Атлетичар

Term Main definition
Атлетичар

Ако видите: трудот ќе ви се исплати. Ако сте: потежок труд до успехот.

Што значи да сонувате атлетичар?

Толкувањето на овој сон зависи и од контектот во кој се одвива. Ако сонувате атлетичар кому му аплаудираат голем број на луѓе во стадион или во спортска дворана тоа значи дека ве очекува пријатно дружење со семејството или пријателите. Ако атлетичарот е сам на терен, а во публика нема никој освен вас тоа симболизира дека сте осамени во своите идеи.

Ако видите атлетичар на сон

Кога на сон ќе видите атлетичар, тоа значи дека ќе ви се исплати вашиот труд. Можеби сте разочарани бидејќи вашите напори не наишле на реакција која сте ја очекувале. Имате впечаток дека во животот подобро проаѓаат луѓето кои имаат повеќе среќа, пари или врски од оние се вредни и чесно работат. Таквото размислување ќе направи да се посомневате во сè она што досега сте го сметале за правилно, но ќе се појави некој кому ќе му се допадне вашата посветеност на работа. Ќе бидете среќни што не сте се откажале од вашите принципи и што постојат луѓе што ги ценат вистинските вредности.

Ако бидете атлетичар на сон

Кога сонувате дека вие сте атлетичар, тоа симболизира успех на љубовен план. Веројатно долго време сте се обидувале да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Вашиот труд ќе се исплати и на оваа личност ќе ѝ се допадне вашата упорност која ќе ја покажете дури и кога шансите за успех се минимални.

Ако сонувате натпреварување со атлетичар

Кога сонувате дека се натпреварувате со атлетичар тоа имплицира дека нема да ги остварите зацртаните цели. Можно е вашите желби да се нереални што ќе направи да се чувствувате разочарано. Имате преголеми очекувања и ви се чини дека другите се поуспешни од вас. Ќе сфатите дека вашата продуктивност опаѓа, па ќе земете неколку слободни денови да наполните батерии и да се оддалечите од ситуацијата која ве прави напнат/а.

Ако разговарате со атлетичар

Доколку на сон разговарате со атлетичар тоа значи дека во блиска иднина би можеле да направите нешто непромислено, што би можело да ја загрози вашата работа, брак, врска или здравје. Иако луѓето ќе ви говорат да се оттргнете од тоа, вие нема да ги послушате. Ќе бидете убедени дека сте во право и дека знаете што правите. Сепак, мештата нема да се одвиваат онака како што замислувате.

Ако на сон некој друг разговара со атлетичар постои можност дека наскоро ќе се ослободите од грижи кои подолго време ви создаваат главоболка. Ќе сфатите дека не можете сами, па ќе побарате помош и совет од личност на која во потполност ѝ верувате. Ќе се испостави дека сте ја направиле вистинската работа и решението на вашиот проблем било поблиску отколку што сте очекувале.

Ако се расправате со атлетичар

Кога на сон се расправате со атлетичар тоа имплицира дека сте тврдоглава личност. Не дозволувате никој да ви противречи. Мислите дека вашиот став и начин на размислување е најправилен. Поради тоа луѓето кои ве сакаат избегнуваат конфликт со вас. Тоа само дополнително ви го засилува егото, бидејќи сте, ако се суди по тоа, секогаш во право. Сепак, ќе мора да се запрашате каде води сево ова. Можете да бидете сигурни дека оние кои ви попуштаат на мечката и прават услуга. Почнете критички да размислувате за себе и своите ставови, бидејќи таквото однесување не е здраво.

Доколку во ваш сон некој друг се расправа со атлетичар тоа значи дека во блиска иднина ќе имате некоја морална дилема. Веројатно ќе се најдете во ситуација која не е угодна, но изискува на сите да им ја кажете вистината. Поради тоа ќе се двоумите како и што да кажете, а никој да не биде повреден. Сфатете дека тоа што се обидувате да го изведете не е возможно. Престанете да барате дипломатски начин да го изнесете својот став и конечно да застанете зад своето мислење.

Ако се тепате со атлетичар

Ако на сон се тепате со атлетичар веројатно ќе слушнете нешто што нема да ви се допадне. Тоа во суштина нема да биде лоша вест, но секако ќе ве натера да размислите за односот со блиска личност. Едноставно некој ќе ве изненади со своите одлуки и постапки и сметате дека не се правилни, но нема да реагирате бидејќи тоа би било контрапродуктивно.

Сон во кој некој друг се тепа со атлетичар симболизира загриженост за здравјето на драга личност. Можеби драга личност има некој здравствен проблем кој многу ве плаши. Не знаете што да направите, но имате потреба да не седите со скрстени раце. Затоа ќе се потрудите да му/и помогнете на најдобар можен начин, за да бидете сигурни дека сте сториле сè што било во ваша моќ.

Ако убиете атлетичар

Кога на сон убивате атлетичар тоа значи дека пред вас е тежок период кој ќе изискува многу труд и работа. Ќе ви биде напорно да издржите и често ќе сметате дека не сте дораснати за задачите кои треба да ги извршите. Ви се чини дека вашиот напор е залуден и ќе посакате да се откажете. Сепак, вашата упорност нема да ви го дозволи тоа и ќе продолжите да се борите со сета сила. Ќе потрошите многу енергија, но тоа на долг рок гледано ќе ви се исплати.

Ако сонувате дека некој друг убива атлетичар, ќе бидете сведок на некоја неправда. Можеби вие нема да бидете главниот актер, но тоа многу ќе ве повреди. Ќе се посомневате дека човечките вредности кои ги цените и ги гаите се залудни и дека не можете да сторите ништо да го промените тоа. Долго време ќе ве гризе совеста и ќе размислувате дали можете да сторите нешто повеќе. Сепак, со текот на времето ќе сфатите дека рацете ви се врзани.

Ако водите љубов со атлетичар

Доколку сонувате дека имате каква било интимна врска со атлетичар тоа имплицира потреба за нежност и внимание. Можеби сте се оддалечиле од партнерот или тој се дистанцирал од вас. Не се чувствувате посакувано и се плашите дека саканата личност го чувствува истото. Ќе го преиспитувате секој негов/нејзин потег како би сфатиле што се случува. Во некој момент ќе се обвините себеси и посакате да го/ја оставите за да бидете среќни одделно. Сепак не би требало да гледате толку трагично на нештата.

Обидете се да го решите проблемот со разговор и пронајдете вистинска мерка помеѓу недоволно внимание и посесивност која ја чувствувате кон партнерот. Доколку тоа не профункционира свртите нов лист. Ако сте сами долго време покрај себе ќе сакате да има некој кој ќе ве разбира и кој ќе знае да ви возврати љубов. Ќе ве плши мислата дека таква врска нема никогаш да се случи. Затоа ќе се свртите кон работата, семејството и пријателите. Разговор и дружење со блиски луѓе ќе ви годи и ќе заборавате на сè што ве мачи.

Дефиниција за атлетичар

Атлетичар е личност која се занимава со атлетика. Атлетичар се нарекува и онаа личност која има убава и развиена градба.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg