Арктик
Term | Main definition |
---|---|
Арктик | Ако го видите Арктикот – амбиција. Ако сте на Северен Пол – успех во работата. Што значи да го сонувате Арктикот?Ако го видите Арктикот на сонКога на сон ќе го видите Арктикот тоа ги симболизира вашите амбиции. Никогаш не ве задоволуваат малите, просечни нешта кои повеќето луѓе ги прават среќни. Сметате дека сте создадени за големи успеси кои ќе потврдат колку вредите. На другите може да им се причини дека се преценувате себеси, но уверени сте дека никој нема да ве почитува, ако самите не се почитувате себеси. Може да ви се случи да претерате и да побркате лоши намери со искрени совети на оние кои ви посакуваат само добро. Ако сонувате дека сте на АрктикАко сонувате дека сте на Арктик тоа укажува на деловни успеси. Ќе профитирате работејќи нешто за кое другите не се запознаени баш најдобро, а донесува добра заработка. Тоа може да биде работа на егзотична дестинација или патентирање на производи кои добро ќе се покажат во однос на квалитет. Ви требало многу храброст да се впуштите во нешто што не сте знаеле дека ќе се исплати и поради што ќе бидете наградени. Времето ќе покаже дека ризикот имал смисла и дека радо ќе делите искуства со другите кои би сакале да тргнат по ваши стапки. Ако го напуштате Северниот ПолКога сонувате дека го напуштате Арктикот, тоа значи дека ќе ја прекинете врската во која не сте се чувствувале добро. Во некои моменти сте почувствувале студенило како да се наоѓате на Северниот Пол, а не во прегратките на партнерот. Неговата рамнодушност ќе биде лоша по вашето здравје па ќе биде најдобро што побргу да го прекинете измачувањето. Реакцијата на вашата одлука нема да биде премногу емотивна, но тоа нема да ве зачуди многу. Ако сонувате дека го гледате Арктикот на картаСон во кој го гледате Арктикот на карта симболизира рамнодушност кон блиска личност. Веројатно сте се презаситиле од партнерот или едноставно љубовта исчезнала. Често се фаќате како размислувате за друга личност и помислата да бидете со него/нејзе повеќе не ви е толку страшна. Порано можеби ве гризела совеста бидејќи со евентуалното изневерување би си го повредиле партнерот или партнерката, но сега сте дојдени до фаза кога тоа повеќе воопшто не ве загрижува. Чувствувате дека морате нешто да промените, бидејќи состојбата во која се наоѓа вашиот брак или врска не води никаде. Можеби партнерот или партнерката направиле нешто што ве повредило или разочарало. Сепак, тоа не е причина да не разговарате. Само на тој начин ќе знаете на што сте. Од друга страна, можеби чувствувате рамнодушност кон некои пријатели или членови на семејството. Долго време ги слушате нивните проблеми и се обидувате да ги советувате, но во моментот тоа ви е многу мачно. Затоа одбгнувате да се дружите со нив во последно време. Ако планирате патување на АрктикКога на сон планирате патување на Арктик тоа значи дека би сакале да промените партнер, работа или средина во која живеете, а веројтно се вкупно. Чувствувате дека промената би ве усреќила бидејќи секојдневието почнало да ве гуши. Немате време за себе бидејќи времето сте го одредиле за работата и саканите лица. Ќе сфатите дека е крајно време да направите нешто за себе, па ќе се свртите кон некое креативно хоби или ќе запишете курс кој одамна сте го посакувале. Ако сонувате дека го истражувате АрктикотКога сонувате дека сте дел од истражувачката експедиција на Арктикот тоа значи дека се чувствувате осамено. Можеби сте опкружени со луѓе кои немаат разбирање за вашите потреби, желби и амбиции. Веројатно ви треба некој кој ќе ви помогне, а не можете да најдете таква личност во вашиот живот. Затоа чувствувате дека сте сами на светот. Меѓутоа, тоа ќе ве потсети и понатаму да се борите за своите цели. Нема да се откажете бидејќи ќе сакате да покажете колку сте способни сами да си ги изреализирате плановите. Ако видите истражувачи дека одат на Северен ПолАко на сон видите истражувачка експедиција на Арктик тоа значи дека ќе влезете во интересно друштво. Можеби заминувањето на пијалак или вечера со непознати луѓе нема да ве усреќи, но ќе ви помогне нештата да ги гледате од друг агол. Ќе доживеете некој вид на просветлување, бидеќи ќе сфатите дека промената на аголот на гледање на нештата е се што ви е потребно за да бидете среќни. Ако сонувате дека живеете на АрктикАко сонувате дека живеете на Артикот потсвеста ви говори дека ви е потребен одмор. Подолго време сте напнати и стравувате дали ќе стигнете да ги завршите сите зададени задачи. Се трудете во се да бидете најдобри и на сите да им помогнете ако им затреба. Во сето тоа се занемарувате себеси и своите потреби. Ако некој кого го познавате живее на АрктикСон во кој некоја блиска личност живее на Арктик значи дека ви недостасува. Можеби сте се оддалечиле од објективни причини, па поврзаноста која сте ја чувствувале едноставно исчезнала. Сепак, би ви годило дружба со не бидејќи би се присетиле на среќните моменти кои сте ги преживеале заедно и така би наполниле батерии за нови предизвици. Ако сонувате дека умирате на АрктикДоколку сонувате дека умирате од премрзнување или глад на Арктикот тоа симболизира грижа за ближниот. Некоја блиска личност има здравствени проблеми, а не сте сигурни како можете да му/и помогнете. Ви се чини дека тоа не е доволно, но се трудите што повеќе време да поминувате со таа личност. Мора да знаете дека поддршкката ви е многу важен фактор во процесот на оздравување. Затоа нема причина да се грижите, туку потрудете се да бидете покрај саканата личност. Кога сонувате дека некој друг умира на Арктик тоа значи дека ќе решите голем проблем. Конечно после толку долго време ќе почувствувате оласнување и слобода. Тоа ќе виде сила да се изборите со новиот предизвик кој е пред вас. Ако сонувате поларна светлинаАко на сон гледате поларна светлина (Аурора Бореалис) тоа значи дека пред вас е убав и успешен период. Ќе се чувствувате добро и исполнето на емотивен и деловен план. Ништо нема да ви биде тешко бидејќи ќе имате енергија за се. Секоја работа ќе ја извршувате со задоволство, а резултатите ќе бидат видливи. Кога на сон гледате блиска личност која гледа во поларна светлост тоа значи дека веројатно ќе запознаете влијателна личност која би можела да ви помогне при пронаоѓање на работа или промена на работното место. Сепак ќе мора многу да се потрудите за да ги покажете своите квалитети и за да ви биде ценет трудот кај колегите и претпоставените. Со оглед на тоа дека сте свесни каква одлична прилика ви се пружа нема да ви биде тешко да работите од утро до мрак за да се покажете во вистинско светло и затоа би биле соодветно наградени. Значењето на сонот може да биде поедноставено. Можеби на телевизија сте гледале репортажа за Арктик што ви оставило впечаток. Дефиниција за АрктикАрктик ја опфаќа северната поларна област. |