Апетит

Term Main definition
Апетит

Ако имате апетит - некој ќе ве посрамоти, паричен губиток, срамота. Ако немате апетит – полесна болест.

Што значи да сонувате апетит?

Ако имате апетит на сон

Кога сонувате дека имате апетит, тоа може да има повеќе значења. Еднo од нив е стравот дека некој ќе ве посрамоти. Можеби не сте биле доволно внимателни, па луѓе во кои немате доверба успеале да откријат нешто што сте сакале да го чувате во тајност. Загрижени сте да не ви создадат проблеми ако го откријат тоа на другите.

Друго значење е дека сте преоптоварени со храна, и затоа ја консумирате на сон. Ова може да биде последица на диета поради која сте спречени да го јадете она во што уживате да го јадете, и што ви прави задоволство. Исто така, можеби се плашите од вишок килограми, особено ако имате некои нарушувања во исхраната.

Ако сонувате дека некој друг има апетит

Кога сонувате како друг има апетит, тоа е предупредување за парична загуба. Веројатно се работи за заем за кој сте сметале дека ќе ви го вратат на време. Меѓутоа, личноста која ви долгува пари ќе западне во уште поголеми проблеми, и не ви преостанува ништо друго освен да се помирите со фактот дека нема да ги добиете парите назад. Ако се работи за пријател или роднина, партнерот ќе ви прави притисок да ги вратите парите „на сила“. Тоа може да ви создаде проблеми во семејството, но одлуката ќе биде само ваша.

Ако сонувате дека сте го изгубиле апетитот

Ако сонувате дека сте го изгубиле апетитот, телото ве предупредува да внимавате на исхраната. Брзиот начин на живот ве наведува често да јадете брза храна која му штети на вашиот организам. Ако сакате да останете здрави, треба почесто да подготвувате домашни јадења, и да бидете повеќе физички активни.

Ако сонувате дека некој друг го изгубил апетитот

Кога сонувате дека некој друг го изгубил апетитот, веројатно сте загрижени за здравјето на некоја драга личност. Загрижени сте за него/неа бидејќи не сака да посети лекар, иако чувствува некои тегоби. Многу пати го/ја предупредувате да не ги занемарува знаците кои му/и ги праќа телото, но секој обид да допрете до него/неа е безуспешен. Морате да се помирите со тоа дека сте сториле сè што е во ваша моќ и да го/ја оставите сам/а да одлучува за својот живот.

Ако сонувате дека дете изгубило апетит

Ако сонувате како дете губи аптит и при тоа сте родител, веројатно се плашите поради нешто поврзано со вашето дете. Можеби има проблеми на училиште или пак чувствувате дека нешто крие од вас. Потсвеста ви порачува дека треба подлабоко да ги истражите причините за неговата/нејзината потиштеност и загриженост. Сепак, не смеете да почнете да го/ја гушите бидејќи со тоа може да предизвикате контра-ефект.

Доколку немате дете, а сонувате ваков сон, можеби сте поттиснале некоја траума од минатото. Некој настан ви оставил силен впечаток и колку и да се трудите да го заборавите, просто не успевате во тоа. Обидете се да не размислувате за минатото, а ако веќе не можете, тогаш потрудете се да мислите на убави работи.

Ако вие или некој од вашето опкружување неодамна имал зголемен или намален апетит, толкувањето е поедноставно – сте сонувале за апетит бидејќи сте размислувале на таа тема. Ваквите сонови се придружени со чувство на задоволство или страв.

Дефиниција за апетит

Апетит е зголемена потреба за храна или желба за нешто.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg