Чокот (Винова лоза)
Term | Main definition |
---|---|
Чокот (Винова лоза) | Ако видите чокот на сон тоа е знак на тага, несреќа; ако го вадите од земја предупредува на смртен случај во околината. Што значи да сонувате чокот?Ако видите чокотКога ќе видите чокот на сон тоа предупредува да престанете да се мешате во туѓите животи. Имате грда навика да давате свое мислење кога тоа не се бара од вас. Со оглед на тоа дека сте убедени дека секогаш сте во право, неретко доаѓате до судир со саканите. Ако не престанете со тоа ќе бидат принудени да ве замолат да си ја гледате својата работа. Ако садите чокотАко сонувате дека садите чокот тоа претставува предупредување да не им вртите грб на оние кои се ослонуваат на вас. Бидете покрај саканите лица кога најмногу им требате, па дури и кога се бара од вас да си го жртвувате времето во нивна корист. Животот еден ден соодветно ќе ве награди. Доколку во ваш сон некој друг сади чокот то значи дека не би смееле да донесувате одлуки во туѓо име. Ова особено се однесува на партнери или на деца. Можеби премногу сте се занеле, па своите неостварени амбиции сакате да ги пренесете на потомството. Убаво е што ги поддржувате и поттикнувате да се борат за своите цели, но запомните дека секој си го избира својот пат. Ако закројувате чокотКога сонувате дека закројувате чокот тоа значи дека преку делата сте стекнале почитување од околината. Многу луѓе ви веруваат бидејќи се убедени дека можат да се ослонат на вас. По природа сте одговорна личност и не се плашите да преземете нови задачи. Почитувате рокови, а тајната на вашиот успех е во тоа што водите евиденција за многу нешта. Вашето животно мото е „будала помни, а паметен запишува“. Сон во кој други закројуваат чокот означува дека некој ќе ве задолжи со својата добрина. Во еден од најтешките моменти во вашиот живот ќе ви помогне личност од која најмалку сте очекувале. Додека блиски луѓе се оттргнувале и давале бесмислени изговири, еден познаник ќе покаже човечност и ќе ви пружи максимална поддршка. Кога ќе дојде време ќе умеете да го возвратите тоа. Ако наводнувате чокотАко сонувате дека наводнувате чокот значи дека оние кои сте ги изневериле нема да можат лесно ви простат. Сте направиле грешка со која сте навредиле или повредиле блиски луѓе. Колку и да е силна љубовта кон вас, ќе им треба време да прејдат преку тоа. Едноставно веќе нема да ве гледаат со исти очи. Ова за вас ќе биде една важна лекција. Ако во вашиот сон некој друг наводнува чокот тоа имплицира дека се ближи крај на вашите неволји. Сте надминале турбулентен период, но не сте изгубиле надеж. Животот сега ќе ве награди па ќе го добиете она што го сакате. Ова може да се однесува на љубовен план, деца, пари или подобро работно место. Конечно ќе можете да кажете дека сте среќна личност. Ако ѓубрите чокотДоколку сонувате дека ѓубрите чокот тоа симболизира големи планови. Можеби ќе почнете да се занимавате со работа која има светла иднина. Сепак, ќе ви биде потребно многу време, работа и трпение пред да почнете да заработувате многу пари. Понекогаш ќе губите мотивација, но со помош на партнерот или семејството ќе истраете во своите намери. Постепено ќе напредувате, а низ годините ќе можете и да се збогатите. Сон во кој некој друг ѓубри чокот укажува на тоа дека би требало д внимавате како ги трошите парите. Постои можност приходите да ви се намалат значително, па да ви снемаат средства за обезбедување на најосновните потреби. Со оглед на тоа дека сте навикнати да си дозволите што повеќе, ќе ви биде тешко да се прилагодите на новонастанатата ситуација. Од ова ќе научиите да бидете поштедливи. Ако калемите чокотКога сонувате дека камените чокот имплицира дека многу очекувате од себе и од другите. Вие сте личност која ретко прифаќа компромиси кога станува збор за работата. Секогаш вложувате многу сила и труд се да биде најдобро, па истото ќе го очекувате и од соработниците. Не им е лесно да ги задоволат вашите потреби, но често сте им мотивација да бидат подобри. Сепак, мора да внимавате на здравјето, бидејќи количината на стресот, одговорноста и работата би можеле скапо да ве чинат. Ако на сон видите дека други калемат чокот тоа значи токму спротивното од она што е наведено погоре. По природа сте мрзелива личност и се трудите да работите што помалку. Секогаш наоѓате изговор зошто не можете да сработите нешто. Освен тоа, одличен манипутор сте и умеете да ги наговорите луѓето да ви помогнат. Оваа моќ во вашиот случај подразбира дека некој ќе ви заврши работа. Досега успешно сте се извлекувале, но имајте предвид дека има работодавачи кои не толерираат такво однесување. Ако палите чокотКога сонувате дека палите чокот симболизира нервоза. Веројатно имате некои проблеми кои не знаете како да ги решите. Не плашете се да побарате помош. Сигурно во ваше опкружување имате некого кој може да ви помогне. Послушајте совети од искусни колеги или членови на семејството. Кога на сон некој друг пали чокот тоа имплицира дека ќе ве повреди неправда. Можеби колега на работа ќе добие унапредување на кое сте се надевале. Сте верувале дека повеќе заслужувате да бидете наградени за својот труд и работа отколку колегата, но тоа претпоставените не го виделе, па сте останале со празни раце. Млад чокотАко на сон видите чокот преполн со млади лисја тоа значи дека наскоро ќе запознаете личност која ќе ве освои на прв поглед. Тој/таа ќе биде олицетворение на вашите фантазии. Нема да умеете да ги сокриете чувствата, па луѓето неретко ќе почнат да ве прашуваат што се случува со вас. Доколку долго време сте сами, ништо не ве спречува да го поканите на кафе или пијалок. Можеби ќе се разочарате ако ве одбие, но барем ќе знаете дека сте се обиделе. Овенат чокотАко сонувате сув, овенат чокот тоа препорачува дека е време за одмор. Сте минале низ бурен период преполн со проблеми и грижи. Стресот доволно ви направил штета, па сега е време да си го прнајдете мирот. Обидете се да се дистанцирате и да се посветите себеси. Во спротивно би можеле сериозно да си го нарушите здравјето. Значењето може да биде и поедноставно. Ако неодамна сте биле во винова градина или гледале на телевизија за одгледување на винова лоза тоа ви оставило впечаток. Исто важи и ако сте читале весници или прирачници. Дефиниција за чокотЧокот е дрвенестиот дел на виновата лоза. |