дом тоа значи дека би требале да бидете трпеливи на патот до големиот успех. Вашиот личен напредок во кариерата зависи токму од тоа дали и колку можете да почекате да го постигнете она што го сакате.

Значењето на овој сон може да биде многу поедноставно. Ако пред скоро време сте виделе некој ваш другар, тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз вас.

Дефиниција за другар (пријател)

Другар е именка која означува пријател, соработник или сојузник.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg