Чорапи
Term | Main definition |
---|---|
Чорапи | Плетењето чорапи претставува корист од сопствениот труд; ако купувате на сон предупредува на тешкотии и грижи во семејството; ако облекувате, соблекувате означува минлива неволја. Што значи да сонувате чорапи?Ако плетете чорапи на сонАко на сон плетете чорапи, тоа значи дека ќе имате малку корист од сопствената работа. Повеќето работи што ги имате, сте ги стекнале со своите десет прсти. Никогаш не сте очекувале од другите да ве финансираат, и, од мали нозе, сте научиле да бидете самостојни. Со текот на времето тоа станало показател за вашите способности и никогаш не би прифатиле да седите невработени дома или други да ве издржуваат. Ако некој друг плете чорапиДоколку сонувате дека некој друг плете чорапи тоа значи дека се трудите со што помалку потрошено време и многу малку работа да добиете што повеќе. Здодеано ви е да одите „чекор по чекор“, па чекате да ја искористите својата снаодливост за да постигнете успех. Некогаш тоа ќе ви појде од рака, а некогаш не. Сепак, ќе ви биде најважно да уживате во животот бидејќи сте заклучиле дека така е најдобро. Ако продавате чорапи на сонАко на сон продавате чорапи тоа значи дека ќе претрпите штета. Можеби ќе имате голем дефект на автомобилот или некој домашен апарат. Со оглед на тоа дека се работи за непланиран трошок во вашиот буџет, поправката или замената ќе мора да причекаат до следниот месец. Ако подарите чорапиДоколку некому подарите чорапи тоа имплицира дека ќе направите некое добро дело. Веројатно ќе се потрудите да помогнете на личност која е во тешка материјална состојба. И покрај тоа што не сте најзадооволни од своите примања, ќе ви биде драго што сте можеле некому да помогнете. Немојте да се сомневате дека животот ќе ве награди поради ова добро дело. Ако добиете чорапи на подарок во сонАко некој во сонот ви подарил чорапи тоа значи дека некој близок пријател или член на семејството ќе ви побара помош. Радо ќе му излезете во пресрет, но брзо ќе сфатите дека лажно се претставувал како жртва и дека сте требале да ја послушате и другата страна на неговата/нејзината приказна. Дури тогаш ќе ви стане јасно колку сте биле наивни. Немојте да се изненадите ако во целата збрка станете главниот виновник. Ако сонувате искинати чорапиАко видите искинати чорапи на сон тоа значи дека ќе се посрамите во поголемо друштво. Ќе присуствувате на разговор на тема за која немате основни познавања. Наместо само да ги слушате соговорниците вие ќе одлучите да бидете активен учесник во приказната, па ќе изјавите нешто што ќе предизвика потсмев кај останатите. Ќе сфатите дека вашето незнаење и неинформираност ве довело до незгодна ситуација, па следниот пат добро ќе размислите пред да ја отворите устата. Ако сонувате мокри чорапиКога на сон носите мокри чорапи тоа значи дека ќе запознаете луѓе кои би можеле да ви помогнат да ги остварите своите цели. Новите познанства ќе ви ги зголемат шансите да пронајдете работа или да го промените работното место, а не е исклучена ниту преселба во странство. Сè ќе зависи од вас и колку сте подготвени да се жртвувате за да го постигнете она што го сакате. Ако купувате чорапи на сонКога сонувате дека купувате чорапи, тоа означува грижи во семејството. Можеби некој од членовите во семејството ќе остане без работа што ќе влијае на влошување на финансиската состојба. Ќе се потрудите никој од домашните да не насети, но вие самите ќе бидете свесни за реалната состојба на нештата. Ќе работите две работи за да обезбедите сè она што им е потребно. Ако облекувате или свлекувате чорапи на сонАко сонувате дека облекувате или свлекувате чорапи на сон укажува на минливи неволји. Веројатно вашата врска или брак ќе се најдат пред искушенија кои ќе ја направат постабилна отколку порано. Ќе мора да имате поголема доверба во партнерот и да не дозволите коментарите на злонамерните луѓе негативно да влијаат врз односите меѓу вас. Подетално толкување на ваквите соништа се темели на видот или бојата на чорапите кои ги сонувате.Ако сонувате волнени чорапиВолнени чорапи на сон симболизираат страст. Ако сте подолго време во врска или брак постои можност односите со партнерот да станале формалност и повеќе да не уживате во сексот како порано. Меѓутоа, следи добар период во кој ќе си ја вратите страста која била пред исчезнување. Ќе сфатите дека потполно сте компатибилни со партнерот, па ќе ви се поправи не само сексуалниот однос туку и секојдневната комуникација. Ако, пак, сте сами постои можност да поминете страствена ноќ со личност кој тукушто сте ја запознале и нема да се покаете поради тоа. Најлонски чорапи (хулахопки)Толкувањето на соновите со хулахопки зависи од тоа дали сте маж или жена. Кога маж сонува женски хулахопки тоа значи дека ќе му пропадне некоја идеја или проект. Ќе дојдете до заклучок дека залудно сте си го потрошиле времето и парите на нешто што нема никаква светла иднина. Доколку жена сонува најлонски чорапи тоа укажува на недостаток на секс. Спортски чорапиАко на сон видите спортски чорапи тоа значи дека некој или нешто нема да ги исполни вашите очекувања. Можеби ќе се разочарате од личноста која ви е драга или ќе купите нешто за што ќе се испостави дека не било вредно за вашите пари. Бели чорапиКога на сон носите бели чорапи тоа имплицира дека премногу се трудите да импресионирате луѓе околу вас. Сте си поставиле животна задача да изгледате и живеете така што сите ви завидуваат. Често се фалите со своите успеси, а го криете она што не е „за јавност“. Сепак, имајте предвид дека во свое опкружување имате личности кои многу добро ве познааат и кои не можете да ги измамите со скапи крпчиња, накит или автомобил. Црни чорапиДоколку на сон видите црни чорапи тоа значи дека сте снаодлива личност. Доволно ви е малку време да прочитате нечии намери. Оваа особина многупати ви помогнала во животот, но ќе мора да признаете дека и вие понекогаш умеете да направите погрешна проценка. За луѓето кои однапред сте ги „отпишале“ како неквалитетни или лоши, ќе сфатите дека сте грешеле. Затоа ќе мора почесто да им давате прилика на другите да ви покажат како стојат нештата. Шарени чорапиШарени чорапи на сон симболизираат претерана самодоверба и арогансија. Ако имате моќ да одлучувате за некому или нешто во состојба сте да бидете помалку безобѕирни. Вашите критики често ги напаѓаат слабите точки, не само на вашите противници, туку и на луѓето кои не заслужиле таков третман. Кога би биле владетел во средниот век би ве нарекувале тиранин. Значењето може да биде поедноставно. Доколку сте купувале или плетеле чорапи, тоа ви оставило впечаток. Дефиниција за чорапиЧорапи се текстилни предмети кои се навлекуваат на стапалата; на зима ја задржуваат топлината на нозете, а на лето спречуваат потење. |