Бургија

Term Main definition
Бургија

Во рака: одлучивте сами да ја кроите својата судбина; скршена: нерешителни сте.

Што значи да сонувате бургија?

Ако сонувате дека држите бургија

Ако во сон држите бургија во рака, тоа подразбира дека сте одлучиле сами да си ја кроите судбината. Од рана возраст сте независни и свесни дека мора да се изборите за она што го сакате. Во многу ситуации би можеле да се препуштите на очај и да чекате други да ви помогнат, но претпочитате да ги водите вашите битки и да ги преземате заслугите за победи и порази.

Ако сонувате скршена бургија

Кога сонувате скршена бургија, тоа значи дека сте неодлучни. Во наредниот период ќе имате понуди кои ќе ви изгледаат подеднакво добри. До детаљ ќе ја анализирате секоја ставка и ќе се трудите да ги согледате предностите и недостатоците што ќе ви помогнат да донесете одлука. Ќе ви биде посебно тешко на емотивен план, бидејќи сите додворувачи ќе ви симнуваат ѕвезди од небото.

Ако сонувате дека дупчите со бургија

Сонувањето дека дупчите со бургија укажува на тоа дека ве чекаат сериозни работи. Ќе сакате да ја реновирате куќата или станот и да ги уредите како што планиравте подолго време. Ќе купувате списанија на таа тема и едвај ќе чекате да завршите со работата или со другите обврски за да продолжите да мечтаете за вашиот нов дом.

Ако некој друг дупчи со бургија во сон

Доколку сонувате дека други дупчат со бургија, тоа подразбира дека ќе слушнете добри вести. Можеби ќе дознаете дека сте примени на факултет на кој сте сакале да се запишете или дека сте повикани на интервју за работа. Добрите вести може да се однесуваат и на некој од членовите на семејството, но ќе ве израдуваат исто како да се однесуваат на вас.

Ако купувате бургија

Ако во сон купувате бургија, тоа значи дека сте свесни за ризикот што го преземате. Можно е да преземете на себе одговорна работа или да одлучите да инвестирате пари во нешто за што не сте баш сигурни дека ќе ви се исплати. И покрај предупредувањата што ви ги дадоа луѓето од вашето опкружување, вие ќе се водите од мотото „кој не ризикува, не профитира“.

Веќе ви здосади само да преживувате од платата која ја заработувате, па ќе посакате да добиете пари на „полесен“ начин. Сепак, би било добро да се посоветувате со стручњаци за да не изгубите сè што имате.

Ако продавате бургија

Кога сонувате дека продавате бургија, можно е заслугите за сработената работа да ги препуштите на колега. Тој/таа ќе се најде пред отказ, а вие, свесни за ситуацијата во која се наоѓа, ќе одлучите да му/ѝ помогнете на кој било начин. Дури и ако вашиот мал „трик“ не „помине“ кај шефовите, барем ќе знаете дека сте направиле што сте можеле и совеста нема да ве гризе.

Ако подарувате бургија

Сон во кој некому ќе му подарите бургија симболизира мрзеливост. Влеговте во фаза кога сè ви е тешко и немате волја да се покренете. Можеби ве разочараа неуспесите, а можеби сте сфатиле дека сакате да уживате во времето што го имате. Во секој случај, во ред е да сакате да се опуштите, но не смеете да дозволите мрзливоста да ве ограничува. Земете го животот во свои раце, трудете се, работете и резултатите нема да изостанат.

Ако добиете бургија на подарок

Доколку некој ви подари бургија во сон, тоа значи дека би требало да престанете да се мешате во туѓите животи. Во секој момент имате што да ги советувате членовите на семејството, колегите или пријателите, а притоа го игнорирате фактот дека не сте го „средиле“ својот живот на вистински начин. Искосете го сопствениот двор прво, па дури потоа помогнете му на соседот да ја среди меѓата.

Ако скршите бургија

Ако сонувате дека вие сте скршиле бургија, тоа подразбира дека ќе бидете обвинети за нешто што не сте го направиле. Ќе ви треба многу време да докажете дека сте невино осудени и дека немате никаква врска со злосторствата за кои сте обвинети. Најбитно е најблиските да ви веруваат и да ја имате нивната поддршка, тоа што  околината го зборува не треба да влијае многу на вас.

Доколку, пак, сонувате дека некој друг скршил бургија, тоа значи дека сте под стрес поради недостиг на време. Имате толку многу обврски што 24 часа на ден не се доволни за да завршите сè. Во моментов не размислувате воопшто за посета и дружење со семејството и пријателите.

Колку и да ви е важна работата, не занемарувајте ги најблиските, ниту игнорирајте го заморот што го покажува вашето тело. Ова може да има многу лоши последици на долг рок.

Ако изгубите бургија

Сонувањето дека сте изгубиле бургија укажува на тоа дека ќе мора да работите многу повеќе за да ги задоволите сите свои потреби. Размислете за тоа дали тие потреби се реални или наметнати. Во зависност од одговорот на претходното прашање, разгледајте ја опцијата да најдете дополнителна работа.

Сон во кој некој друг изгубил бургија значи дека сте ви здосадило да губите време  исправајќи туѓи грешки.

Бургија за бетон

Доколку во сон гледате бургија за бетон, тоа подразбира дека сте многу вредна личност, но дека се чини оти сите други имаат поголема корист од тоа отколку вие самите. Продолжете да се трудите и резултатите нема да изостанат. Во блиска иднина сигурно ќе профитирате, бидејќи работодавачот конечно ќе сфати колку му значи сè што работите.

Бургија за дрво

Доколку во сон гледате бургија за дрво, тоа значи дека сте „влегле“ во лошо друштво. Луѓето со кои во моментов се дружите немаат многу амбиции ниту волја да постигнат нешто значајно во својот живот. Ако продолжите да поминувате време со нив, ќе станете исти како нив. Време е да се тргнете и да продолжите кон остварување на своите цели.

Бургија за стакло

Ако во сон гледате бургија за стакло, потсвеста ве предупредува да внимавате како се однесувате кон луѓето кои ве сакаат и почитуваат. Станавте многу остри во коментарите и не се двоумите да им кажете на сите сè во лице, дури и ако тоа ги повреди. Меѓутоа, колку што вашата искреност е позитивна одлика, толку би можела  да ги наруши односите со најблиските. Постојат и посуптилни начини да се изразите. Секако, ако тоа го сакате.

Бургија за лим

Сонувањето бургија за лим значи дека ќе ви треба многу помалку труд за да завршите некоја работа отколку што мислевте. Се плашевте како ќе влезете во реализација, но брзо ќе заклучите дека вашиот страв бил неоснован. Ќе ви биде драго што по природа сте прагматична личност, бидејќи таа карактеристика и до сега многу ви помогна да решите некои работи.

Бургија за дупчење земја

Кога во сон гледате дупчалка за дупчење земја, тоа значи дека мора да продолжите да се трудите за да успеете во животот. Не се откажувајте од своите планови и потрудете се да не ја изгубите мотивацијата бидејќи вашето време сигурно ќе дојде.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте виделе или сте користеле бургија, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за бургија

Бургија е алат што се користи за обработка на материјали со дупчење.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg