Чоколадо

Term Main definition
Чоколадо

Ако добиете: некој е верен и искрен кон вас, ви претстојат денови исполнети со многу среќа; ако подарите: расипништво, пат до банкрот; ако јадете чоколадо: неочекувани бакнежи, страст.

Што значи да сонувате чоколадо?

Ако добиете чоколадо на сон

Ако на сон добиете чоколадо, тоа значи дека некој сепак ви е верен. Сте се сомневале во искреноста на вашиот партнер и дека нема да ги исполни ветувањата кои ви ги дал. Меѓутоа, ќе ви излезе ситуација во која ќе се покаже во вистинско светло и од зборови ќе се префрли на дело.

Подоцна вашиот однос ќе се заснова на обострана доверба и поддршка, а деновите кои следат ќе направат уште повеќе да се зближите.

Ако подарувате чоколадо

Кога сонувате дека подарувате чоколадо, тоа предупредува на расипништво. Доколку продолжите да трошите пари како досега, ќе си обезбедите карта за пат до бедата. Ќе сакате да се покажете пред пријателите и дечкото/девојката што ќе резултира со неочекувано големи долгови. Ќе се плашите да не ве отфрлат ако не живеете на висока нога, но макар ќе знаете што може да очекувате од нив.

Ако сонувате дека јадете чоколадо

Ако сонувате дека јадете чоколадо тоа симболизира неочекувани бакнежи. Можеби ви се додворува личност која веќе долго време ја познавате, но никогаш не сте размислувале за неа/него на тој начин. Нештата ќе се одвиваат со голема брзина, па и покрај вашиот скептицизам, секој ден ќе станувате сè подобри.

Друга можност е дека сте на посебен режим на исхрана кој не ви дозволува внес на чоколадо и други слатки или едноставно внимавате што јадете па сте преоптоварени да не си ги расипете резултатите.

Ако некој друг јаде чоколадо во вашиот сон

Ако некој друг јаде чоколадо тоа имплицира дека и понатаму чекате своја прилика да бидете среќни и задоволни. Сметате дека сигурно ќе дојде момент кога ќе почнете да уживате во работата што ја работите или кога ќе ја запознаете личноста која ќе ве усреќи.

Додека чекате подготвени сте направите некои жртви. Сепак, можеби треба да побарате шанса, бидејќи чекањето би можело да се одолговлече.

Ако купувате чоколадо

Доколку на сон купувате чоколадо тоа значи дека партнерот ќе ви приреди изненадување. Можеби ќе ви го купи она нешто за кое сте мечтаеле, а ако не сте во брак, можно е да ви предложи да почнете да живеете заедно. Во секој случај пред вас се многу убави моменти кога е во прашање вашиот емотивен живот.

Кога и на професионален план би го оствариле она што го посакувате, би можеле да станете апсолутно среќна личност.

Ако продавате чоколадо

Кога сонувате дека продавате чоколадо тоа симболизира скриени чувства кон некого. Тие можат да бидат позитивни и негативни. Веројатно не сакате ниту себе да си ги признаете своите емоции, но потсвеста постојано ве предупредува на тоа дека треба конечно да ги исфрлите.

Ако украдете чоколадо

Ако сонувате дека некому сте украле чоколадо тоа значи дека треба да обрнете внимание на своето однесување во близина на колегата што ви се допаѓа. Со оглед на тоа дека тој/таа веќе има партнерка/партнер, со очигледниот флерт ќе ја доведете личноста во непријатна ситуација.  

Ако вие сте зафатените, замислете вашите сакани да се однесуваат на сличен начин. Сигурно би ве повредило тоа. Доколку некој на сон ви украде чоколадо тоа имплицира дека ви недостасува возбуда во животот. Полека ве јаде рутината и ви се чини дека секој ден е потполно ист. Започнете од ситните нешта кои можете лесно да ги промените.

Наместо после работа да се затворите дома, би требало да одите на прошетка или да излезете со пријателите. Тоа ќе ви ја промени здодевната рутина.

За подетално толкување важно е какво чоколадо сте сонувале

Млечно чоколадо

Сон во кој јадете млечно чоколадо укажува на тоа дека сте премногу благи кон непријателите. Во своето опкружување имате неколку лица кои ве сметаат за конкуренција и на повеќе начини се обидуваат да ве „елиминираат“.

Ако продолжите да ги употребувате досегашните методи, нивниот план ќе им успее. Меѓутоа, ако ја промените тактиката и почнете поагресивно да делувате, тие нема да имаат никакви шанси.

Бело чоколадо

Ако на сон јадете бело чоколадо тоа значи дека често прифаќате помалку од она што го заслужувате, бидејќи се плашите дека би можеле да го изгубите и она што го имате. Скромноста навистина е доблест, но зошто да не го добиете она што го сакате. Размислете за својот живот, сигурно ќе заклучите дека е време да почнете се менувате - на подобро!

Темно чоколадо

Ако сонувате дека јадете темно чоколадо обично значи дека ќе мора да вложите пари во својата куќа/стан. Ќе сфатите дека сакате промена, но истата ќе бара одредени финансиски трошоци. Ако сакате да си ја исполните секоја ваша желба, ќе мора да побарате дополнителни извори на приходи. Ако се вклопи во она со што располагате, ќе бидете прилично задоволни со она што сте го направиле.

Топло чоколадо

Кога на сон пиете топло чоколадо тоа значи дека ќе доживеете голема љубов. Ако веќе имате партнер тоа имплицира дека вашиот однос ќе премине на повисоко ниво. Ќе бидете среќни како никогаш досега во животот, ќе правите планови и ќе уживате во секој момент кој го поминувате заедно. Доколку сè  уште сте сами, во блиска иднина би можеле да ја пронајдете својата сродна душа.

Расипано чоколадо

Ако на сон видите расипано чоколадо можеби не сте задоволни со вашиот љубовен живот. Можеби чувствувате дека вашиот партнер ве занемарува или не ги задоволува вашите потреби во кревет. Затоа честопати мечтаете како би ви изгледал животот кога би биле со некој друг. Наместо да се измачувате вака, обидете се да го решите проблемот преку разговор. Немојте да се расправате, туку смирено искажете за што се работи, бидејќи така ќе имате поголеми шанси заедно да се изборите со кризата во која сте западнале.

Ако долго време сте сами, расипаното чоколадо сугерира комплекси. Можеби сте изгубиле надеж дека ќе најдете личност која ви одговара. Па со тој став шансите ви се прилично мали. Ако поработите на самодовербата сигурно ќе го најдете вистинскиот партнер.

Чоколадна торта

Ако на сон јадете торта тоа симболизира хедонизам.

Чоколаден колач

Ако сонувате дека јадете или правите колач од чоколадо тоа ви укажува дека ќе морате да се потрудите ако сакате да го добиете она што го сакате.

Чоколаден сладолед

Сон во кој јадете или гледате чоколаден сладолед значи дека турбулентниот период е конечно зад вас. Влегувате во фаза на среќа и на благосостојба. Најпосле можете да се одморите.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте јаделе, купиле или добиле чоколадо, тоа сигурно оставило позитивен впечаток врз вас.

Дефиниција за чоколадо

Чоколадото е еден од најомилените слатки производи кој се добива со мешање на какао, масти, засладувачи и други состојки.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg