Бунар

Term Main definition
Бунар

Ако гледате: после опасност очекувајте подобри моменти, ќе добиете јавно признание; ако вадите вода од бунар: женидба со миразџика; ако пиете вода од бунар: здравје и веселба; ако скокнете во бунар: среќа; ако паднете во него: тешка иднина, грижи, жал; бунар без вода: грижа, загуба, штета, болест, погрешен потег  или чекор; длабок: среќа; плиток: немаштија; ако копате бунар: штета, сиромаштија, вашите тајни ќе бидат разоткриени; полн со вода: брзо оздравување на блиска личност.

Што значи да сонувате бунар?

Бунар е поим од соновник кој ретко го сонуваме. Може да симболизира спротивни поими и некогаш соништата со бунари не е лесно да се протолкуваат. Некогаш ист сон каде што е мотив бунар може да има тотално различно значење.

Ако гледате бунар во сон

Ако во сон гледате бунар, тоа означува дека за вас ќе дојдат подобри времиња. Што се однесува до деловните прилики, во претходниот период сте биле изложени на многубројни опасности. Конечно ќе можете да се опуштите и да уживате во плодовите од вашата работа.

Ќе добиете и јавно признание од надлежни луѓе кои се упатени во искушенијата со кои сте морале да се соочите. Тоа ќе придонесе уште повеќе да ѝ се восхитуваат на вашата способност.

Ако сонувате дека вадите вода од бунар

Кога сонувате дека вадите вода од бунар, тоа подразбира дека ќе се ожените со миразџика. Можно е да сте се разочарале во личност која искрено сте ја сакале или сте одлучиле да им дадете предност на амбициите пред љубовта.

Во почеток ќе бидете уверени дека сте направиле добар избор, но како ќе поминува времето, ќе почувствувате празнина и незадоволство од семејниот живот. На крај ќе сфатите дека со пари не може баш сè да се купи.

Ако некој друг вади вода од бунар

Ваквиот сон укажува на тоа дека безуспешно ќе се обидувате да го одвратите блискиот пријател од некоја одлука која ја сметате за погрешна. Со најдобра намера ќе се трудите аргументирано да му изложите зошто таа одлука е лоша, но тој/таа нема да ве слуша. Не дозволувајте поради различни ставови да се оддалечите, туку бидете тука за него/неа кога ќе се излезе дека сте биле во право.

Ако пиете вода од бунар во сон

Сонувањето дека пиете вода од бунар симболизира здравје. Ќе имате желба поголемиот дел од вашето слободно време да го поминувате во село и во природа. Ќе ви се допадне чувството дека сте далеку од метеж и стресни ситуации кои покрај губењето нерви, не сте во состојба да ги решите.

Ќе се посветите на здравиот начин на живот и после неколку месеци ќе видите повеќе од очигледни позитивни промени на вашето тело и психата.

Ако некој друг пие вода од бунар

Ако сонувате дека други пијат вода од бунар, тоа значи дека конечно ќе успеете да отпатувате на некое мирно место со драга личност. Тоа ќе ви помогне уште повеќе да се зближите, а ако сè уште не сте во брак, можеби токму таму ќе донесете заклучок дека е вистинско време за тој чекор.

Ако скокнете во бунар

Доколку во сон скокнете во бунар, тоа асоцира на среќа. Во некои ситуации вашата непромисленост ќе има позитивни резултати и ќе доживеете успех кој никој, освен вас, не го очекувал. Ќе им одолевате на притисоците да се стопите во масата чии соништа и надежи исчезнуваат пред товарот на суровото секојдневие и неговите  обврски.

Ако некој друг скокне во бунар

Кога во сон ќе видите како некој скока во бунар тоа подразбира одлични вести. Можно е да добиете покачување или понуда кариерата или школувањето да ги продолжите во странство. Ќе биде тоа остварување на вашите долгогодишни желби.

Ако паднете во бунар

Кога сонувате дека сте паднале во бунар тоа предупредува на тешка иднина. Нема премногу да размислувате за тоа да се обезбедите и да дочекате безгрижна старост. Ќе живеете за моментот и ќе настојувате да си ја исполните секоја желба.

Може да се случи да се најдете во тешка материјална ситуација која ќе ви ги отвори очите и ќе ве натера поодговорно да трошите пари. Иако тоа ќе ви биде непријатно искуство, ќе имате голема корист од него.

Ако некој друг падне во бунар

Доколку во сон гледате како некој друг паднал во бунар, тоа подразбира дека сте загрижени за здравјето на драга личност. Веќе некое време ви се жали на загрижувачки симптоми, но не сака да посети лекар. Ќе морате да реагирате и да му/ѝ закажете преглед кај специјалист, со тоа ќе го/ја натерате да се грижи за своето здравје.

Бунар без вода

Ако во сон гледате бунар без вода, тоа е опомена дека ќе претрпите загуби. Наизглед безопасен деловен потег ќе ви донесе големи грижи кои лошо ќе влијаат и на вашето здравје. Ќе бидете во неверување дека тоа вам ви се случува и нема да можете да се помирите со негативен исход кој ќе предизвика една непланирана реакција.

Длабок бунар

Кога сонувате длабок бунар тоа симболизира благосостојба. Во вашиот живот сè ќе оди по редот кој го посакувате и кој вам најмногу ви одговара. Ќе уживате во семејната среќа и добрите односи со поголем број луѓе од вашето опкружување. На емотивен план ќе бидете задоволни и ќе правите планови да ја озаконите врската.

Плиток бунар

Сонувањето плиток бунар предупредува на немаштија. Ќе бидете принудени да трошите пари кои сте ги оставиле за црни денови. Можно е платата да ви биде намалена или да ја напуштите работата поради лоши услови. Ќе морате да се снаоѓате и набрзо да пронајдете начин да излезете од неповолната ситуација која ќе ве истроши материјално и психички.

Ако копате или правите бунар во сон

Доколку во сон копате бунар, тоа е опомена дека ќе претрпите штета. Нема да внимавате кому му ги доверувате вашите најинтимни тајни па може да се случи тие да бидат разоткриени. Тоа ќе ви донесе осуда од луѓето од околината кои ќе глумат морално чисти личности, иако вие знаете дека тоа не се. Ова искуство ќе ви биде корисно затоа што ќе сфатите кои ви се вистински пријатели.

Ако гледате дека некој друг копа бунар

Кога сонувате дека други копаат бунар тоа значи дека некој ќе се обиде да ве измами. Водете сметка за тоа со кого склопувате договори и за тоа какви договори потпишувате, за после да не ве боли главата.

Ако чистите бунар

Сон во кој чистите стар бунар означува дека ви доаѓаат подобри времиња, практично доаѓаат и вашите пет минути. Потрудете се да ги искористите.

Ако други чистат бунар во сон

Ако сонувате дека други чистат бунар, тоа подразбира дека ќе ви треба помош за да ги остварите своите цели. Послушајте совет од поискусен колега кој порано го поминал тоа што сега вам ви се случува, нема да се покаете.

Бунар полн со вода која се прелева

Сонувањето бунар полн со вода означува брзо оздравување на блиска личност. Конечно ќе можете да земете здив и да престанете да се грижите за личност чија болест ви донела многу непроспиени ноќи. Ќе уживате кога ќе ја видите насмеана и способна да ги извршува секојдневните обврски.

Вие ќе се промените после ова искуство и веќе нема да придавате значење на небитни работи. Некој близок ви „пука“ од здравје.

Ако сонувате загаден бунар

Ако сонувате загаден бунар, сонот означува нарушени меѓучовечки односи. Неодредено е помеѓу кого, може да биде помеѓу вас и вашите пријатели или вас и вашите родители, но исто така тоа можат да бидат односи помеѓу ваши пријатели или блиски лица. Ако е во прашање последното, тие нарушени односи ќе почнат да преминуваат и на вас, па ќе дојдете во ситуација да морате да бирате кој е во право.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте виделе бунар или сте пиеле вода од него, тоа ви оставило впечаток.

Дефиниција за бунар

Бунар е вертикален објект во тлото кој се добива со копање или бушење и служи за експлоатација на подземни води.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg