Чинија

Term Main definition
Чинија

Полна чинија на сон симболизира гозба, додека празна предупредува на неочекувана расправија со драга личност.

Што значи да сонувате чинија?

Ако видите чинија на сон

Кога ќе видите чинија на сон тоа симболизира гозба. Веројатно во скоро време ќе имате причина за прослава. Особено важи за оние кои се на крајот на студиите или во долга врска кога планирате да ја запечатите. Претстојниот период е поволен што се однесува до финансии, па ќе можете сами да ја финансирате прославата која ја имате на им.

Ако сонувате празна чинија

Кога сонувате празна чинија на сон, тоа предупредува на неочекувана расправија. Можеби ќе дојдете до судир со пријател кој лажно ве обвинил. Ќе ви биде криво што вашиот пријател толку малку ве познава, па ќе помисли дека сте во состојба да направите нешто лошо. Тоа негативно ќе се одрази на вашиот однос, па затоа ќе се обидете да го избегнете.

Ако сонувате дека сте скршиле чаша

Ако сонувате дека сте скршиле чаша тоа имплицира дека ќе откриете сурова вистина. Ќе забележите дека вашиот партнер се однесува чудно во последно време и ќе се обидете да ја откриете причината за честата промена на расположението. Длабоко во себе ќе ги знаете одговорите на бројни прашања кои секојдневно си ги поставувате, но до последен момент ќе се надевате дека грешите и дека сте љубоморни без причина.

Ако сонувате дека некој друг скршил чинија

Доколку сонувате дека некој друг скршил чинија тоа значи дека ќе имате големи трошоци. Можеби ќе ви се расипе автомобилот или некој домашен апарат. Не е исклучено ниту дека ќе бидете поканети на свадба, крштевка или некоја друга прослава, па ќе морате да купите вреден подарок. Ако добро ги распоредите парите нема да има потреба да позајмувате или да земате кредит во банка.

Ако сонувате дека јадете од чинија

Ако на сон јадете од чинија тоа имплицира дека би требале да бидете повнимателни при донесување одлуки поврзани со работата. Во блиско опкружување има некој кој е многу поамбициозен од вас и кој ќе се потруди да ве саботира за да постигне успех. Ако на време препознаете за кого се работи сигурно ќе најдете начин да се одбраните. Не дозволувајте другите да ги преземаат заслугите за работата која успешно сте ја завршиле.

Ако сонувате дека други јадат од чинија

Сон во кој гледате дека други јадат од чинија симболизира разочарување во личноста која многу ви значи. Можеби партнерот ќе направи нешто што е во спротивност со вашиот заеднички договор. Тоа ќе го доживеете како предавство или непочитување. Од друга страна, можеби ќе се разочарате од пријател кој од досада ве озборува пред други луѓе. Нема лесно да му ја простите таа ненамерна грешка.

Ако сонувате дека купувате чинија

Кога сонувате дека купувате чинија тоа имплицира дека се обидувате да се претставите во најдобро светло. Многу ви е важно мислењето на некои луѓе од вашето опкружување, па се трудите да ги убедите со своето однесување дека сте нешто што не сте. Тие комплекси се длабоко вкоренети во вас, но ако поработите на тоа, а не го храните егото со безначајни работи, можеби ќе се промените на подобро.

Ако сонувате дека продавате чинија

Доколку на сон продавате чинија тоа значи дека ќе послушате совет од постара личност. Можеби колега ќе ви помогне да завршите некоја важна задача или некој постар член на семејството ќе ве посоветува при купување на стан, куќа или автомобил. Бидете внимателни при вложување на пари. Нека не ве залажува можната добивка па да ги занемарите очигледните ризици.

Ако подарувате чинија

Ако сонувате дека некому сте му подариле чинија тоа го претставува вашиот страв од сиромаштија. Отсекогаш сте се плашеле дека ќе се најдете во тешка финансиска состојба и дека нема да можете да си го дозволите она што ви е потребно. Затоа максимално се трудите рационално да ги трошите заработените пари.

Многу луѓе мислат дека сте скржавец, но тоа вам не ви пречи, бидејќи знаете зошто се однесувате така. Можеби треба понекогаш и да се почестите со нешто и да уживате во животот, а не само да преживувате.

Ако добиете чинија на подарок

Кога сонувате дека некој ви подарил чинија тоа значи дека имате премногу високо мислење за себе. Се сметате за интелигентна, вредна и во секоја смисла квалитетна личност која не ја познаваат повеќето луѓе. Бидејќи тоа не се трудите секому да го покажувате, не може да се каже дека сте арогантна личност, но имајте предвид дека линијата која ве дели од тоа е многу тенка.

Ако украдете чинија

Ако сонувате дека некому сте украле чинија имплицира дека ќе ви дојдат гости на кои не сте се надевале. Некој од пријателите од странство ненајавен ќе ви се појави на врата. Нема да бидете најсреќни поради тоа бидејќи не сте се надевале на оваа посета, а нема ниту да се срамите да му го покажете тоа ваше незадоволство.

На ваше изненадување, него/неа/нив тоа воопшто нема да ги трогне, туку напротив во вашиот стан ќе се задржат со часови. Доколку некој на сон ви украл чинија тоа значи дека нема да бидете задоволни од некој судски процес. Веројатно пресудата нема да ви донесе среќа и олеснување на кое сте се надевале. Сепак, добра вест е дека имате право на жалба ако сакате да го искористите.

Толкувањето зависи од видот на чинијата која ја сонувате

Глинена чинија

Ако на сон видите чинија од глина тоа имплицира дека ќе имате среќен и долг живот. Иако ви се чини дека стресот ве убива, во еден клучен момент од животот ќе сфатите дека не вреди да се нервирате поради ситници кои не го заслужуваат вниманието кои им го придавате. Свртете се кон семејството, пријателите и почнете да уживате во она што ве исполнува. Не би било лошо да внимавате на исхраната за да бидете поздрави во староста.

Стаклена чинија

Доколку сонувате стаклена чинија потсвеста ве предупредува дека сте и погрешиле на саканата личност. Веројатно сте се скарале со некого бидејќи сте сметале дека ве изневерил/ла. Притоа, не сте дозволиле да ви објасни за што се работи, туку едноставно сте одлучиле да прекинете секаков контакт. Време е да преминете преку гордоста и да престанете да се однесувате како разгалено дете.

Пластична чинија

Доколку чинијата која ја гледате на сон е изработена од пластика, тоа значи дека вашата креативност и иновативен пристап на работа конечно ќе биде адекватно награден. Работодавецот конечно ќќе сфати колку сте вреден фактор во целокупното работење на неговата фирма, па ќе се потруди да ве задржи во својот тим. Тоа ќе ви даде дополнителна мотивација да бидете уште подобри.

Сребрена или златна чинија

Сон во кој гледате сребрена или златна чинија преставува напредок на работното место, додека златна чинија предвидува нова работа.

Значењето може да биде поедноставно. Доколку пред скоро време сте скршиле  чинија тоа оставило впечаток врз вас.

Дефиниција за чинија

Чинија е дел од садовите во кои се ставаат намирници кои се користат во исхраната.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg