Чување деца
Term | Main definition |
---|---|
Чување деца | Ако сонувате дека чувате нешто предупредува да внимавате да не ве ограбат деловните партнери, вложувате пари во сигурни проекти. Што значи ако сонувате дека чувате деца?Ако на сон ги чувате вашите деца тоа значи дека пред вас е еден многу убав период. Конечно ќе можете да се опуштите и да одморите бидејќи големите грижи се зад вас. Овој сон симболизира среќа и благосостојба како на приватниот, така и на деловниот план. Искористете го времето во посветување на семејството. Доколку сонувате дека чувате туѓи деца тоа укажува на страв од одговорност. Можеби ќе преземете некоја важна деловна задача или пријателот ќе ви довери некоја голема тајна. Од страв да не погрешите нешто или случајно да не кажете нешто со што би го издале пријателот, ќе се однесувате чудно. Тоа ќе го забележат сите од вашата околина, па ќе ви биде тешко да се носите со товарот. |