Бунда
Term | Main definition |
---|---|
Бунда | Сонувањето бунда значи дека за краток временски период ќе стекнете големо богатство. Што значи да сонувате бунда?Ако гледате бунда во сонАко во сон гледате бунда, тоа подразбира дека ќе стекнете големо богатство. Вашиот живот ќе се промени за 180 степени и ќе можете да уживате во луксуз за кој не сте ни сонувале. На вашето семејство ќе му овозможите сè што му е потребно и ќе живеете на висока нога. Може да се случи да заборавите од каде сте и со презир ќе гледате на тој дел од животот. Ако продавате бунда во сонСонувањето дека продавате бунда предупредува на тешка материјална ситуација. Маката ќе ве натера да ги заложите вредните работи што ги имате за да успеете да ги покриете трошоците и да врзете крај со крај. Ќе се соочите и со разни коментари кои ќе варираат од поддршка преку сочувство до осуда. Тешко ќе донесете вака сериозна одлука, но ќе имате јасни приоритети на кои ќе им одредите сè останато. Ако купувате бундаДоколку сонувате дека купувате бунда, тоа значи дека ви е потребна заштита. Минувате низ тежок период и ви се чини дека ве напаѓаат од сите страни. Не се чувствувате сигурно ни кога станува збор за работата, а ни кога станува збор за емоциите. Некои настани ја разнишаа вашата самодоверба и вербата во другите луѓе. Поради тоа ви се чини дека ја немате поддршката во онаа мера колку што ви е потребна. Не треба да очајувате поради тоа, туку продолжете да се борите со своите „демони“ и работите ќе тргнат кон подобро. Ако подарувате бундаКога некому во сон му подарувате бунда, тоа подразбира дека нема да се оствари желба. Вложивте многу во односите со некоја личност, но чувствувате дека таа љубов и внимание не ви се возвратени. Замислувавте дека ќе живеете до старост со партнерот, но сега сè повеќе се сомневате дека тоа е вистинската личност за вас. Обидете се да анализирате што довело до такви заклучоци и ако навистина не гледате друг излез, побарајте ја среќата на друго место. Алтернативно толкување на овој сон е дека симболизира упорен додворувач. Некој ќе стори сè за да го привлече вашето внимание и да ви покаже колку му значите. Иако сте свесни дека се работи за личност која сака да ве направи среќен, нема да бидете целосно сигурни дека можете да му ги возвратите чувствата. Ако добиете бунда на подарокАко некој во сон ви подари бунда, тоа значи дека премногу се грижите за тоа како другите луѓе ве доживуваат. Се плашите да ги искажете своите мислења и ставови, особено ако тие не се совпаѓаат со ставовите на повеќето други луѓе. На долг рок, ваквото размислување може да биде погубно. Ќе го изгубите идентитетот и свесноста за себе и дури тогаш нема да бидете задоволни со својот живот. Крајно време е да ја промените вашата грда навика да барате нечиј аплауз за секој свој потег. Ако изгубите бундаАко во сон изгубите бунда, тоа укажува на штетата што ќе ја претрпите поради непромисленост и невнимание. Можно е во минатото да сте донеле одлука во афект, чии последици сега ќе стигнат за наплата. Тоа ќе биде важна лекција во која ќе научите да не носите големи одлуки на тој начин и секогаш да ги оставате впечатоците да се смират пред да го направите следниот чекор. Ако фрлите бундаДоколку сонувате дека сте фрлиле бунда, тоа значи дека во иднина ќе се соочите со бројни предизвици. Ќе ви биде тешко да се борите со проблемите на деловен или приватен план, па затоа ќе барате утеха во пороците. Меѓутоа, не дозволувајте тоа целосно да ве обзеде и најдете друг начин да ги канализирате негативностите што ги доживувате и чувствувате. Најлесно е да се откажеш од сè, но вистинскиот карактер се одразува во тоа колку имате сила да се борите. Ако искинете бундаАко во сон искинете бунда, случајно или намерно, тоа подразбира дека ќе ви се случи голема неправда. Можеби вашиот партнер ќе ве обвини за изневерување или некој од колегите ќе ве обвини за лошо извршената работа. И во двата случаја ќе мора да вложите многу време и труд за да докажете дека не сте погрешиле, така што никакви извинувања нема да ви значат многу. Сепак, не бидете злопамтило и дозволете луѓето да ви изразат каење. Ако запалите бундаКога сонувате дека сте запалиле бунда, тоа значи дека ќе ја изгубите довербата во личност што ви е многу важна. Тој/таа ќе го покаже своето вистинско лице и дури тогаш ќе сфатите дека не требаше да му/ѝ се верувате. Повеќе од сето ова ќе ве потресе фактот дека тој/таа не се грижи многу за она што ви го направил/а, па би можеле да западнете во депресија. Не дозволувајте тоа да ја разниша вашата верба во другите луѓе, затоа што и сами знаете дека не се сите исти. ТОЛКУВАЊЕТО ЗАВИСИ И ОД БОЈАТА НА БУНДАТА КОЈА ЈА СОНУВАВТЕЦрна бунда во сон симболизира промена. Ќе одлучите да поработите на својот физички изглед, да ја промените фризурата или начинот на облекување. Со тоа ќе стекнете поголема самодоверба, но и поголем број „обожаватели“. Белата бунда е симбол на невиност, хармонија и мир. Можеби вашиот мир е нарушен од некои непријатни настани, па затоа се трудите да го вратите. Побарајте спокој меѓу оние што ги сакате и кои имаат разбирање за вашите желби и потреби. Жолта бунда укажува на среќни моменти кои ви претстојат, особено во врска со љубовниот живот. Можеби ќе запознаете нова личност која ќе ви се допадне или ќе поминете прекрасна вечер со партнерот. Со оглед на тоа што жолтата е боја на оптимизам, оние кои сонуваат бунда во таа боја конечно ќе сфатат дека не е сè црно и бело. Црвената бунда е симбол на страст, како на деловен така и на приватен план. Луѓето кои сонуваат црвени бунди се многу посветени на својата работа, но и на животниот партнер. Тие вложуваат сто проценти од својата сила, волја и време во сè што прават и секогаш се надеваат дека вложеното ќе им биде вратено. Тие ретко се разочаруваат во луѓето затоа што имаат разбирање за нивните потреби и за фактот дека не секој може да размислува како нив. Ако во сон видите зелена бунда, тоа значи дека сте многу реална личност која стои цврсто на земја. Ниту парите, ниту славата не ве импресионираат. Се трудите да го живеете својот живот најдобро што можете и ги игнорирате другите. Имате многу здрав став кон себе и другите. Кога сонувате кафеaва бунда, тоа подразбира дека сте заштитнички настроени кон оние што ги сакате. Поради нив вие сте во состојба да се карате, па дури и да се степате ако е потребно. Многумина ве сакаат затоа што умеете да ги цените семејните вредности, но често ви замеруваат за агресијата што ја покажувате. Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте купиле или сте добиле бунда, тоа сигурно ви оставило впечаток. Дефиниција за бундаБундата е еден од најстарите делови од гардеробата која има заштитна улога при ниски температури. |