Арена (борилиште)
Term | Main definition |
---|---|
Арена (борилиште) | Ќе надминате тешки грижи. Што значи да сонувате арена?Ако видите арена на сонКога на сон гледате арена, тоа значи дека ќе надминате тешки грижи. Во моментот животот ви е еден голем ринг во кој се борите со другите, но и со самите себе. Вашите желби и можности се во постојан судир и најмногу енергија губите жалејќи за работите кои би ги сакале, но не можете да ги направите. Во наредниот период ќе сфатите дека немате никаква корист од жалење и ќе почнете да работите на остварување на вашите цели. Ќе вложите многу напор за да го направите првиот чекор, но после тоа работите ќе почнат да се одвиваат во посакувана насока. Можно е да сте збунети бидејќи околината ве учи кој факултет да запишете, која работа да ја работите или кој партнер да изберете. Имате чувство дека се борите со појаки и помоќни противници, но само упорноста ќе ја победи нивната потреба за контролирање на вашиот живот. Ако бидете нокаутиран во аренаКога сонувате дека сте нокаутирани во арена, тоа означува соочување со вистината. Наскоро ќе дознаете нешто за партнерот што многу ќе ве повреди. Многу работи одеднаш ќе ви станат јасни и нема да можете да верувате како порано не сте го сфатиле тоа, а ви било пред нос. Ќе им се извините на луѓето кои цело време ви укажувале на суровата реалност која сте одбивале да ја прифатите. Ако се предадете во аренаАко сонувате дека се предавате во арена тоа имплицира дека сте се фатиле во костец со проблемот кој не можете да го решите. Ќе се соочите со фактот дека не сте семоќни и дека ви е потребна туѓа помош. На почетокот ќе го сметате тоа за понижување, но ставот на луѓето на кои ќе им се обратите ќе ве увери дека го правите вистинскиот избор. Ако сонувате дека се борите во аренаАко сонувате дека се борите во арена тоа симболизира страв од неуспех. Веројатно долго време работите нешто што не ви донесува задоволство, ниту пак материјална корист. Од друга страна можно е да се плашите од неуспех во љубовниот живот. Ако долго време сте во врска или брак, се сомневате во верноста на партнерот, а доколку сте сами се плашите дека никогаш нема да ја најдете љубовта на вашиот живот. Ако сонувате борба на гладијатори во аренаКога сонувате дека гледате борба на гладијатори во арена тоа значи дека сте незадоволни од нешто. Сепак, глумите дека се е во ред и дека имате среќен и исполнет живот. Упорно се трудите да прикриете од околината бидејќи се плашите дека некој би можел да ве злоупотреби. Долгорочно гледано ваквото однесување нема да ви донесе ништо добро. Размислите добро каде грешите и дали можете да го поправите тоа. Ќе сфатите дека не е срамота да се откажете од нешто ако навистина не ви оди. Ако сонувате гладијатор кој се бори со животни во аренаАко сонувате дека гладијаторот се бори со животни во арена, веројатно ќе влезете во расправија со тврдоглава личност. Разговорот ќе ве разлути, но ќе се потрудите да му објасните дека не е во право. И покрај тоа што вашата потреба за докажување на вашиот став не е поради лоша намера, нема да се интерпретира како што си замислувате. Напротив, пријателот, колегата или партнерот тоа ќе го доживеат како критика. Треба да помине многу време пред да сфатите дека расправата не е вредна за вашите нерви и време. Ако сонувате дека сте претепани во аренаДоколку сонувате дека некој ве претепал во арена тоа симболизира потреба за одмор. Насобраните обврски, стресот и бројните проблеми ве исцрпуваат докрај. Би сакале да побегнете од се и да се одморите барем накратко. Сфаќате дека тоа во моментот е неизводливо бидејќи би ја оставиле личноста што ја сакате на цедило. Ако сонувате дека некој друг е претепан во аренаКога сонувате дека некој друг е претепан во арена, тоа значи дека во блиска иднина ќе остварите некоја ваша желба. Веројатно имате нешто за кое мечтаете, но никако не можете да го достигнете. Пред вас е поволен период, па искористете го за уживање. Ако сонувате дека сте убиени во аренаКога сонувате дека некој ве убил во арена значи дека ќе мора да се откажете од драга личност. Пријателот или членот на семејството ќе одлучи да живее на друго место, што многу ќе ве разочара. Иако сте свесни дека така е подобро за него/неа, ќе се чувствувате осамено и поразено. Ако сонувате дека сте убиле некого во аренаАко сонувате дека вие сте убиле некого во арена веројатно ќе се изборите со проблемот кој ве мачи. Конечно ќе смогнете сила да пресечете и донесете одлука која е најдобра за вас. Ако сонувате циркузна аренаДоколку на сон сонувате циркузна арена тоа имплицира дека сте преотоварени од обврски и проблеми. Се чувствувате како жонглер додека ви паѓаат различни задачи и проблеми на плеќите. Можеби ќе се најдете во ризична ситуација, но успешно ќе се изборите со неа. Различните животни во арена имаат различни толкувања. На пример, доколку сонувате борба на лавови и слонови, тоа значи дека ќе имате морална дилема. Ако сонувате спортска аренаАко сонувате спортска арена тоа симболизира соочување со сила која е поголема од вас. Можно е да сте биле сведок на некоја неправда, но не можете да сторите ништо за да го исправите тоа. Друго толкување е дека вашиот труд конечно ќе биде награден. Ако сонувате празна аренаКога сонувате празна арена тоа имплицира дека сте осамени. Тешко склопувате нови пријателства и познанства, а уште потешко одлучувате да врзете емотивно. Од друга страна, можно е да чувствувате дека луѓето од вашата околина не ве доживуваат на вистински начин. Веројатно мислите дека воопшто не ви обрнуваат внимание. Тоа ви создава комплекси и ви ја намалува самодовербата. Ако сонувате полна аренаАко сонувате полна арена тоа симболизира страв од јавен настап. Можеби поради работа ќе мора да им се обратите на поголем број на луѓе, што ви создава голема трема. Се плашите од нивната реакција и размислувате за тоа како негде ќе погрешите за време на излагањето. Сепа, доколку ја владеете материјата, немате причина за страв. Покажете ја вашата самодоверба и ако почувствувате страв насмевнете се на присутните. Така ќе привлечете позитивна енергија и ќе се чувствувате многу подоудобно. Ако видите гладијаторСон во кој гледате гладијатор значи дека ви е потребна заштита. Веројатно се наоѓате во тешка ситуација од која не знаете како да се извлечете, чувствувате дека би ви било полесно кога покрај себе би имале личност на која би и верувале и која би знаела како да ви помогне. Ако разговарате со гладијаторКога на сон разговарате со гладијатор тоа значи дека ќе запознаете личност која од корен ќе ви го промени животот. Станува збор за влијателна личност која би можела да ви помогне да најдете работа. Од друга страна, можеби ќе запознаете некој со кој ќе се поврзете емотивно на посебен начин. Ќе бидете импресионирани од неговата/нејзината личност, ставови и размислувања. Ако се расправате со гладијаторАко се расправате со гладијатор на сон, можно е некој пријател да ви префрлува муабети за нешто. Некому не му се допаѓа вашата одлука, па упорно се обидува да ви докаже дека не сте биле во право за нешто што сте направиле или сте мислеле дека е најдобро. Отсекогаш ви било важно мислењето на околината, но овојпат ќе решите да игнорирате бидеќи чувствувате дека го правите вистинскиот избор. Ако водите љубов со гладијаторКаков било вид на интимен однос со гладијатор симболизира потреба за внимание. Ако сте во подолга врска или брак постои веројатност комуникацијата со партнерот да не ви е на задоволително ниво, па истото расположение се пренесува и во кревет. Од друга страна доколку мечтаете за некого кој ќе умее да почитува љубов онолку колку што почитувате и вие. Значењето на соништата може да биде многу поедноставено. Ако сте гледале некакво случување во арена или на филм во кој се споменува арена, тоа е доволна причина да ја сонувате. Дефиниција за аренаАрена е простор во форма на круг или полукруг кој најчесто се наоѓа на отворено. |