Дива патка
Term | Main definition |
---|---|
Дива патка | Ако сонувате диви патки значи дека ви претстои помала загуба. Што значи да сонувате дива патка?Ако сонувате дива паткаАко на сон видите дива патка тоа е предупредување дека ќе имате помали трошоци. Можеби ве очекува прослава за која нема да ви биде жал да издвоите поголема сума на пари. Доколку се работи за блиска личност која ве задолжила на некој начин, ќе посакате освен финансиски и на друг начин да допринесете да помине во најдобар ред. Ако слушнете диви патки на сонКога сонувате дека слушате диви патки, тоа симболизира расправија. Веројатно сте во судир со членови на семејството кои сакаат да ви наметнат свое мислење за да го работите она што ним им одговара. Таквиот став ќе ви ја пробуди желбата да им пркосите и да им докажете дека ќе се однесувате онака како што сакате, макар било и на ваша штета. Ако ловите диви патки на сонАко сонувате дека ловите патки тоа имплицира дека имате потреба од нови предизвици. Не спаѓате во група на луѓе кои мислат дека учењето престанува со завршувањето на школото или факултетот, туку се трудите да се најдете во ситуација која ќе ви овозможи да запознаете луѓе и да стекнете нови знаења и вештини. Ако сонувате дека храните диви паткиДоколку сонувате дека храните диви патки тоа значи дека конечно ќе сфатите дека треба да одвоите време за себе. Ќе почнете секојдневно да се шетате, да возите велосипед, да се занимавате со некаква физичка активност. Не е исклучено ниту дека ќе се вратите на хобито во кое некогаш сте уживале, а кое во последно време сте го занемариле. Сето тоа делотворно ќе делува на вашиот дух и тело. Ако сонувате дека други хранат паткиАко видите дека други хранат патки на сон, можно е долгогодишниот познаник да ве покани на кафе или пијалак. Нема да ве поканат од емотивна причина, туку бидејќи ве смета за интересна личност со која би сакал поубаво да се запознае. Немојте да ја одбивате поканата, бидејќи би можеле да доживеете прекрасни моменти со оваа личност. Ако сонувате дива патка на водаКога на сон гледате дива патка на вода тоа значи дека ќе бидете принудени да ги закопате воените секири со личност со која долго време не комуницирате. Работата, факултетот или некоја друга обврска ќе ве натера на тоа, па ќе прогласите примирје и ќе ги разјасните несогласувањата кои настанале помеѓу вас. Ако сонувате дива патка на копноДоколку видите дива патка на копно на сон тоа имплицира дека ќе мора да се правдате за своите постапки. Некои нешта ќе ги направите поради тоа што можат да придонесат за напредок во општеството или заедницата во која живеете, но околината ќе ве обвини дека премногу се преткате во туѓи животи. Ова обвинување многу ќе ве вознемири, бидејќи во сето тоа не сте барале ваш интерес, туку добробит за повеќе луѓе. Ако сонувате дива патка со мали патчињаСон во кој гледате дива патка со мали патчиња симболизира нов почеток. Ќе донесете некои одлуки кои од корен ќе ви го променат животот. Можеби ќе промените работа, факултет, место на живеење, па дури и брак или врска. Сите грди нешта ќе ги оставите во минатото и ќе се посветите на реализација на идните планови. Ќе бидете мотивирани и потполно подготвени за нови предизвици. Ако сонувате гнездо со диви паткиАко на сон пронајдете празно гнездо на диви патки, тоа укажува на проблем од правна природа. Доколку чекате исход на некоја пресуда веројатно нема да ви се допадне исходот. Размислете за тоа дали ви се исплати да вложувате толку време и пари за нешто за кое успехот не ви е загарантиран. Ако сонувате дива патка во летАко сонувате дека гледате како лета дива патка, тоа подразбира дека ќе помогнете некому. Членот на вашето семејство или пријател веројатно ќе се чувствува лошо, па затоа ќе го поддржите да застане на нозе. Нема да ви биде тешко да го посетувате секој ден, да се јавувате, да разговарате и да правите сè друго што ќе го подобри неговото расположение. Ако сонувате јато диви паткиДоколку сонувате јато диви патки тоа значи дека ќе слушнете добри вести поврзани со работата или со финансиите. Можеби ќе добиете покачување или некој еднократен надомест за трудот кој сте го вложиле во некоја работа. Вашите квалитети конечно ќе добијат материјален еквивалент, па ќе можете да се опуштите и себе и на другите да им купите нешто што сакате. Ако сонувате дека сте раниле дива паткаКога сонувате дека сте пукале во дива патка тоа имплицира дека сте подготвени да совладате безброј пречки на патот до целта. Тоа не мора да бидат работа или пари, може да станува збор за цели од нематеријална природа. Ранета дива патка укажува на непријатна средба. Можеби на неочекувано место ќе сретнете лице со кое не сте во добри односи. Наместо едноставно да не се забележувате еден со друг, тој/таа ќе се обиде да ве испровоцира, па тоа би можело да премине во јавна расправија, ако не успеете да се исконтролирате. Не дозволувајте да ве надвладее бесот, па да станете предмет на трачеви и потсмев. Ако сонувате дека сте убиле дива паткаОвој сон е показател на љубовни проблеми. Веројатно односите со партнерот не се идеали или пак страдате за личност која воопшто не ве забележува. Тешко ви е да го поднесете тоа, а се плашите да се доверите некому бидејќи би можел да ве осуди. Мртва дива патка симболизира нервоза и раздразнетост. Можно е во последно време да сте станале премногу негативни. Веројатно немате волја да се дружите со луѓето, бидејќи нивните приказни ве замараат. Ако потрае оваа фаза, тогаш проблемот не е во нив, туку во самите вас. Ако сонувате дека подготвувате месо од дива паткаАко готвите месо од дива патка тоа укажува на потреба да се докажувате. Во моментот имате многу идеи и начини да ги спроведете на дело. Единствениот проблем е што нема кој да ве сослуша и да ви помогне во тоа. Затое ќе се потрудите претпоставените или влијателните луѓе во фирмата да слушнат што имате да кажете. Ако сонувате дека јадете паткино месоСон во кој јадете паткино месо симболизира осаменост, тага или тешкотија. Можеби поминувате низ многу тежок и стресен период, а можеби ви е здодевно па размислувате за негативни нешта. Премногу го анализирате минатото и се каете поради нешто што сте можеле да го направите поинаку. На среќа, наскоро ќе станете зафатени со обврски, па нема да имате време да размислувате за лошите одлуки, моменти и постапки. Ако сонувате дека други јадат паткино месоАко во вашиот сон други луѓе јадат паткино месо тоа значи дека ќе посакате да се преселите некаде далеку од луѓето со кои сте опкружени во моментот. Веројатно неодамна сте имале недоразбирања со колегите, членовите на семејството или пријателите, па поради тоа најрадо би побегнале од сите. Средината во која живеете почнала да ве гуши и ви пречи секоја ситница в неа. Сепак, не би било паметно да донесувате избрзани одлуки. Првин размислете добро за се, пред да ги разгледате аргументите за и против заминување. Дури тогаш ќе бидете сигурни што треба да направите. Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте шетале покрај езеро и виделе патки, тоа веројатно ви оставило впечаток. Дефиниција за диви паткиДиви патки се најпознат вид на патки кои се присутни во тропски и суптропски подрачја во Америка, Азија, Африка и Европа. |