Чукање

Term Main definition
Чукање

За време на соништа во кој слушате чукање може да почувствувате страв, паника, возбуда или трема.

Што значи ако сонувате чукање? 

Ако сонувате чукање

Ако во сон слушате чукање, тоа имплицира дека ќе добиете вознемирувачки вести. Можно е некој да ви соопшти нешто што ќе ве погоди, но мора да се соземете и да останете силни. Нема да имате многу време да очајувате туку ќе мора да размислувате практично и да се трудите да извлечете нешто добро од тешката ситуација која ве снајде.

Ако сонувате дека вие чукате

Ова покажува дека сте нервозни. Веројатно сте полни со негативна енергија која ја задржувате за себе заради што имате желба да отидете на некое далечно место каде нема да ве слушне никој и да викнете на цел глас. Честопати се истурате непотребно на блиските.

Ако сонувате дека некои други луѓе чукаат

Ова означува кавга. Може да се случи да не можете да најдете заеднички јазик со член од семејството, партнерот или некој пријател - ова ќе прерасне во многу голем неочекуван проблем. Ќе почнете да размислувате дали навистина ја познавате добро оваа личност.

Ако сонувате чукање во далечина

Вестите кои ги чекате одамна, ќе стигнат значително подоцна. Ако чекате резултати од тест, разговор за работа или медицински испитувања, можно е да не ви стигнат на време. Тоа ќе ве направи нервозни, но не смеете да губите надеж дека ќе добиете позитивен или добар одговор.

Ако сонувате чукање во непосредна близина

Ако сте слушнале чукање од соседната соба или стан, ова имплицира дека постои можност за кавга со домашните или соседите. Тие ќе направат нешто што нема да ви се допаѓа и нема да пропуштите прилика за да им укажете на истото. Вашите критики тие нема да ги сфатат сериозно и ќе ве замолат да „олабавите малку“.

Ако сонувате дека некој ви чука на врата

Ќе изгубите контрола над некоја ситуација. Мислевте дека сте доволно мудри и способни да можете да се изборите со истата, но работите ќе тргнат во сосема друга насока. Веројанто ќе мора да побарате совет и помош од некој во кого имате доверба.

Ако сонувате дека вие чукате кај некого на врата

Ќе имате многу среќа и успех во љубовта. Поседувате квалитети кои им се допаѓаат на лицата од спротивниот пол, а освен тоа и знаете како да ги освоите луѓето. Вашата харизма привлекува внимание каде и да се појавите и луѓето сакаат да бидат во ваше друштво. Забавни сте и имате одлична смисла за хумор.

Ако сонувате дека некој ви чука на прозор

Можно е да сте загрижени за некоја драга личност. Некој член од вашето семејсто ќе повлече ризичен потег и ќе бидете загрижени за неговата/нејзината иднина. Друга можност е дека ќе ве исплаши нечија здравствена состојба и ќе инсистирате личноста да посети доктор.

Ако сонувате дека вие чукате некаде на прозор

Ќе мора да соопштите лоши вести некому. На вас ќе биде препуштена оваа тешка задача. Можно е да биде отказ на некој колега од работа или крај на некое пријателство. Со оглед на тоа што нема да имате многу избор, ќе треба да постапите како што се бара од вас.

Ако сонувате како чукате со нозете на под

Нестрпливи сте. Работата со која сте окупирани не ви носи очекувани резултати. Вложивте многу труд, немојте да губите надеж. Ако бидете трпеливи, желбата ќе ви се исполни.

Ако сонувате како си ја чукате главата од ѕид

Укажува дека сте фрустрирани бидејќи не можете да најдете решение за проблемот кој ве мачи долго. Се чини дека ги испробавте сите можни опции, а резултати нема. Можеби треба да побарате совет од некоја личност во која имате доверба. Неговото т.е. нејзиното искуство и свеж поглед на работите може да ви помогне подобро да ја согледате ситуацијата и да најдете решение. 

Ако сонувате како некој друг си ја чука главата од ѕид

Ќе имате можност да помогнете на личност во неволја, но ќе се двоумите дали да го направите тоа. Станува збор за некој кој ве повредил во минатото. Не барате одмазда, но сметате дека ова е прилика за да „вратите“ за она што ви го има направено. Можеби сепак треба да излезете во пресрет. Ако не го направите ова, ќе ве гризе совеста.

Ако сонувате како ви чука срцето

Возбудени сте заради некои случувања. Веројатно многу се радувате на нешто што ве очекува во иднина. Можеби станува збор за ново работно место, ново живеалиште, автомобил, или пак се радувате што се сретнале со луѓе кои ги немате видено долго.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg