Чипка

Term Main definition
Чипка

Ако видите чипка на сон тоа е симбол на голема прослава во семејството.

Што значи да сонувате чипка?

Ако жена сонува дека носи чипка тоа симболизира голема веселба. Можеби партнерот ќе ве изненади со предлог да ја крунисате вашата врска. Иако долго време сте заедно, не сте размислувале сериозно за промени кои би ви ги донел брачниот живот. Веднаш после вашиот разговор ќе почнете да смислувате каква венчаница би сакале да носите, ресторан и други детали.

Исто така, ако на сон носите чипка тоа значи дека имате намера да заведете некого. Ќе ги употребите вашите адути да му покажете на саканото лице дека сте вистински избор за него. Можеби често се расправате за глупости, но подоцна следи помирување околу кое секогаш се трудите.

Кога маж сонува дека носи чипка, тоа предупредува на срамота. Можеби ќе ви се случи да бидете фатени во лага која ќе направи да се засрамите и да зажалите поради непромислената реакција. Доколку сте ја изневериле партнерката, ќе мора да дадете се од себе да и докажете дека нема повторно да ја повредите.

Ако шиете чипка

Доколку сонувате дека шиете чипка на нешто тоа претставува дека ќе донесете одлука подобро да го организирате своето секојдневие. Ќе сфатите дека поради силните обврски животот ви е премногу хаотичен  и никако не можете да стигнете да го направите она што го сакате. Поголем проблем е тоа што немате доволно време да се одморите, па секое утро едвај ја одвојувате главата од перницата. Бидејќи ви е здодеано постојано некаде да брзате, ќе се потрудите максимално да го искористите денот и со тоа да станете поефикасни, но и поодморени.

Ако на сон видите дека некој шие чипка тоа значи дека имате таен обожавател. Некој од вашето опкружување се труди да ви привлече внимание. Веројатно се работи за колега од факултет или од работа кој има симпатии кон вас, но се плаши да ви го покаже тоа. Ако обрнете внимание ќе сфатите за кого се работи. Ако сте сами и ви се допаѓа оваа личност немате причина да не и се приближите.

Ако купувате чипка

Ако сонувате дека купувате чипка тоа го симболизира вашиот страв од нови почетоци. Завиткани сте во секојдневието, не сте задоволни од својот живот, но не преземате апсолутни ништо за да го промените тоа. Сето тоа е последица на вашата несигурност и страв од непознатото кои ве следат целиот ваш живот. Време е да излезете од својата комфорна зона и да се обидете да промените нешто. Започнете од малите нешта. На пример, облечете ја шарената кошула која со години ви стои во плакарот. Колку и да сте убедени дека не ви стои, веројатно постои причина зошто сте ја купиле.

Ако продавате чипка

Сон во кој продавате чипка укажува на тоа дека премногу се трудите да се зближите со некоја влијателна личност. Сте сфатиле дека тој/таа може да ви помогне во остварување на вашите планови, па сте се одлучиле дека нема да бирате средства за да ја задоволите неговата/нејзината доверба. Меѓутоа, со вашата нападност само ќе создадете контра ефект. Постојат луѓе кои не сакаат подлизурковци.

Толкувањето на овие соништа зависи и од тоа кои предмети со чипка ги гледате. Така, на пример, ако жена сонува чипкан фустан тоа значи дека важно и е како изгледа. Секогаш сте средени и од дома не излегувате без шминка и добра фризура. Доколку овој сон го сонува маж тоа значи дека премногу мечтае за жена која му е недостапна.

Ако маж сонува женски чипкани килоти тоа значи дека ќе наиде на голема неволја. Непромисленоста би можела да ви предизвика големи проблеми. Внимавајте со кого склучувате договори и какви договори потпишувате. Не дозволувајте да ве излажат украсени зборови.

Кога жена сонува дека носи чипкани килоти тоа укажува на недостаток на секс. Ако долго време сте сами нормално е да имате потреба од нежност. Но, ако сте во врска или во брак, постои можност партнерот да не ги задоволува вашите потреби. Ќе морате отворено да разговарате за да го одржите квалитетот на врска или на бракот.

Чипкан градник кога сонува машка личност значи дека партнерката сака да ве раздели од пријателот бидејќи смета дека лошо влијае врз вас. Сите ваши маани ќе ги препишува на тоа што се движите во друштво на луѓе кои не и се допаѓаат. На вам е да одлучите дали ќе продолжите да поминувате време со другарите или ќе го послушате советот на саканата.

Ако жена сонува чипкан градник имплицира дека ќе мора да се потрудите да ги остварите своите желби. На работа ќе бидете присилен да работите повеќе од вашите машки колеги за да докажете колку вредите. Ќе преживеете и дискриминација и потценување и саботажа, но тоа ќе го занемарите за да стигнете до целта.

Бојата на чипката има важна улога во толкувањето на сонот.

На пример, ако видите бела чипка значи дека ќе ве воодушеви нечија несебичност. Ќе сфатите колку полоша личност сте, со оглед на количината на позитивната енергија со која зрачи оваа личност.

Жолта чипка на сон претставува самосожалување. Премногу се жалите над својата судбина и мислите дека целиот свет се свртел против вас, а всушност само сте премногу мрзеливи да почнете да се менувате. Никој веќе не паѓа на вашите финти, па дури ни најблиските, туку почнуваат отворено да ви покажуваат да престанете со тоа. На сите им е полесно да одат по линија на помал отпор отколку да се фатат за работа, но вие сте почнале да претерувате.

Ако на сон видите сина чипка значи дека ќе се вљубите во зафатена личност. Нема да се работи за чувства туку за моментална вљубеност со рок на траење, така што немате потреба од паника. Дури и на партнерот ќе му биде симпатично кога зборувате за позната личност што сте ја виделе на телевизија.

Црвена чипка симболизира страст. Ако сте во подолга врска или во брак, партнерот ќе ви приреди незаборавна ноќ во постела. Ако немате партнер, не е исклучено дека одлично ќе се забавувате со некого кој туку што сте го запознале.

Сон во кој гледате црна чипка укажува на тоа дека конечно ќе признаете дека емотивната врска во која сте нема иднина. Ако сте во тајна врска и потајно сте се надевале дека партнерот ќе одлучи да ве претстави пред луѓето веројатно ќе се разочарате бидејќи тоа нема да се случи. Ќе заклучите дека тоа не било љубов туку навика и потреба за возбуда.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте купувале или носеле чипка, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за чипка

Чипка е прозрачна ткаенина која може да биде од памук, свила или други материјали, а се добива со плетење и везење.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg