Букет цвеќе

Term Main definition
Букет цвеќе

Ако добиете: неочекувана среќа; ако згазите: неблагодарни сте кон личностите кои ви се верни.

Што значи да сонувате букет цвеќе?

Цвеќето спаѓа во релативно чести поими, меѓутоа букети многу поретко сонуваме. Ги сонуваат подеднакво и мажи и жени.

Толкувањата на овој сон можат да бидат многу различни, затоа што толкувањето зависи од атмосферата но и типот на цвеќето кое сме го сонувале

Ако цвеќето не го препознаваме, гледаме толкување на неодреден вид цвеќе. Ако неодамна сtе држеле или виделе убав букет, тогаш ваквиот сон не го толкуваме.

Ако добиете букет цвеќе

Ако во сон добиете букет цвеќе, тоа симболизира неочекувана среќа. Можно е веќе подолго време да сте вљубени во некој кој не се изјаснува за своите чувства. Полека ќе почнете да губите надеж дека помеѓу вас нешто ќе се случи и ќе му посветувате помалку време. Таквиот став ќе го натера да се запраша и да сфати дека не сака да ве изгуби.

Ако газите букет цвеќе

Сонувањето дека газите букет цвеќе укажува дека сте неблагодарни кон луѓето кои ви се верни. Нема да умеете да ги цените обидите на вашето семејство да ви пружи сè што е во нивна можност. Ќе ги земете здраво за готово и ќе сметате дека тоа им е должност и обврска. Ќе ги повреди вашата рамнодушност и недостиг од внимание и сочувство, па ќе ги почнат да ви ги укинуваат привилегиите кои до сега сте ги имале.

Ако подарувате букет

Кога сонувате дека вие подарувате букет цвеќе, тоа означува среќа во љубовта. Ќе ѝ приредувате изненадувања на саканата личност кои ќе ја воодушеват и ќе направат со нетрпение да ја очекува секоја ваша средба. Чувствата кои ќе се пробудат во вас ќе ве инспирираат да бидете креативни и непрекинато да вложувате во вашата врска.

Ако сонувате дека купувате или продавате букет цвеќе

Доколку сонувате дека купувате букет цвеќе, можно е да остварите некој долгорочен план или да ви се исполни дамнешна желба. Конечно ќе ги дочекате своите „пет минути слава“ и ќе го постигнете она што го сакате.

Ако во сон продавате букет цвеќе, тоа значи дека на сосема неочекувано место ќе запознаете личност која многу ќе ви се допадне. Ќе ви се чини дека токму тој/таа е ваша сродна душа, но ќе се плашите да му/ѝ пријдете.

Свадбен букет

Кога девојка сонува свадбен букет тоа подразбира дека има желба да се омажи, а ако мажена жена сонува свадбен букет тоа претставува предупредување дека бракот е во криза. Доколку, пак, помлад маж сонува свадбен букет можно е да запознае девојка која ќе го маѓепса. Ако ист сон сонува женет маж, можно е да се впушти во флерт со друга жена.

Ако сонувате дека фрлате свадбен букет

Кога жена сонува дека фрла свадбен букет тоа претставува каење поради одлуки донесени во минатото. Можно е поради нешто да сте се откажале од своите соништа, сте го напуштиле факултетот или сте го смениле местото на живеење, но како времето проаѓа сè повеќе увидувате дека сте погрешиле.

Запаметете, никогаш не е доцна да го промените она што во животот не ви се допаѓа. Само треба да се има волја и храброст за такво нешто.

Доколку маж сонува дека фрла свадбен букет, му претстојат среќни моменти со помладите членови од семејството. Ќе се вратите во детството и ќе ви годи таа прекрасна енергија која децата ја испраќаат. После времето поминато со нив ќе се чувствувате позитивно, полетно и мотивирано за секој нов предизвик.

Ако сонувате дека сте фатиле свадбен букет

Ако жена сонува дека фатила свадбен букет, тоа претставува предупредување дека некој се обидува да ве оцрни пред други луѓе. Внимавајте кому му се доверувате и не дозволувајте да ве погодат лагите кои ќе ги чуете за себе. Доколку, пак, маж сонува дека фатил букет, тоа е знак дека ќе се скара со партнерката или со некој друг член од семејството.

Толкувањето зависи и од видот на цвеќе кое се наоѓа во букетот.

Букет од ружи

Кога во сон ќе видите букет од ружи тоа укажува на страст, љубов и копнеж. Ружите во сон, исто така, се поврзани со нова личност во вашиот живот. Можно е да запознаете некој кој ќе ве маѓепса не само со физичкиот изглед, туку и со ставовите и начинот на размислување. Ако се впуштите во оваа романса, очекувајте многу страствени моменти.

Букет од лалиња

Букет од лалиња симболизира болка, тага или загриженост. Веројатно преживувате некои тешки моменти и проблем ви е да се изборите со тоа. Обидете се да се доверите на блиска личност, дозволете си себеси да се исплачете и да покажете слабост. Тоа ќе ви помогне да се „исправите“ и да продолжите и понатаму да се борите.

Букет од сончогледи

Доколку во сон купувате, добивате или гледате букет од сончогледи, тоа значи дека пред вас е еден многу убав период. Ќе бидете среќни во љубовта, а задоволни кога се во прашање училиште, факултет или работа. Искористете го за да уживате, бидејќи сте го заслужиле. Не би било лошо во меѓувреме да поработите на плановите и идеите за идните чекори.

Букет од гербери

Сон во кој гледате или носите букет од гербери укажува на радост и среќа во идниот живот. Можно е да дознаете дека очекувате принова или дека принова ќе стигне во куќата на вашите роднини или пријатели. Овие вести многу ќе ве израдуваат и ќе внесат позитивна енергија во вашето секојдневие.

Букет од паричиња

Букет од паричиња симболизира спонтаност со која ќе ги освојувате лицата од спротивниот пол. Во последно време зрачите со позитивна енергија затоа што се чувствувате добро во својата кожа. Тоа ќе се одрази и на вашиот емотивен живот, па ќе им станувате сè попривлечни на лицата од спротивниот пол.

Ако сте слободни, вистински момент е да најдете некој кој ќе ве усреќи.

Букет од лилјани

Кога во сон ќе видите букет од лилјани тоа значи дека ќе му простите некому кој ве повредил. Ќе сфатите дека предолго сте се лутеле и сте пропуштале прилики да уживате во убави моменти со драга личност.

После тоа вашиот однос ќе биде  подобар и поцврст. Сепак, немојте да си дозволувате таков „луксуз“ за ништо да започнувате „војна“ со него/неа, затоа што би можеле да ја загрозите вашата врска.

Букет од хризантеми

Сон во кој гледате букет од хризантеми подразбира напредок во кариерата. Конечно коцките ќе се состават и вашиот труд и работа ќе почнат да се вреднуваат. Можно е работодавачот да ви даде позиција на раководител.

Ќе ве плаши толкава доза на одговорност, но сепак со задоволство ќе ја прифатите понудата затоа што таа подразбира и поголеми примања.

Букет од различно цвеќе

Ако во сон видите букет со повеќе видови цвеќе, тоа значи дека се чувствувате сакано. Партнерот покажува сè поголема наклонетост кон вас и како поминува времето вашите односи се сè поцврсти, а вашата љубов сè појака. Доколку немате деца, веројатно наскоро ќе се одлучите на тој голем животен чекор.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте купиле или сте добиле букет од цвеќе, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за букет цвеќе

Букетот го прават неколку цветови кои се спакувани со украсна хартија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg