Буре
Term | Main definition |
---|---|
Буре | Полнo: непожелни сте во друштво поради скржавост; миење буре грижа; полнење со вино: брза радост. Што значи да сонувате буре?Сонување полно буреКога сонувате полно буре, тоа подразбира дека ќе бидете непожелни во друштво. Пријателите ќе зборуваат дека сте голем скржавец и дека никогаш не сте се сетиле да ги поканите на пијалак. Повеќе ќе се жалите на вашата материјална ситуација, отколку што таа е навистина лоша. На многумина ќе им биде потешко од вас, но ќе се трудат да сокријат. Сите ќе мислат дека сте од оние луѓе кои имаат, токму затоа што најмногу кукаат. Миење буре во сонАко во сон миете буре, тоа означува грижа. Во наредниот период ќе бидете напнати и во сè ќе гледате причини за грижа. Нема да бидете свесни дека со таквиот став само ги оптоварувате другите луѓе и им одмагате. Пријателите ќе ве советуваат да се опуштите и да се обидете работите да ги гледате од поведрата страна, а не само беспотребно да стравувате. Полнење буреСонување буре кое го полните укажува на радост. Ќе слушнете вести кои ќе бараат прослава. Можно е да се вработите или се одлучите за венчавка. Ќе посакате тоа да го одбележите најдобро што можете и со драгите луѓе да ја прославите вашата среќа. Празно буреДоколку сонувате празно буре, тоа значи дека ќе се чувствувате осамено дури и кога сте опкружени со драги луѓе. Ако имате партнер, можно е да не ви посветува онолку внимание колку што би сакале. Чувствувате дека сте се оттуѓиле и не поминувате доволно време заедно. Обидете се да разговарате за тоа, бидејќи ништо нема да постигнете доколку продолжите самите себе да се мачите. Сонување пластично буреПластичното буре во сон симболизира неискрени чувства. Можно е на блиска личност да не сте ѝ признале како се чувствувате или љубовта кон партнерот едноставно се изгасила. Тие чувства може да бидат и позитивни и негативни, но потсвеста ви порачува дека ќе мора да се соочите со тој проблем. Колку и да е болна, вистината секогаш е подобра отколку лагата. Обидете се да замислите дека вие сте се нашле во таа ситуација, дали би сакале некој да крие што за вас, всушност, чувствува. Сонување метално буреМеталното буре во сон значи дека во својата близина имате личност која ви црпи премногу енергија. Веројатно долго се познавате и тој/таа ви е драг/а, па не сакате да го/ја повредите со своите зборови, но во последно време поради сопственото ментално здравје избегнувате дружење со него/неа. Ако навистина ви е до тоа пријателство обидете се да разговарате и без галама објаснете за што се работи. Ако му /ѝ свртите грб повеќе ќе го/ја повредите. Сонување големо буреКога сонувате големо буре тоа значи дека имате многу пријатели на кои можете да сметате. Можно е дека сте се нашле во некоја неволја и сте помислиле оти сте сосема сами, но блиски луѓе ви докажале дека не сте во право. Водете сметка за тоа да им возвратите за услугата кога за тоа ќе дојде време. Сонување мало буреДоколку сонувате мало буре потсвеста ве предупредува на некоја незавршена работа. Можеби некоја обврска на работа или факултет сте ја одложувале долго време, но во блиска иднина ќе се соочите со тоа дека решение мора да најдете веднаш. Немојте да бидете мрзеливи, бидејќи трудот би можел да се исплати. Правење буреАко сонувате дека сами изработувате буре, тоа значи дека сте креативна личност и дека токму таа креативност до сега многу ви значела во животот. Доколку моментно работите работа која не ја бара таа особина, размислете за хоби кое би можеле во блиска иднина да го претворите во вносен бизнис. Растурање буреКога сонувате дека го растурате бурето на делови, тоа подразбира дека сте подготвени за нови предизвици. Зад вас е тежок период полн со неизвесност. Иако сте се помачиле, тоа ви помогнало да сфатите што и како сакате да работите. Можна е преселба во некој друг град или држава. Палење буреАко во сон се обидувате да запалите буре, тоа симболизира некоја штета. Ќе имате дефект на автомобилот или на некој апарат во домаќинството. Со оглед на тоа дека е тоа непредвиден и непланиран трошок, поправката или набавката на нов апарат или автомобил ќе ја оставите за некое „посреќно време“. Купување буреДоколку сонувате дека купувате буре, тоа подразбира дека се плашите од иднината. Веројатно би сакале да постигнете уште многу, но се плашите да ризикувате. Отсекогаш во сè прво добро сте промислувале пред нешто да направите. Обидете се и на тој проблем да пристапите на ист начин и ќе знаете дека сте донеле исправна одлука. Продавање буреКога во сон ќе продавате буре, тоа значи дека ќе се најдете во опасност. Можеби некој ќе ви понуди ризична работа или договор за заем или кредит под сомнителни услови. Добро размислете за секој нареден чекор, бидејќи и една секунда непромисленост би можела да биде кобна. Подарување буреАко сонувате дека некому сте подариле буре, тоа значи дека ќе направите добро дело без награда или материјален надомест. Тоа ќе ви годи, бидејќи ќе знаете дека сте помогнале на некоја непозната личност во неволја. Можно е да одлучите почесто да волонтирате, бидејќи тоа ве усреќува. Добивање буре на подарокКога сонувате дека некој ви подарил буре, можно е претпоставениот да ја потцени вашата работа. Веројатно долго сте се труделе да завршите некоја важна работа и конечнно сте задоволни со резултатот, но претпоставениот не го дели вашето мислење. Тоа ќе ве фрустрира, но постар и поискусен колега или познајник ќе ви даде совет кон кој треба да се држите. Тркалање буреДоколку во сон тркалате буре, тоа значи дека среќата конечно ќе ви се насмевне. Можна е добивка во игри на среќа или наследство кое не сте го очекувале. Во секој случај, во вашиот живот ќе дојде до позитивни промени. Можеби ќе мора да се откажете од некои работи, но сето тоа за подоцна да ви биде подобро. Доколку во вашиот сон некој друг тркала буре, тоа може да значи дека пријател ќе ве праша за совет, а вие нема да знаете да му одговорите. Ќе ви биде жал за тоа, но едноставно нема да можете да се поставите во негова ситуација, бидејќи тоа ви е целосно непознато. Немате причини да се плашите, бидејќи тој/таа тоа нема да го земе како зло. Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте миеле или сте ставале нешто во буре, тоа оставиле впечаток на вас. Дефиниција за буреБуре е затворен дрвен сад во кој се чува течност, а најчесто вино, ракија и пиво. |