Чување нешто

Term Main definition
Чување нешто

Ако сонувате дека чувате нешто тоа предупредува да внимавате да не ве ограбат деловните партнери, вложувате пари во сигурни проекти.

Што значи да сонувате дека чувате нешто?

Ако сонувате дека чувате нешто предупредува да внимавате да не ве ограбат деловните партнери, вложувате пари во сигурни проекти. Можеби некој ќе се обиде да ја злоупотреби вашата доверба, да ве вовлече во ризичен или нелегален бизнис. Обрнете внимание при потпишување на какви било договори, за да подоцна не се соочите со сериозни последици.

Толкувањето на овие соништа зависи и од контекстот во кој се одвиваат и деталите кои ги следат.

Ако чувате деца

Ако на сон ги чувате вашите деца тоа значи дека пред вас е еден многу убав период. Конечно ќе можете да се опуштите и да одморите бидејќи големите грижи се зад вас. Овој сон симболизира среќа и благосостојба како на приватниот, така и на деловниот план. Искористете го времето во посветување на семејството.

Доколку сонувате дека чувате туѓи деца тоа укажува на страв од одговорност. Можеби ќе преземете некоја важна деловна задача или пријателот ќе ви довери некоја голема тајна. Од страв да не погрешите нешто или случајно да не кажете нешто со што би го издале пријателот, ќе се однесувате чудно.

Тоа ќе го забележат сите од вашата околина, па ќе ви биде тешко да се носите со товарот.

Ако чувате куче

Кога сонувате дека чувате куче тоа може да има повеќе значења. Можеби на работа ќе добиете заштитник. Некој од претспоставените ќе го препознае вашиот потенцијал, па ќе се потруди да напредувате. Од друга страна, кучиња на сон имаат негативно значење ако им се плашите на јаве.

Ако некогаш ве каснало или нападнало куче, овој сон е доказ дека се уште не можете да се ослободите од траумата.

Ако чувате тајна

Сон во кој чувате тајна укажува на тоа дека со навремена реакција ќе избегнете опасност. Можно е некој поради завист, љубомора или суета да посакува да ви подметне сопка. На време ќе му ја откриете намерата и го спречите во тоа да ви наштети.

Ова ќе ви биде важна лекција кому треба да се доверите, а кому не.

Ако чувате пари

Ако на сон ги чувате сопствените пари тоа значи дека вашите барања повлекуваат поголеми вложувања. Размислете како да го распоредите она со кое располагате и она во што сакате да инвестирате. Ќе мора малку да го стегнете појасот, ако сакате да го реализирате она што сте го замислиле.

Доколку сонувате дека ги чувате туѓите пари веројатно имате поголеми трошоци отколку заработка. Често не можете да ги покриете сите издатоци, па размислувате да позајмите пари од некого или да се задолжите во банка. Тоа само краткорочно ќе ви ја олесни ситуацијата, па затоа би било подобро да најдете дополнителна работа додека не почнете повеќе да заработувате со постоечката.

Ако сонувате дека сте чувар во банка

Кога сонувате дека сте чувар, односно член на обезбедување во банка тоа е предупредување да не се впуштате во нелегални или во ризични зделки. Поради добра заработка веројатно ќе бидете во искушение да влезете во бизнис кој не е сосема чесен.

Сепак, би можеле да си направите голем проблем. Освен тоа, во случај некој ве открие, се изложувате на опасност да изгубите углед и доверба кои сте ги граделе цел живот. Обрнете внимание како ги бирате деловните соработници бидејќи некој би можел да го злоупотреби тоа.

Ако сонувате дека сте чувар во болница

Доколку сонувате дека сте чувар во болница тоа имплицира дека постои опасност стресот и уморот да ви го нарушат здравјето. Хроничната исцрпеност ќе дојде до својот максимум, па ќе одлучите да им ставите крај. Ќе решите накратко да отпатувате за да се посветите на хобито кое благотворно ќе делува на вашето тело и духот.

Продолжете да се занимавате со она што ве релаксира со оглед на тоа дека секојдневно се соочувате со голема доза на стрес.

Ако сонувате дека сте чувар во дом за стари лица

Овој сон укажува на тоа дека ви е потребно повеќе трпение и толеранција. Тоа што со леснотија завршувате некои задачи или можете да научите се што е потребно, не значи дека сите функционираат така.

Ако можете и ако сакате некому да му помогнете направете го тоа, а ако не сакате немојте да се однесувате безобразно ако некој ве праша за помош или за совет. Ќе дојдете до слична ситуација кога ќе немате кому да се обратите бидејќи сте ги срушиле сите мостови зад вас.

Ако сонувате дека сте чувар во затвор

Ако сонувате дека сте чувар во затвор тоа значи дека некој настан од минатото и понатаму ве мачи. Можеби некого сте повредиле со зборови или со дела, а не можете да најдете начин да се извините. Се плашите од неговата реакција, а притоа го занемарувате фактот дека долго време не сте во добри односи, па извинувањето може да а унапреди врската, а не дополнително да ја загрози.

Ако сонувате дека сте чувар во зоолошка градина

Сон во кој сте чувар во зоолошка градина укажува дека во блиска иднина ќе запознаете личност која воопшто нема да ви се допадне. За жал, ќе морате да соработувате на дневна база, па нема да можете да избегнете контакт. Чувствувате нестрпливост и од негова/нејзина страна, но ако си дадете шанса и подобро се запознаете ќе сфатите дека првиот впечаток ве излажал.

Ако сонувате дека сте ангел чувар

Ако сонувате дека сте ангел чувар тоа имплицира дека безуспешно се обидувате да импресионирате личност која ни се допаѓа. Веќе некое време сакате да стапите во контакт, но не ви оди од рака. Можеби едноставно премногу се трудите. Попуштите малку, можеби тој/таа ќе се предомисли кога ќе види дека не сте луди за него/неа.

Ако неодамна сте чувале деца, кучиња, се грижеле за пари или посетиле банка, болница, затвор, сонот не се толкува. Исто важи и ако сте член на обезбедување во некоја од горенаведените установи.

Дефиниција за чувар

Чувар е личност која одржува ред во болници, банки, затвори и други установи од јавно значење.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg