Аптека

Term Main definition
Аптека

Болест, деловни неуспеси, грижи. Ако купувате нешто во аптека: се грижите сo причина.

Што значи да сонувате аптека?

Ако видите аптека на сон

Кога на сон ќе видите аптека, тоа предупредува на грижи. Веројатно имате здравствен проблем кој ве мачи вас или некој член на семејството. Се чувствувате немоќно и долго време поминувате во болници и други медицински установи. Во состојба сте да поверувате на секој збор и да испробате лекови кои ви ги препорачуваат другите. Можно е да ве навредат лекарите и да потрошите повеќе пари одошто треба, а состојбата ќе иста или ќе се влоши. Исто така, аптека на сон има значење и деловен неуспех. Имате преголеми очекувања од работата за која се школувате или која ја работите. Тоа може да ви донесе разочарување особено ако се занимавате со медицина. Ќе сфатите дека не е идеално како што ви изгледало на прв поглед и дека реалноста е сосема поинаква.

Ако сонувате дека купувате во аптека

Кога сонувате дека купувате во аптека, тоа е знак дека вашите грижи се оправдани. Можно е да имате проблеми со партнерот и вашите односи да се заладени. Не си посветувате доволно внимание и повеќе не ги правите нештата во кои порано сте уживале, како на пример, прошетки, купување и заминување во кино. Ако од неодамна сте во врска се сомневате дека партнерот не е искрен со вас кога зборува за себе и своите намери. Стравувате да прашате бидејќи и самите го знаете одговорот.

Ако продавате во аптека

Ако сонувате дека работите како фармацевт во аптека тоа симболизира потреба на сите да им стоите на располагање. Без оглед на тоа колку ве заморува вашата работа или сопствените обврски, секогаш сте подготвени да им помогнете на блиските. Сепак, внимавајте да не се „истрошите“, сочувајте малку време за себе. На долг рок ваквиот став во животот го заморува духот и телото, па ќе имате потреба да ги „наполните батериите“.

Ако барате нешто во аптека

Доколку на сон барате нешто во аптека и не можете да го најдете тоа укажува на некоја дилема. Веројатно ве мачи емотивниот статус. Ако сте во подолга врска или во брак, можно е повеќе да не чувствувате привлечност кон партнерот или вашата комуникација е лоша. Од друга страна, доколку сте подолго време сами веројатно ви недостасува љубов и внимание.

Кога крадете во аптека

Кога сонувате дека крадете лек или козметички производ од аптека, тоа имплицира дека имате некоја тајна и дека се трудите никој да не ви ја дознае. Можно е дека ќе и се поверите на блиска личност, но тоа нема да го донесе посакуваното олеснување. Во некој момент ќе посакате да откриете се за да се смирите, но ќе знаете дека тоа би можело да има трајни последици на вашиот однос со партнерот или пријателот.

Ако некој друг краде лекови од аптека

Ако на сон видите дека некој друг краде лекови од аптека, тоа значи дека постои можност да сте повредиле некого и сака да ви се одмазди. Сте кажале нешто што не му се допаднало на колегата или соработникот, па ќе сака да ве оцрни пред претпоставените. Ако имате приватен бизнис чувајте се од конкуренцјата која ќе сака да ви го загрози бизнисот.

Ако уривате аптека

Сон во кој уривате аптека симболизира потреба да прекинете секаков контакт со пријателот или партнерот. Веројатно ве разочарал со своите дела и сметате дека не е истата личност која сте ја сакале. Ако долго време сте во емотивен однос, ќе ја дознаете тајната на партнерот која ќе ве шокира, па доколку не добиете објаснување за ситуацијата, ќе посакате да го/ја оставите.

Доколку некој друг урива аптека на сон тоа значи финансиска загуба. Постои можност да се испостави дека вашето вложување, освен тоа што било ризично, било и погрешно. Сепак, ќе ги послушате советите на експертите за да ја минимизирате штетата. Бидете внимателни при потпишување договори, бидејќи секакво невнимание би ви предизвикало главоболка.

Ако палите аптека

Ако сонувате дека палите аптека тоа симболизира проблем со промена. Веќе некое време не сте задоволни со својот живот и сакате да направите нешто што ќе ви го промени светот од корен. Веројатно сте планирале трајно преселување во некоја друга држава, но чекањето се одолжило. Мора да бидете трпеливи бидејќи желбата да заминете нема да ви се оствари во скоро време. Ако сонувате дека некој друг пали аптека ќе биде сведок на некој нелегален бизнис. Ќе се најдете во друштво кое иако не изгледа така, има врска со вонзаконска работа. Можда ќе ве гризе совеста што воопшто сте тука, но ако самите не учествувате во тоа, немате причина за грижа.

Ако сонувате фармацевт

Доколку сонувате дека вие сте фармацевт потсвеста ви говори дека премногу труд сте вложиле во нешто што не ви донесува задоволство на емотивен и професионален план. Ќе посакате да кренете раце, но стравот од промени ќе ви направи да си останете на старото место.

Кога сонувате фармацевт тоа значи дека поради зголемени трошоци ќе мора да побарате дополнителна работа. Вашите потреби одамна се поголеми од вашите примања и довеле до тоа да не знаете како да се носите со тоа. Заем или кредит повеќе не се опција, па ќе морате да побарате нов извор на приходи.

Ако разговарате со фармацевт

Сон во кој разговарате со фармацевт значи дека ќе добиете добар совет од блиска личност, колега од работа или факултет. Тоа ќе ви биде потребно да одлучите што е исправно, а што не, и ќе можете подобро да си го организирате времето за да го искористите поквалитетно. Кога некој друг разговара со фармацевт на сон тоа симболизира добри вести. Ќе ве усреќи информација добиена од блиска личност.

Ако се расправате со фармацент

Ако на сон се расправате со фармацевт тоа имплицира дека не посветувате доволно внимание на своето здравје. Сте ги запоставиле сите контроли или игнорирале симптомите кои веќе некое време ги чувствувате. На тоа веројатно ви укажале и вашите сакани, но на вам не ви е приоритет тоа во моментот. Би било добро кога здравјето би го ставиле на прво место.

Ако водите љубов со фармацевт

Каков  и да било вид на љубовен однос со фармацевт симболизира потреба за секс со некоја искусна личност. Доколку подолго време сте во врска или во брак, можно е партнерот или партнерката да не знаат да ве задоволат на вистински начин. Вие тоа нема никогаш да го признаете , но незадоволството е видливо. Ако пак сте сами веројатно сонувате за личност која би можела да ги задоволи сите ваши сексуални апетити. Доколку сте фармацевт по занимање или неодамна сте биле во аптека, толкувањето на сонот е далеку поедноставно – вашиот мозок на сон обработува информации добиени на јаве.

Дефиниција за аптека

Аптека е здравствена установа чија цел е набавка на лекови и санитетски материјал, како и снабдување на граѓаните со тоа. Во некои аптеки лековите се испитуваат, произведуваат и тестираат.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg