Чистење

Term Main definition
Чистење

Ако сонуваш дека чистиш тоа значи дека ќе добиеш убав подарок, претстои добивка во игри на среќа.

Што значи да сонувате како чистите нешто?

Ако сонувате дека чистите нешто

Ако на сон чистите нешто, тоа имплицира дека ќе добиете убав подарок. Веројатно сте во можност на другите да им правите услуги, па секојпат кога ќе ве замолат за помош, вие радо му излегувате во пресрет. Најважно ви е да бидете од корист и да дадете се од себе. Не очекувате ништо за возврат, но ќе добиете подарок кој ќе ве воодушеви.

Друго толкување на овој сон е дека ќе имате гости. Ќе бидете во хаос поради секојдневните обврски поради кои ќе се плашите дека нема да успеете да постигнете се она што сте го испланирале. Бидејќи ви се најавила личност која многу ја сакате и почитувате, ќе се трудите да ја пречекате на најдобар начин и секој ден да посетувате нови места и да правите интересни работи кои ќе му/и останат во сеќавање.

Ако гледате како другите чистат на сон

Ако сонувате дека гледате како другите чистат, тоа укажува дека често избегнувате одговорност. Полесно ви е да се тргнете настрана и донесувањето на важните одлуки и спроведувањето на дело да го препуштите на другите. Веројатно од мали сте навикнати да добивате се на готово, па тешко пронаоѓате мотивација да направите нешто корисно за себе. Сега и тие увидуваат каде погрешиле па ќе се обидат да го исправат тоа. Доколку на сон чистите предмет кој не можете да го препознаете тоа е лош знак.

Веројатно во реалноста се чувствувате немоќно и потиштено бидејќи не сте во состојба да промените нешто. Можеби ве повредил партнерот/партнерката или сте се разочарале од пријателот/пријателката, па сте посакале никогаш да не сте ја запознале.

Ако чистите туѓ дом

Ако на сон чистите дом на некоја непозната личност тоа имплицира дека во блиска иднина ќе ве посети некој кој долго време не сте го виделе. После почетниот шок ќе бидете многу среќни поради тоа. Заедно ќе евоцирате спомени од детство, па ќе се вратите во некое безгрижно време. Овој сон може да значи дека ќе обновите контакт со старите другари. Излегувањето и дружбата со нив ќе ви биде многу пријатно. Ако сонувате дека чистите многу валкана куќа или стан значи дека сте полни со негативна енергија и лоши емоции.

Веројатно сте збунети поради нешто, па не можете да разграничите што мислите и чувствувате. Првата работа што треба да ја направите е да се ослободите од негативните луѓе во вашиот живот, кои никогаш не се смеат, а кои само се жалат. Тие се во состојба да ви го расипат денот.

Ако го чистите својот дом

Доколку сонувате дека го чистите вашиот дом, стан или соба тоа претставува предупредување дека би требале да се ослободите од лошите навики. И самите сте свесни дека мора нешто да промените во животот за да ви стане подобар и поквалитетен. Можеби конечно ќе почнете да се храните здраво и да ги оставите цигарите.

Кога сонувате дека некој друг ви чисти потсвеста ви препорачува дека би требало да бидете поискрени кон некого во клучна ситуација. Можеби сте влегле во расправија со партнерот, но сте решиле да молчите за некои нешта бидејќи не сакате да го повредите. Ова значење може да се однесува на деловниот дел од вашиот живот. Ако сте премолчеле некои нешта на работодавецот и колегите, сигурно често размислувате за тоа.

Ако чистите градина

Ако на сон чистите градина или двор тоа значи дека можеби ќе се одлучите да го реновирате станот или куќата, парите кои сте намениле за нешто друго да ги потрошите на нешто што ќе ве усреќи. Доколку сонувате дека чистите градина или двор веројатно лошото време ќе ви го расипе планираниот излет со семејството и со пријателите.

Ако сонувате дека други чистат градина тоа е знак дека ќе престанете да завидувате некому за кого сметате дека го постигнал се она за кое вие мечтаете. Таквото чувство е потполно бескорисно, а тоа ќе си го согледате и самите. Подобра варијанта ви е самите да си побарате начини да постигнете нешто во животот.

Ако чистите под

Кога на сон чистите под тоа е знак дека во блиска иднина ве чека финансиска добивка. Конечно ќе решите некои големи финансиски проблеми, па ќе можете да се опуштите и да уживате. Немојте многу да се расфрлате, бидејќи веќе сте искусиле што значи да бидете без „скршен денар“ во џеб.

Ако чистите работна маса

Овој сон укажува на тоа дека ќе решите голем проблем кој ви претставувал пречка на патот до успехот. Ќе сфатите дека повеќе ништо не може да ве спречи во остварување на својата цел. Ќе имате сила и волја плановите да ги спроведете на дело. Не е исклучено дека ќе размислувате за започнување на сопствен бизнис.

Ако чистите кујнска/трпезариска маса

Доколку чистите кујнска или трпезариска маса тоа значи дека ќе организирате дружење за семејството и пријателите. Целта ви е после долго време да се соберете на едно место. Ќе ве радува подготовката и набавката на намирници и пијалаци, а можно е вечерта да ја поминете со песна и танцување.

Ако чистите пушка

Ако на сон чистите пушка тоа може да значи дека наскоро ќе се расправате со некого. Во непосредно опкружување имате скриен непријател. Личноста која ја сметате за пријател ќе ве предаде поради при. Внимавајте кому поверувате свои документи, клучеви од автомобил или стан.

Ако чистите пиштол

Кога сонувате дека чистите пиштол тоа предупредува на опасност. Не договарајте зделки за кои не сте потполно сигурни дека се легални, ниту зборувајте за своите планови, желби и намери пред луѓе кои неодамна влегле во вашиот живот. Некој се обидува да ја злоупотреби вашата доверба.

Ако чистите автомобил

Сон во кој чистите ваш автомобил значи дека ве очекува стресен период со кој ќе се соочите во блиска иднина. Пред вас се неколку турбулентни месеци кои ќе ги надминете само доколку имате доволно трпение. Можете да се потпрете на својата способност за импровизација за да се извлечете без „лузни“. 

Ако сонувате дека чистите туѓ автомобил тоа значи дека залудно се обидувате да ја заведете личноста која ви се допаѓа подолго време. Тој/таа веќе е во врска со некого кого не сака да го повреди, така што најдобро би било да се откажете од тоа на време.

Ако некој друг чисти автомобил во ваш сон значи дека луѓето од вашето опкружување со потсмев гледаат на вашето занимање. Никој не сфаќа на кој начин стекнувате заработка, но полесно им е да се потсмеваат и критикуваат отколку да се обидат да дознаат нешто повеќе за тоа. Не обрнувајте внимание на лоши јазици, не се вредни за вашите нерви и време.

Значењето може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте чистеле нешто дома или на работа тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за чистење

Чистење има повеќе значења од кои едното е – одржување на хигиена.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg