Арап

Term Main definition
Арап

Ќе добиете поволни вести.

Што значи да сонувате Арап?

Ако видите Арап на сон

Кога на сон ќе видите Арап, тоа означува добри вести. Можеби чекате одговор за работа на која сте аплицирале. Во наредниот период ќе ве контактираат луѓе од фирмата и ќе почнете со пробна работа. Од вашиот труд ќе зависи дали ќе ве вработат. Ако сте конкурирале за стипендија, веројатно ќе отидете во странство каде ќе продолжите да живеете и работите. Партнерот ќе донесе одлука да ви посвети повеќе внимание па можеби ќе заминете на патување кое ќе ја освежи врската.

Ако се расправате со Арап

Кога сонувате дека се расправате со Арап, тоа укажува дека сте дарежливи кон другите, на што тие ви возвраќаат со неблагодарност. Имате преголема емпатија кон пријателите и семејството. Се трудите да им помогнете на сите во неволја, дури и кога се работи на ваша штета. Можно е партнерот да ве предупреди дека сте наивни и ќе ви се налути бидејќи на сите им верувате освен на него. И вие ќе почнете да увидувате дека ако еднаш не помогнете, другите се однесуваат како никогаш ништо добро не сте им направиле. Ќе ви биде тешко поради тоа, но ќе сфатите дека се чувствувате уште полошо кога не сторите се што е во ваша моќ да помогнете кога некој ќе ви се обрати.

Ако се криете од Арап

Кога на сон се криете од Арап, тоа имплицира дека ве гризе совеста. Веројатно во последно време сте направиле нешто што не е правилно. Иако наоѓате изговори и оправдувања, свесни сте дека сте погрешиле. Исто така, ако сте повредиле драга личност, тоа дополнително ве оптоварува. Не сте имале лоши намери и ќе се обидете да ја поправите ситуацијата со искрено извинување.

Ако сонувате дека вие сте Арап

Ако сонувате дека вие сте Арап тоа значи дека некој ќе ве пофали поради добри дела. Не сте очекувале никаква пофалба или признание бидејќи сте работеле од срце, но ќе ви биде драго да знаете дека некој ве цени.

Ако сонувате дека разговарате со Арап

Кога сонувате дека разговарате со Арап, ќе слушнете добри вести. Можно е некој да ви понуди работа која нема да можете да ја одбиете или ќе ви се пружи шанса да отпатувате некаде.  Во секој случај ќе ве израдуваат некои информации. Ако некој разговара со Арап на сон тоа значи дека ќе добиете задача која немате моќ да ја решите. Ќе побарате помош од пријател, колега или соработник. Извршувањето на задачата ќе биде долготраен процес, но ќе бидете повеќе од задоволни со резултатот.

Ако сонувате дека преговарате со Арап

Доколку на сон преговарате со Арап можно е некој да се обиде да ве измами или изневери. Бидете внимателни доколку не сакате поради наивност да се најдете во проблеми. Водите сметка доколку треба да потпишете некој договор бидејќи невниманието во иднина би можело да ве чини. Кога некој друг преговара со Арап потсвеста ви говори дека постојано наидувате на недоразбирања од околината за ваши постапки. Комуникацијата со партнерот или блиска личност е многу лоша. Но, понекогаш порадо би сакале да молчите отколку да влегувате во расправа со неа/него.

Ако сонувате дека се тепате со Арап

Ако сонувате дека се тепате со Арап тоа симболизира страв дека ќе ве изневери саканата личност. Претходните искуства не биле премногу позитивни, па настаните од минатото се проектираат во иднината. Време е да престанете да се мачите бидејќи со вашето однесување и љубомора би можеле да го оттргнете од себе човекот кој ви значи.

Доколку на сон гледате дека некој друг се тепа со Арап ќе надминете тежок период без поголеми последици. Ви следува мирна фаза во која се ќе ви оди од рака. Искористете ја да ги средите своите мисли и конечно да сфатите што сакате.

Ако сонувате дека убивате Арап

Кога сонувате дека убивате Арап пред вас е позитивен период кога се парите во прашање. Можен е прилив на пари кој ќе ви ја олесни моменталната ситуација. Ако е во тек некоја наследна расправа, ситуацијата би можела да се реши во ваша корист. Сон во кој некој друг убива Арап симболизира чувство дека не управувате со сопствениот живот. Дури неодамна сте сфатиле дека правите се за да ги задоволите туѓите потреби, а не ги занемарувате своите потреби и желби. Веројатно е време да се ставите себеси на прво место, без оглед на тоа колку постапките би направиле да изгледате себични.

Ако сонувате дека ве убива Арап

Доколку на сон ве убива Арап тоа имплицира потреба од вашиот живот да ги отстраните сите лица кои од вас го извлекуваат најлошото. Веќе некое време луѓето ви ја црпат позитивната енергија и внесуваат немир во вашето секојдневие. Веројатно не ви е лесно да пресечете бидејќи се работи за лица со кои се познавате долги години, но ќе бидете спремни да го направите најдоброто за вас.

Ако сонувате дека ве киднапирал Арап

Кога сонувате дека ве киднапирал Арап тоа симболизира потреба за возбуда. Веројатно веќе некое време мечтаете да се впуштите во авантура со личност која има партнер. Свесни сте за последиците кои би ги имал односот, но желбата е појака од разумот. Добро размислете за секој нареден чекор и размислете дали ваша среќа е поважна од среќата на другите луѓе.

Ако водите љубов со Арап

Каков било интимен однос со Арап имплицира дека конзервативноста ве спречува да испробате нови работи. Стравот од реакцијата на луѓето кога ќе слушнат што сте направиле неретко, неретко е посилен од вашите потреби и желби. Мечтаете да запознаете некого на патување и да се впуштите во страствен однос со него/неа, но некој да не дознае за вашата авантура.

Ако сонувате Арап во вашиот дом

Ако сонувате дека Арап ве посетил во вашиот дом тоа значи дека во блиска иднина очекувате парична добивка. Можно е да склучите добра зделка или претпоставените да го препознаат вашиот труд, па ќе одлучат да ве наградат. Во секој случај, конечно ќе можете да си го обезбедите она за кое долго мечтете, а кое не сте биле во можност да си го купите поради немаштија.

Кога сонувате Арап на камила

Кога на сон ќе видите Арап на камила тоа значи дека ќе успеете да го победите непријателот. Без разлика дали се работи за работа или приватен живот, постои личност која упорно се обидува да ве уништи. Нема да и го дозволите тоа бидејќи ќе успеете да и го предвидите секој негов/нејзин чекор. Оваа победа ќе ви донесе големо задоволство. Ако неодамна сте разговарале со Арапи или на телевизија гледале некој прилог поврзан со луѓе кои живеат на Блискиот Исток толкувањето е поедноставно. Впечатокот кој сте го стекнале со добиените информации само се пренел од јаве на сон.

Кои се Арапите?

Арапите се семитски народ кој воглавно живее на Блискиот Исток или во Северна Америка.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg