Чир
Term | Main definition |
---|---|
Чир | Ако имате чир на сон предупредува на болест, тага, проблеми со дигестивниот тракт. Што значи да сонувате чир?Ако сонувате дека имате чирАко сонувате дека имате чир, тоа укажува дека нешто ве мачи. Веројатно не се работи за здравствен проблем, туку за вистина која тешко ќе ви падне и со која нема да знаете што да правите. Бидејќи ниту вие на почетокот нема да верувате во точноста на информацијата која сте ја добиле, обидете се да се убедите во спротивното. Порекнувањето и неизвесноста ќе ви го нарушат мирот па ќе одлучите да побарате совет од личност од доверба. Ако сонувате дека некој друг има чирАко сонувате дека некој друг има чир тоа означува дека сè ќе сакате да имате на готово. Полесно ќе ви биде одговорноста да ја препуштите на другите и да се појавите кога работата ќе биде при крај. Колегите на факултетот или на работа ќе ви префрлуваат бидејќи не давате никаков придонес на проектите кои ги работите, но вие нема сериозно да размислувате за нивните обвинувања. Ќе сметате дека во животот имате попаметна работа и дека никому не штетите ако понекогаш не ја извршувате задачата која ви била доверена. Ако оперирате чир на сонКога сонувате дека сте оперирале чир на сон тоа означува дека ќе раскинете врска која ви штети. Бидејќи често сте изложени на стрес, слободното време сакате да го поминете со луѓе кои зрачат со позитивна енергија и кои ве поттикнуваат да направите нешто корисно за себе. Ќе ви биде многу мачно да трпите некој кој постојано тажи и жали за тешкиот живот, а не прави ништо за да си го олесни. Веројатно ќе ви замери бидејќи го избегнувате и дека сте себични бидејќи не сте биле покрај нив кога сте им биле потребни, но нема да се обрнувате внимание на обидите да ви наметнат чувство за вина. Ако блиска личност оперирала чирАко сонувате дека блиска личност оперирала чир тоа укажува на грижа на совеста бидејќи не му/ ѝ обрнувате доволно внимание. Можеби работата ве окупира до таа мера што не успевате да се видите со луѓето што ги сакате. Ако малку се организирате сигурно ќе можете да одвоите време за оние кои ви се важни. Толкувањето зависи од тоа каде се наоѓа чиротЧир на желудникАко сонувате дека имате чир на желудник тоа значи дека блиска личност ќе претрпи голема загуба. Можеби ќе го тешите пријателот кој изгубил драга личност. Ќе ви биде тешко што не можете да сторите ништо за него/неа, но вашата поддршка е важна, па ќе се потрудите во секој момент да бидете на располагање. Ако сонувате дека лицето кое го познавате има чир на желудник тоа имплицира дека благодарение на напорната работа и големата упорност ќе дојде до пари. Ќе бидете многу горди на него/неа. Кога сонувате дека непозната личност има чир на желудник тоа имплицира дека во блиска иднина ќе наидете на многу пречки. Ќе мора многу да се борите за да ги совладате. Ќе ви се случат падови, па ќе помислите да се откажете од сè, но ќе црпете сили од семејството кое отсекогаш ви било најголема поддршка во сè она што го работите. Чир на дванаесетпалечно цревоСон во кој имате чир на дванаесетпалечно црево укажува на тоа дека би можеле да направите голема грешка ако не бидете доволно внимателни. Не дозволувајте другите да ве наговорат на нешта кои не сакате да ги правите. Ова особено се однесува на ризични зделки. Немојте да се најдете во проблеми со законот поради пари. Ако блиска личност има чир на дванаесетпалечно црево тоа имплицира дека ќе се ослободите од големи грижи. Во вашиот живот конечно ќе завладее мир. Ќе научите да го цените она што го имате и нема повеќе да се стремите кон големи цели. Тоа не значи дека ќе се откажете од своите идеи и планови, туку ќе повлечете кочница и ќе се водите според мотото „трпение спасение“. Ако сонувате дека некого кого го познавате има чир на дванаесетпалечно црево можно е работата или школувањето да ве раздели од личноста која ја сакате. Можеби партнерот или вие ќе мора да се пресели во друг град. Тешко ќе ви падне раздвоеноста, бидеќи се плашите дека ќе се оддалечите во емотивна смисла. Од друга страна, овој сон не мора исклучиво да биде поврзан со партнерот. Можеби животот ќе ве раздели од вашите пријатели или членови на семејството. Чирови на лицеКога сонувате дека лицето ви е прекриено со чирови тоа укажува на комплекси поради физичкиот изглед. Можеби не сте задоволни од килограмите, обликот на телото или страдате поради други недостатоци. Имајте на ум дека тоа што вие го сметате за недостаток многу луѓе воопшто не го забележуваат. Освен тоа денес постојат различни начини да се доведете до посакуваната форма, секако, ако имате волја и мотивација за тоа. Чирови на носотАко сонувате дека имате чирови на носот тоа значи дека нема да ви се допаднат вестите кои ќе ги слушнете. Можеби сепак нема да бидете унапредени или нема да го добиете работното место за кое сте аплицирале. Во секој случај, тоа може да ве деморализира, но брзо ќе најдете начин да го добиете она што го сакате. Чирови на ракаДоколку сонувате дека имате чирови на рака тоа значи дека постои можност ненадејно да сретнете личност која долго време не сте ја виделе, а која ви била многу важна. Со време сте се оддалечиле бидејќи секој кренал по свој пат. Меѓутоа оваа средба може да биде судбоносна од многу причини. Можеби ќе го обновите пријателството, ќе започнете деловна соработка или, пак, ќе запловите во емотивна врска. Немојте да ја одбиете оваа покана за кафе. Чирови на нозеСон во кој гледате нозе прекриени со чирови значи дека ќе мора да го одложите патувањето на кое сте се радувале. Можеби сте планирале да посетите роднина или пријател во друг град, но недостатокот на времето или парите ќе ве спречи во таа намера. Ќе ви биде срамно да барате да ви испрати авионска карта или таму да престојувате на негов/нејзин трошок. Друга можност е дека нема да можете да добиете годишен одмор или слободни денови. Чирови на грботчирови на грб обично претставуваат предупредување дека премногу сте се опуштиле или дека не ги сфаќате сериозно обврските кои сте ги презеле. Постојано го одложувате извршувањето на важните задачи, што би можело да ви предизвика проблеми на работа. Шефовите нема долго да го толерираат вашето однесување. Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако вие или некој во вашето опкружување оперирал чир, тоа сигурно ви оставило впечаток. Дефиниција за чирЧир е недостаток на слузокожа кој настанува доколку се наруши рамнотежа помеѓу одбранбените и штетни фактори. |