Бојно поле

Term Main definition
Бојно поле

Во сон, гледањето бојно поле предупредува на тага, грижи, кавги.

Што значи да сонувате бојно поле?

Ако гледате бојно поле во сон

Ако во сон гледате бојно поле, тоа предупредува на кавга. Ќе имате судир на интереси со колега кој ќе се вмеша во вашата работа и ќе сака да ги присвои пофалбите што вам ви припаѓаат.

Ќе се најдете во непријатна ситуација, па ќе мора да се изборите за себе. Ќе ви биде под вашата чест да ѝ возвратите на таа личност во иста мерка, па ќе го користите вашето знаење, искуство и труд за да му се наметнете на шефот. Ова искуство ќе ви користи во иднина и ќе ви укаже на тоа какви сè луѓе постојат.

Ако учествувате во битка на бојно поле

Кога сонувате дека вие учествувате на бојно поле, тоа подразбира дека не сте сигурни дали сте донеле вистински одлуки. Во вас ќе се одвиваат бројни судири: помеѓу она што го сакате и она што сметате дека е правилно, помеѓу вашите желби и туѓите очекувања, помеѓу она што ве прави среќни и она од што живеете.

Ќе ве измачуваат овие недоумици, особено ако се занимавате со уметност, ако размислувате во кое училиште или факултет да се запишете, дали да изберете работа која ја сакате или која повеќе се исплати.

Ако сонувате дека сте ранети на бојно поле

Ваквите соништа обично значат дека ви недостига храброст да направите „големи резови“ во својот живот. Вие би сакале да промените многу, но се плашите дека само ќе го загрозите она што го имате во моментов. Можно е да не сте задоволни од  работата и сè почесто да размислувате да патувате во странство за да пронајдете  таму сигурност.

Кочница на тој пат е тоа што не сте навикнати да се снаоѓате сами. Можеби би требало да бидете малку похрабри, бидејќи вака ќе ви биде тешко да го постигнете она што го сакате.

Ако сонувате ранети на бојно поле

Доколку сонувате ранети војници на бојно поле, потсвеста ве предупредува да обрнете повеќе внимание на своето здравје. Веќе некое време имате загрижувачки симптоми, но наместо да посетите лекар, посегнувате по дијагноза и лекови на интернет-страници. И самите сте свесни дека тоа не е решението и дека е подобро што е можно поскоро да побарате помош од стручњак.

Ако, пак, сонувате ранети цивили на бојно поле, тоа значи дека ќе ве заболе неправдата направена на другите. Ќе се најдете во ситуација со група луѓе да  одлучувате за судбината на една личност. Мнозинството ќе донесе одлука што нему/неа нема да му/ѝ оди во корист.

Иако ќе се спротивставите на тоа, вашиот глас нема да ја има потребната тежина. Поради тоа долго време ќе се чувствувате виновни, иако, реално, нема да имате причина за тоа затоа што сторивте сè што е во ваша моќ.

Ако сонувате дека сте загинале на бојно поле

Кога сонувате дека сте го изгубиле животот на бојно поле, тоа значи дека сте подготвени да се жртвувате за подобра и посреќна иднина. Ќе вложите многу напор  и работа за да си обезбедите живот за кој сонувате. Сепак, ќе мора да бидете трпеливи затоа што успехот нема да дојде преку ноќ.

Ако сонувате други како гинат на бојно поле

Ако сонувате загинати на бојно поле, тоа значи дека имате некоја морална дилема во врска со саканата личност. Доколку сте во брак или во долга врска, веројатно ви се допаѓа некоја друга личност. Уште повеќе, ви се чини дека таа е вашата сродна душа.

Сепак, и во моментната врска сте вложиле многу и вие и вашиот партнер, па тоа дополнително ве обврзува да останете заедно. И самите знаете дека тоа не е доволна причина и дека разумот многу често не може да влијае на емоциите. Иако влогот е преголем, можеби некогаш би требало да го послушате своето срце.

Ако убиете непријател на бојно поле

Доколку сонувате дека сте убиле непријател на бојно поле, тоа подразбира дека сте им допуштиле на другите луѓе да ја кројат вашата судбина. Не сте донеле скоро ни една одлука сами во последно време и чувствувате дека многу нешто ви е наметнато. Полесно ви е вината за неуспехот да ја префрлите на други, но запрашајте се дали навистина сакате да живеете на тој начин.

Ако сонувате уништено бојно поле

Кога во сон ќе видите уништено бојно поле, тоа значи дека некои големи планови ќе ви пропаднат, што многу ќе влијае на вашата психа. Ќе ја изгубите мотивацијата и самодовербата што сте ја поседувале. Ќе ви треба доста време да ја вратите енергијата и волјата, а во тоа би можела да ви помогне постара личност од вашето семејство.

Ако сонувате дека вашиот дом станал бојно поле

Ваквите соништа се тесно поврзани со случувањата на јаве. Ако неодамна сте имале проблем во семејството, тоа се одразува на вашата потсвест, така што во  сон ви се појавуваат различни проекции на таа ситуација. Потрудете се да го пронајдете својот мир и да се држите до мотото дека сè се случува со причина. Иако сега ви се чини нереално, наскоро ќе впловите во помирна фаза од својот живот.

Ако сонувате дека вашето работно место станало бојно поле

Доколку сонувате дека вашето работно место станало бојно поле, тоа значи дека се плашите оти не сте доволно стручни за работата што ја работите. Овој вид комплекс не е последица на незнаење или недостиг на вештини, туку на одговорност што ја чувствуваат сите професионалци. Не дозволувајте помали проблеми да ве поколебаат и верувајте во себе.

Со тоа ќе стекнете доверба и почитување од колегите на работата, па и вашиот однос кон секојдневните обврски ќе биде малку поопуштен.

Ако сонувате дека спиете на бојно поле

Ако во сон се гледате сами како спиете на бојно поле, тоа укажува на вознемиреност. Свесни сте дека сте западнале во рутина и дека очајно ви е потребна промена. Мора  да знаете дека на некои работи можете сами да влијаете. Пронајдете нешто што ве интересира и потрудете се да научите што повеќе за тоа. Тоа ќе ве исполни и ќе ви донесе задоволство.

Не пропуштајте можности да се забавувате и да се опуштите  само затоа што ве мрзи да се дружите со непознати луѓе. Со тоа што се заклучувате во четири sида, си правите себеси „мечкина услуга“.

Ако сонувате дека се бакнувате на бојно поле

Каков било вид на интимен однос на бојно поле ја симболизира желбата за возбуда, не само во сексуална, туку и во секоја друга смисла. Вие сте активна личност по природа и сакате да го „зачините“ животот со понекоја авантура. Кога тоа го нема, паѓате во депресија од која тешко излегувате.

За да го спречите ова, пронајдете хоби што ќе ви го подигне нивото на адреналин или одете на кратко патување на места кои ви се потполно непознати.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако на телевизија сте слушале за боишта, тоа ви оставило впечаток.

Дефиниција за бојно поле

Бојно поле е копнен, морски или воздушен простор каде се одвиваат борби и кој е одвоен од други географски подрачја.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg