Аукција

Term Main definition
Аукција

Внимателно однесувајте се кон финансиите.

Што значи да сонувате аукција?

Ако сонувате аукција

Кога сонувате аукција тоа може да се толкува на повеќе начини. Ако се занимавате со уметност, во наредниот период ќе имате прилика да покажете колку вредите. Долго време сте работеле на делото кое ќе ви донесе признание во друштво и голем прилив на парични средства. Сте вложиле многу труд кој повеќеструко ќе ви се исплати. Задоволството кое ќе го чувствувате нема да може да се измери со ниту еден претходен успех.

Исто така веројатно поседувате нешто вредно што може да го искористите за да ја унапредите вашата работа. Тоа може да биде материјална работа, но и вашата способност да научите или направите нешто корисно. Ќе ви биде потребно време да се запознаете себеси и своите можности. Во вас се наоѓаат потеклата и решенија на сите потешкотии со кои се соочувате. Ќе сфатите дека мора да си верувате повеќе  да се ослонувате на вашата интуиција.

Аукција може да значи и дека не го цените доволно лицето кое се грижи за вас. Можно е дека лицитирате со чувствата и се однесувате онака како што ви одговара без да размислите дека можете да ги повредите другите. Ќе ви се случи неочекувана ситуација и ќе бидете соочени со последиците на вашето неодоговорно однесување. Личноста од која очекувате безусловна поддршка ќе ви префрли дека ја земате здраво за готово и ќе бара од вас да се уозбилите. Ќе мора да донесете одлука од која ќе зависи дали и понатаму ќе биде со вас.

Ако сонувате јавна аукција

Кога сонувате дека сте на јавна аукција тоа значи дека би можеле да се најдете во конфликт поради пари. Можно е да се расправате со партнерот бидејќи некој од вас многу троши. Веројатно ви се разликуваат ставовите во однос на ова прашање. Додека едниот смета дека парите треба да се чуваат за „црни денови“ , другиот мисли дека парите се средство за задоволување на потребите. Ваквите спротивни мислења често се причина за расправија. Доколку не постигнете компромис разделбата е неминовна.

Ако сонувате дека учествувате на аукција

АКо сонувате дека учествувате на аукција тоа имплицира дека имате талент за стекнување пари. Знаете да се извлечете и од најлошата ситуација и да најдете излез кој е најповолен. Кога купувате автомобил или некои други вредни нешта во состојба сте со месеци да го истражувате пазарот и да ги истржувате предностите и мааните на таа инвестиција. Ако сте подготвени за ризик би можеле да вложите пари во нешто што ќе ви донесе голема заработка.

Ако сонувате дека давате понуда на аукција

Доколку сонувате дека давате понуда на аукција тоа значи дека вложувањето ќе ви се исплати. Ќе имате голем успех со парите и ќе знаете како да ги избегнете конкуренциите и пазарите. Конечно ќе влезете во период на слава и богатство.

Ако сонувате дека сте добиле на аукција

Ако сонувате дека сте се избориле за нешто на аукција тоа симболизира неочекувана добивка. Би можеле да добиете поголем износ на игри на среќа или да дознаете дека сте наследиле пари или имот.

Ако сонувате аукционер

Кога сонувате акционер тоа значи непредвиден трошок. Веројатно не сте очекувале дека ќе стигне на наплата нешто што сте го занемарувале. Тоа ќе ви предизвика дополнителна главоболка бидејќи во последно време финансиската ситуација не ви е најсјајна.

Ако бидете аукционер, ако водите аукција

Доколку на сон вие сте аукционер тоа значи дека сте личност на која многу и веруваат. Колегите и пријателите често ве прашуваат за совет, а лицата од спротивен пол вашите способности, ставови и харизма ја сметаат за неодолива.

Ако сонувате дека разговарате со аукционер

Доколку сонувате дека разговарате со лице кое води аукција веројатно ќе се обидете на нелегален начин да постигнете нешто. Можеби ќе сметате дека тоа е единствениот начин да го постигнете она што го сакате, или што некој ве советува да го направите. Во секој случај овој потег ќе биде правилен и чекорот кој сте го направиле ќе даде резултат.

Ако сонувате дека некој друг разговара со аукционер постои можност да чуете нешто негативно поврзано со работата или шефот. Можеби некој се обидува да ја сокрие лошата ситуација во која се наоѓа фирмата. Тоа ќе ви даде поттик да си барате нова работа.

Ако сонувате дека се расправате со аукционер

Кога сонувате дека се расправате со аукционер тоа значи дека некој се обидува да ве измами или надмудри. Бидете внимателни со кого ги споделувате своите планови. Не се сите луѓе добронамерни како што ви изгледа. Од друга страна, бидете особено внимателни за време на потпишување на каков било договор бидејќи секое невнимание би можело скапо да ве чини. Ако во ваш сон некој друг се расправа со аукционер тоа значи дека ќе застанете на страна на колега или пријател. Тој/таа ќе се најдат во непријатна ситуација, а угледот кој во моментот го уживате ќе ви помогне да се извлечете од тоа.

Ако сонувате дека се тепате со аукционер

Доколку на сон се тепате со аукционерот тоа значи дека некому ќе погрешите. Вашата одлука или збор ќе нанесе штета на невина личност. Можеби тоа ќе го направите потполно несвесно, но некому ќе предизвикате многу неволји. Ако видите дека некој друг се тепа с о аукционер на сон потсвеста ви говори дека сте несигурни во себе. Имате обичај да ја потценувате вашата работа или трудот, па така почнале да ве доживуваат и другите. Не сте свесни за своите способности и таленти бидејќи секогаш се воодушевувате на другите луѓе.

Ако сонувате дека убивате аукционер

Сон во кој убивате аукционер означува проблем со законот. Можеби не сте платиле данок или сте заборавиле да подмирите некој долг, па тоа во иднината би можело да ви предизвика многу грижи. Сепак, на тој начин ќе научите обврските да ги завршувате на време.

Ако на сон сте сведок на убиство на аукционер тоа значи дека ќе ве разочара блиска личност. Можеби партнерот или пријателот ќе направат нешто што никогаш не би го очекувале. Неговиот потег ќе го сметате за исклучително лош, но нема да му кажете, бидејќи не влијае директно врз вас.

Ако сонувате дека водите љубов со аукционер

Доколку сонувате каков било интимен однос со аукционер потсвеста ве предупредува да престанете да се играте мачка и глушец со партнерот. Нему/нејзе таквата ситуација веќе им е здосадена, па ќе посакаат да се уозбилите или да се разделите. Доколку сте сами веројатно имате некоја симпатија. Чувствувате дека тој/таа негува чувства кон вас, но не сака да го направи првиот чекор. Значењето може да биде поедноставно. Ако сте биле на аукција или сте гледале на телевизија, тоа ви оставило впечок па сте ја сонувале.

Дефиниција за аукција

Аукција е јавно наддавање околу цената на производот во кој учествуваат купувачи и продавачи.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg