Атентат

Term Main definition
Атентат

Ако видите или врескате: некој ќе ве озборува пред пријателите.

Што значи да сонувате атентат?

Ако вршите атентат

Кога сонувате дека вие извршувате атентат, тоа е предупредување дека некој ќе ве озборува. Ќе слушнете невистини што ќе ве повредат, а што ќе ги каже некоја личност која претходно ви била многу блиска. Нема да можете да верувате дека таа личност подло ви забила нож во грбот. Тогаш ќе видите кои се вашите вистински пријатели и кој е со вас само во добро или кога им треба нешто од вас.  Таа животна лекција ќе ја платите многу скапо, но ќе ви се најде драгоцена за во иднина.

Можно е да слушнете нешто за вашиот партнер што ќе ви ја разниша довербата. Ова најверојатно ќе биде невистинито озборување од злонамерна личност која сака да ви создаде непријатности. Ако станува збор за член на семејството на партнерот, ситуацијата ќе биде уште покомплицирана. Со време ќе ја дознаете вистината, но ќе ви остави лошо искуство што трајно ќе го промени вашиот став кон нив.

Ако некој друг врши атентат

Кога сонувате како некој друг врши атентат, тоа имплицира дека не сте го спречиле пријателот/пријателката да направи некоја глупост. И покрај вашите убедувања и објаснувања што е најдоброто за него/неа ќе сфатите дека залудно сте си го трошеле времето. Тоа ќе ве налути и ќе ве разочара, но ќе продолжите да му/и пружате поддршка колку и да не се сложувате со одлуките кои тој/таа ги донесува. Нема да му/и свртите грб иако сте уверени дека оди во пропаст. Во вас ќе се води морална борба, ќе размислувате како правилно да постапите, но нема да најдете друго решение.

Ако сонувате атентат на личност која ја познавате

Ако на сон сте сведок на атентат врз јавна личност што ја препознавате од телевизија или весник, тоа го симболизира вашиот гнев поради неправдата што ви е направена. Можеби сте доживеале ситуација што длабоко ве потресла. Веројатно шефот или претпоставениот решиле да наградат некој што не го заслужува тоа, или деловниот партнер одлучил да ја продолжи соработката со конкурентска компанија. Од друга страна, можеби ве мачи некоја неправда што сте ја доживеале од саканата личност. Можеби некој близок во дискусијата одлучил да застане на страната на вашиот „противник“ и поради тоа се чувствувате изневерено.

Ако сонувате атентат на личност која не ја познавате

Ако на сон видите убиство на личност чиј лик не можете да го препознаете, тоа ја подразбира потребата да се ослободите од лошите навики. Можеби сте свесни дека ги одвраќате луѓето од вас со вашиот карактер или лоша енергија. Затоа сте сè поосамени. Чувствувате дека околината ве избегнува и се обидувате да се промените за да ве прифатат полесно.

Ако вие сте жртва на атентатот

Кога сонувате дека некој се обидува да изврши атентат над вас, тоа значи дека некој ви завидува за нешто. Постои личност во вашата непосредна околина која упорно се обидува да го минимизира и омаловажи вашиот успех бидејќи ве смета за закана или пречка во бизнисот, љубовта или која било друга област. Веројатно сте се обиделе да се убедите себе си дека сте го замислиле тоа, но во блиска иднина ќе сфатите дека вашиот инстинкт не ве измамил. Обидете се да ги игнорирате забелешките и продолжете да се трудите да го живеете животот најдобро што можете.

Ако сонувате дека сте преживеале атентат, зад вас е лош период. Полека ќе ги решите грижите и проблемите, и конечно ќе можете да здивнете.  Едно време мислевте дека нема да го издржите сиот притисок и стрес, но ќе сфатите дека имате доволно сила да ги надминете сите препреки.

Доколку сонувате дека некој извршил атентат на вас и сте им подлегнале на раните, тоа значи дека ќе се дистанцирате од луѓето кои не ви посакуваат добро. Ќе сфатите дека нема смисла да се опкружувате со луѓе кои постојано ви ставаат сопки, и ќе се потрудите да ги отстраните од вашиот живот. Тоа најверојатно ќе биде најдобрата одлука која сте ја донеле до сега.

Ако сонувате лице кое врши атентат

Кога на сон ќе видите атентатор, тоа имплицира дека чувствувате голема тага поради некого или поради нешто. Можеби ве повредил партнерот со своето однесување или пак сте одлучиле да ја прекинете врската. Иако сте биле убедени дека лесно ќе го преболите тоа, сепак тагувате. Се трудите никој да не забележи дека не ви е добро. На лицето имате насмевка, а сте длабоко ранети.

Ако разговарате со атентатор

Ако на сон разговарате со атентатор, тоа значи дека во вашето опкружување има многу лукава личност за која мислите дека е ваш верен пријател или добар колега. Сепак, мора да бидете претпазливи во комуникацијата со него/неа затоа што не можете да бидете сигурни во неговите/нејзините вистински намери. Не откривајте премногу интимни работи, за да не ја искористат вашата искреност против вас.

Ако се расправате со атентатор

Сон во кој се расправате со атентатор симболизира поттисната агресија. Во реалноста не успевате на вистински начин да им се спротивставите на противниците, па на сон имате прилика да се „испразните“.  Гледано долгорочно, таквото однесување не е здраво и може да има сериозни последици на вашето ментално здравје. Потрудете се да постапувате рационално во конфликтите за да успеете да се изборите со тешките соговорници.

Ако се бакнувате со атентатор

Било каков вид на интимен однос со атентатор имплицира недостаток на сексуална желба. Веројатно сте во фаза која немате потреба од секс. Можеби партнерот ви замерува за тоа, па не сте сигурни како да изреагирате. Од една страна сакате да им удоволите, а од друга страна не можете да одите против себе. Обидете се да разговарате отворено и со заеднички сили да смогнете некакво решение. Доколку не успеете да најдете заедничко решение, потражете помош од стручно лице.

Ако сте криете од атентатор

Ако на сон се криете од атентатор, тоа значи дека избегнувате да се соочите со некој проблем во реалноста. Упорно го туркате под тепих проблемот што ви е тешко да го расчистите до крај. Веројатно се сомневате дека вашиот партнер е неверен, но не можете да го докажете тоа. Од ден на ден сè повеќе ве јаде сомнеж, а вие не се осмелувате отворено да разговарате со него/неа.
Ако на сон му помагате некому да се скрие од атентатор, тоа значи дека ќе добиете корисен совет од искусна личност. Можеби тоа е колега од работа кој ќе ви помогне да извршите некоја задача или постара личност која ќе ве убеди да го следите срцето кога станува збор за љубовниот живот.

Доколку неодамна сте гледале филм на оваа тема, или сте читале во весник за обид за атентат на позната личност, толкувањето на овој сон е многу поедноставно. Она што сте го виделе на јаве оставило силен впечаток на вас и затоа сте го сонувале.

Дефиниција за атентат

Атентат е обид за убиство или убиство на одредена личност која има политичко, економско, културно или религиско влијание во некоја држава или заедница.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg