Броење
Term | Main definition |
---|---|
Броење | Сон во кој броите различни предмети симболизира незадоволство или осаменост. Што значи да сонувате како броите?Ако сонувате дека некого учите да броиАко во сон некого учите да брои, тоа значи дека ќе трпите поради туѓи грешки. Можеби децата, член од семејството или колега од работа ќе ве доведат во незгодна ситуација. Ќе морате многу да се потрудите тоа да го исправите и ќе бидете лути затоа што сте се нашле во таква неприлика. Ако такво нешто се случи на работа, ќе биде тоа лекција за во иднина. Не се потпирајте премногу на другите, туку трудете се својот дел од работата да го одработите што подобро. Ако броите предметиСон во кој броите различни предмети симболизира незадоволство или осаменост. Моментално поминувате низ емотивно тежок период. Ако сте во долга врска или брак партнерот сосема сигурно не ги исполнува вашите очекувања и често ви се чини дека ве занемарува. Доколку сте, пак, долго сами, ваквите соништа ве предупредуваат дека е крајно време да ја пронајдете сродната душа. Не дозволувајте стравот од неуспех да ве спречи во потрагата по соодветен партнер. Не би било лошо да ги намалите критериумите, затоа што и сами сте свесни дека никој не е совршен. Ако броите луѓеДоколку во сон броите луѓе, тоа укажува на проблеми од правна природа. Можно е во текот на некоја оставинска расправа да мора да се борите за она што вам ви припаѓа. Друга можност е неповолниот договор кој порано сте го потпишале да доведе до судски процес. Веројатно не сте ја прочитале баш секоја ставка од она што сте го потпишале и сега ви се заканува опасност да бидете казнети со поголем паричен износ. Ако броите децаАко сонувате дека ги пребројувате сопствените деца, тоа значи дека немате причина за загриженост. Како повеќето родители се плашите дали ќе успеете да ги изведете на вистински пат. Но во вашиот случај грижата е неоснована, затоа што ќе ги воспитате да бидат добри, вредни и чесни луѓе. Единствено на што треба да се надевате е дека тие особини во иднина повторно ќе бидат на цена. Кога во сон броите туѓи деца потсвеста ве предупредува дека е време да станете сериозни и да почнете да размислувате за својата иднина. Веројатно уште сте во фаза кога верувате дека за сè имате време, но брзо ќе сфатите дека сте потрошиле неколку години кои сте можеле да ги искористите на подобар начин. Дефинирајте ги плановите и немојте од нив да се откажете. Ако броите животниКога сонувате дека броите животни, тоа значи дека сте многу внимателна личност. Добро знаете да процените кому можете да му верувате и ретко се зближувате со луѓе за кои не сте сигурни дека имаат искрени и добри намери. Тоа многу ви помогнало во животот затоа што сте спречиле ризик да бидете повредени или измамени. Меѓутоа, тоа негативно се одразило на вашиот љубовен живот, затоа што до сега сте пропуштиле многу прилики да бидете среќни. Ако броите ѕвезди во сонСон во кој броите ѕвезди укажува на тоа дека сте личност која има многу фантазија и креативност. Можеби вашиот моментален факултет или работа, не само што не ги поттикнува, туку и ги потиснува тие ваши особини, па се чувствувате помалку стегнато. Време е да најдете интересно хоби кое ќе ви овозможи да го покажете својот раскошен талент. Кој знае, можеби ќе ви донесе и пристојна заработувачка ако се потрудите да бидете најдобри во тоа што го работите. Ако одбројувате секундиВаквите соништа симболизираат некој вид на страв од последици кои би можеле да ви се случат поради погрешна одлука. Веројатно се наоѓате на некоја пресвртница и потребно е да одлучите што и како понатаму. Во тој случај стравот е сосема нормален и оправдан, но немојте да ве парализира затоа што така ќе пропуштите некои прекрасни работи во животот. Ако одбројувате минутиДоколку сонувате дека одбројувате минути, тоа значи дека ќе морате да бидете многу трпеливи за да го остварите она што сте наумиле. Употребете ги своите тактички способности и немојте да влегувате во нешто за што не сте сигурни дека има позитивен исход. Мудро однесувајте се спрема луѓето кои можат да ви помогнат во процесот на остварување на вашите цели и не дозволувајте емоциите да ви преовладаат над разумот. Ако одбројувате часовиКога во сон одбројувате часови потсвеста ве предупредува дека е време да се заземете за себе. Предолго на прво место ги ставате оние кои ви значат. Сега сте ги навикнале на тој факт, но вие сте сè помалку задоволни од начинот на кој живеете. Верувајте дека не е доцна тоа да го промените и дека не треба да се плашите како околината ќе реагира на таа ваша одлука. Вие подеднакво заслужувате да бидете среќни и задоволни, колку и луѓето околу вас. Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте броеле нешто, тоа сигурно ви оставило впечаток. Дефиниција за броењеБроењето е процес на собирање предмети или луѓе. |