Бивш дечко

Term Main definition
Бивш дечко

Сонот во кој се појавува поранешен дечко може да укаже дека сè уште гаите чувства кон него.

Што значи ако го сонувате поранешниот дечко?

Сонот во кој се појавува поранешен дечко може да укаже дека сè уште гаите чувства кон него. Ваквите соништа се почести во ситуации кога раскинувањето било исклучително тешко и трауматично, проследено со нерешени емоции.

Ако сонувате дека вашиот поранешен дечко ве игнорира

Овој сон ви кажува да престанете да размислувате за бившиот дечко, да расчистите со вашето минато и да продолжите со животот.

Ако сонувате дека водите љубов со вашиот поранешен дечко

Овој сон може да укаже на тоа дека се двоумите околу стапувањето во нова врска. Oд друга страна, овој сон може да биде и лош знак дека некој конфликт или ситуација од минатото ќе се појави повторно во вашиот живот, за што ќе биде потребно многу време да се реши.

Ако сонувате дека се карате со поранешниот дечко или дека физички ве малтретира

Овој сон е знак дека некој или нешто во вашиот сегашен живот ви ги предизвикува истите емоции што сте ги имале кога сте биле во врска со бившиот. Овој сон може да биде знак дека вашиот сегашен дечко е премногу посесивен и ве третира како негова сопственост, не дозволувајќи ви да бидете рамноправен партнер во вашата врска. 

Доколку сонувате дека повторно сте во врска со поранешниот дечко

Сонот може или не мора да значи дека потајно посакате да се вратите заедно. Овој сон може едноставно да биде одраз на вашата желба повторно да бидете во емотивна врска и да се чувствувате сакано.  Од друга страна, сонот може да укаже дека потсвесно ги повторувате грешките од вашата врска со поранешниот дечко. 

Ако ги сонувате родителите на поранешниот дечко

Овој сон покажува дека сè уште имате некои нерешени ситуации со вашиот поранешен дечко.

Ако сонувате дека вашиот поранешен дечко е болен, а вие се грижите за него или дека е во болница

Овој сон покажува дека се уште не сте го преболеле раскинувањето со него.

Ако сонувате дека ве посетил поранешниот дечко

Сонот може да укаже дека се сеќавате на убави моменти од минатото.

Ако сонувате дека се бакнувате со поранешниот дечко. 

Сонот укажува на ненадејни и неочекувани настани или околности кои целосно ќе ве изненадат. 

Ако сонувате дека го напуштате поранешниот дечко 

Овој сон е добар знак што укажува на можноста да запознаете некој нов дечко и веројатно дека ова ново познанство ќе има лошо влијание врз вашиот живот.

Ако сонувате како се карате со вашиот поранешен дечко

Овој сон укажува на новости и позитивни промени во вашиот приватен живот, веројатно преку познанство со некој кој ќе ви ги разбуди страстите. Сонот може да биде и знак за почеток на нова врска која ќе ви го збогати животот.

Aкo сонувате дека вашиот поранешен дечко се обидува да разговара со вас

Сонот не е добар знак. Тоа може да укаже дека вашата моментална врска е во криза, што може да доведе до краткотрајна разделба или раскинување.

Ако сонувате дека вашиот дечко се жени со непозната жена

Овој сон покажува дека сте простиле некому за грешка што влијаела на вашиот живот во негативна смисла.

Ако сонувате дека се мажите за вашиот поранешен дечко

Сонот не е добар знак и укажува на неповолни настани во вашиот живот во блиска иднина. 

Ако сонувате дека вашиот поранешен дечко покажува знаци на наклонетост кон вас

Сонот укажува дека наскоро ќе бидете изненадени од некои настани кои најверојатно нема да бидат поволни за вас.

Ако сонувате како вашето поранешен дечко го убива вашиот сегашен дечко

Овој сон може да биде резултат на чувство на жалење за една од тие врски и може да укаже дека ви недостасува некој аспект во вашата нова врска што сте го имале во претходната врска.  Во овој случај може да се работи за некој особено важен аспект како што се меѓусебно почитување, духовна врска, добра сексуална врска, а може да биде и некој помалку важен аспект од врската што ви одговараше во таа претходна врска и би сакале да биде дел од вашата сегашна врска.

Ако сонувате дека вашиот поранешен дечко плаче или дека  е вознемирен

Сонот може да биде последица на фактот дека некого сте вознемириле или сте му нанеле непријатности. Обично не е некој што ви е близок, најверојатно тоа е ваш познаник и не се грижите многу за последиците од вашите изговорени зборови, но другите можеби ве осудуваат заради она што сте го направиле, иако вашата постапка не влијае конкретно на нив.

Ако сонувате дека плачете по вашиот поранешен дечко

Сонот покажува дека сеуште имате чувства кон него и дека не сте го преболеле раскинувањето.

Ако сонувате дека сакате да се смирите со поранешниот дечко

Сонот покажува дека сè уште имате чувства кон него. Од друга страна, сонот може да го одразува вашето незадоволство од моменталната љубовна врска. 

Ако сонувате дека вашиот поранешен дечко ве обвинува дека го изневерувате.

Овој сон е одраз на вашите стравови дека би можеле да бидете изневерени од вашиот сегашен дечко.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg