Артичока

Term Main definition
Артичока

Срам поврзан со спротивниот пол.

Што значи да сонувате артичока?

Ако сонувате артичока

Кога сонувате артичока, тоа укажува на срам поврзан со спротивниот пол. Можно е да ви се допаѓа личност со која не сте во врска. Ако станува збор за колега од работа или од факултет, ќе се трудите другите да не го забележат тоа, но последни ќе дознаете дека останатите веќе се запознаени со вашите чувства. Ќе барате изговор да бидете во близина на оваа личност и ќе ја користите секоја можна прилика да поминувате време заедно. Веројатно ќе слушнете дека целиот колектив знае за вас и ќе ви биде непријатно.

Ако оваа личност е во врска или во брак, на почетокот ќе одбегнува да биде во ваше друштво за да дава повод за озборување. Ќе ви биде многу непријатно бидејќи сте можеле да наштетите на неговиот/нејзиниот углед и односот со партнерот.

Ако сонувате артичока (алтернативна симболика)

Друго значење на артичока може да биде дека ви претстои работа во домот. Сакате да промените нешто во животот, па сте одлучиле да почнете со средување на животниот простор. Ќе правите планови кои нови работи да ги купите и каде да ги преместите старите работи. Ќе уживате во смислување на декорација за секоја просторија, а особено во спалната или работната соба.

Ако сонувате дека садите артичока

Доколку на сон садите артичока тоа значи дека ќе одлучите да почнете да се грижите за сопственото здравје. Можно е да сте ја одложувале посетата на лекар или поради нездрави навики да сте си го нарушиле здравјето. Сепак, во блиска иднина ќе сфатите дека морате да се храните здраво и физичката активност да ви стане дел од дневната рутина.

Ако некој друг сади артичока

Кога на сон некој друг сади артичока тоа значи дека вашиот пријател или познаник ќе ви помогне да совладате некој проблем. Во моментот кога ќе почувствувате дека не умеете сами да се изборите со одредена задача или обврска, од голема помош ќе ви биде драга личност. Ќе сфатите дека имате кому да се ослоните и сè ќе ви оди со леснотија.

Ако сонувате дека берете артичока

Сон во кој берете артичока симболизира мир и благосостојба. Ќе запловите во поволен период во однос на емотивниот живот. Ако не сте во врска можно е личноста која долго време ви се допаѓа да покаже заинтересираност. Доколку сте во брак или во подолга врска, поврзаноста со партнерот ќе ви биде најсилна до сега. Во наредниот период одлично ќе се сложувате и благодарение на тоа ќе донесете важна одлука која ќе произлезе од апсолутното меѓусебно разбирање.

Некои мрачни моменти ќе останат зад вас, ќе се ослободите од сомнежите и стравовите и ќе почувствувате олеснување, задоволство и радост. Ако во вашиот сон некој друг бере артичока, тоа значи дека ќе слушнете добри вести. Пријател ќе ве израдува со убави информации. Можеби ќе бидете поканети на свадба или кршевање или некоја од блиските луѓе ќе соопшти дека чека принова. Во секој случај, нивната среќа ќе биде и ваша среќа.

Ако сонувате дека јадете артичока или јадење од артичока

Кога сонувате дека јадете салата, намаз или некое друго јадење со артичока, тоа значи дека ќе се расправате со тврдоглава личност. Упорно ќе се обидувате да докажете дека вашиот став или одлука е правилна. Со оглед на тоа што веќе ја имате донесено одлуката, а некој се обидува да ви укаже дека е погрешна, силно ќе се трудите да докажете дека сте во право. Можеби понекогаш треба да го прифатите фактот дека не секоја вша одлука е најправилна и дека можеби треба добронамерниот совет некогаш да го послушате.

Ако сонувате дека некој друг јаде јадење со артичока тоа значи дека вашиот труд конечно ќе биде признат. Околината ќе се воодушевува од работата што ја правите , а претпоставените ќе умеат да ве наградат. Тоа ќе ви донесе огромно задоволство, но внимавајте да не се прецените, бидејќи би можеле да наидете на осуда од стручни луѓе. Обрнете внимание на вашето однесување. Колегите би можеле да ви завидуваат на успехот, а не е исклучена и можноста да ве озборуваат зад грб. Приземјете се доколку не сакате да станете личноста која никој не ја сака во фирмата.

Ако сонувате дека приготвувате јадење од артичока

Сон во кој приготвувате јадење од артичока симболизира потреба да поминувате повеќе време со луѓето кои ги сакате. Можно е работата и бројните обврски да ве оддалечиле од семејството или партнерот. Свесни сте дека ситуацијата тоа го изискува, но би сакале да се опуштите во друштво на драги луѓе. Сепак, ќе мора да причекате уште некое време, бидејќи се наоѓате во стресен период. Откако ќе го преживеете тоа, ќе можете да сметате на поголемо слободно време.

Ако на сон гледате дека некој друг приготвува јадење со артичока тоа значи дека мечтаете за патување. Веројатно ве гуши секојдневието , имате бројни обврски и многу грижи. Би сакале да заминете на кратко патување или излет со драги луѓе. Можеби ќе си ја осттварите желбата. Сепак тоа останува на вас и морате да бидете свесни за тоа.

Ако сонувате дека пиете сок од артичока

Доколку на сон пиете некој напиток од артичока постои можност после разговор со пријател или познаник да се чувствувате огорчено или исфрустрирано. Ќе сфатите дека личноста не е таква како што се преправа и дека цело време сте биле слепи за неговите/нејзините маани. Во блиска иднина ќе можеле да се одлучите да се дистанцирате и да сфатите дека таквиот пријател не ви е потребен.

Ако на сон некој друг пие сок од артичока тоа значи дека ќе слушнете лага за себе. Упорно ќе се обидувате да дознаете од каде и зошшто стигнала оваа информација. Лагата може да биде потполно бесмислена, но ќе ви пречи тоа што некој воопшто ја пласирал. Престанете да обрнувате внимание на таквите информации бидејќи ништо не можете да промените. Како и до сега, продолжете да си се посветувате на сопствениот живот и игнорајте го сè она што има потенцијал да ви го наруши мирот.

Ако сонувате дека пиете лек од артичока

Ако сонувате дека пиете лек од артичока тоа симболизира добро здравје. Ќе се чувствувате добро во своја кожа и тоа ќе се забележува. Сепак, не занемарувајте поситни симптоми и не пропуштајте редовни лекарски контроли.

Кога некој друг во вашиот сон пие лек од артичока тоа значи дека сте загрижени за здравјето на блиска личност. Веројатно некој од пријателите или член на семејството ви признал дека има загрижувачки симптоми. Ќе се обидете да го/ја убедите да посетат лекар, но залудно. На крај ќе се помирите со тоа дека не можете да влијаете на неговата/нејзината одлука, но ќе му/ ѝ дадете до знаење дека сте тука доколку им треба ваша помош.

Ако неодамна сте јаделе или подготвувале артичока или разговарале за тоа со некој друг толкувањето на сонот е поедноставно – тоа ви оставило впечаток, па мозокот на сон го процесира виденото на јаве. Исто важи и ако сте читале за ова растение или гледале прилог на оваа тема на телевизија.

Дефиниција за артичока

Артичока спаѓа во повеќегодишни растителни билки и успева на поднебја кои изобилуваат со потопла клима.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg